Bitolcanka -> RE: Чамче-муабет (12.9.2010 21:29:03)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: EciPeci Те молам кажувај како ги стопи килограмите, станувам очајна [sm=smiley13.gif] Повеќе од 1 година не појадувам наутро (освен зимава некогаш, имаше исклучоци и бев здебелена само 2 кг). Конзумирав cornflakes / мусли, чаша јогурт или овошје. Сега повеќе овошје. Летово не јадев леб за ручек или исклучиво интегрален, црн леб (1-2 тенки парчиња) и не вечерав. Ако ми се јадеше, последниот оброк ми беше пред 18ч. Пиев и пијам најмалку 1 литар вода и 1-2 турски кафиња. Кога имам време и желба (последно време се'' почесто, ме спречува само оној период - деновите во пмс ), наутро правам различни стомачни и други вежби, 30-тина минути со кратки паузи за вода. Изгубив 4-5 кг, постепено, по 1-2 месечно. Разликата во тежината ја забележав пред извесно време. Се почувствував слаба, на моменти изнемоштена, облеката ми изгледа широка (се чувствувам како во вреќи [sm=jezicek.gif] ), на сликите од лани, оваа година, пред месец-два и сега има драстична промена. Блиските ми даваа (т)комплименти (братучед ми, брат ми, "снашката", другарките, дм), што секако ми годеше [sm=smiley1.gif] Ме засмеа мајка ми кога ми рече дека ми се познавале коските. Мислев се шегува, но кога се видов во огледало, сфатив што сака да каже - навистина ми се гледаат + си ги чувствувам [sm=jezicek.gif] Планирам да ослабнам уште 2-3 кг, само се плашам да не претерам. Сега на сликите од пред месец-два повеќе си се допаѓам [sm=jezicek.gif] Формула за успех - упорност, придржување, принципиелност и трпеливост. Резултатот нема да изостане [sm=smiley20.gif]
|
|
|
|