Bitolcanka -> RE: Чамче-муабет (18.9.2010 12:25:04)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: EciPeci Диети, ах диети... Јас сум 20 кг + немам идеја како ќе ги симнам, а тогаш е најтешко... Од 1ви почнувам на работа, па мислам дека ќе имам поинакви преокупации и движење за разлика од сега кога само секојден ми е рутина дома сама со беби и од досада не прекинувам да јадам. Почни со помала количина на храна. На пример, ако јадиш по 2 парчиња леб на оброк, сега јади по 1 и ако почувствуваш глад по извесно време касни пак. Повеќе оброци, но во помал обем е подобро. Избегнувај калорична храна и сокови, особено газирани. Пиј повеќе вода. Иако ќе намалиш со јадењето, нема да се чувствуваш исцрпена кога внесуваш повеќе течности, т.е. вода. Јас некое време пиев зелен чај, но забележав дека од чајот имам поголем апетит, па прекинав. За тоа дека кога излегуваш од дома, поактивна си, така е. Повеќе се движиш, сигурно ќе намалиш некој кг. Ако те интересира нешто повеќе за слабеењето оди во соодветната тема - СЛАБЕЕЊЕ Јас почнав на аеробик и ако само по 1 час вежбање, поубаво се почувствував. Некако и воздухот е подобар, тревата поубаво мириса, природата е прекрасна, спиењето е поубаво [sm=smiley1.gif] За чудо, стомачните вежби што ги правевме таму ги имав правено и дома, ми беа познати и не чувствував тешкотија, за разлика од некои почетнички. Бев пофалена од инструкторката (инаку ја познавам) [sm=jezicek.gif] Вежби дома секое утро, вежби на аеробик - 3 пати неделно - идеално е за одржување во форма [sm=smiley1.gif] Кога одев неколку часа на крајот од април, по долгиот зимски период на залежаност + со 5-6 кг + потешко ми беше вежбањето, сега е одлично [sm=smiley1.gif] Парите што ќе ги дадам за 5-6 кафиња ги дадов таму и знам дека вреди. Вечер сум на роденден. Инаку добив писмо од факс, ми сменале еден збор во насловот на темата сега. Исто [sm=smiley35.gif]- различно пакување [sm=smiley36.gif] Важно, битката започна [sm=smiley20.gif] Поздрав до сите [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|