vezilka RR -> RE: мекици (4.12.2009 17:06:53)
|
е тука имам јас нешто повеќе да кажам како организатор на настанот мекици кога сестра ми се породи, оти мамички повеќе знаат за тој настан од кажување, а јас вака сега од прва рака:))) Бидејќи сестра ми не изненади 2 недели порано со породувањето..ние бевме тотално не спремни, јас тој ден ќе го памтам дур сум жива, прво сабајлето најдобрата вест што сум ја слушнала, после бев да ги видам, па после на сите да им јавам и за неколку саати да изорганизирам мекици за кај нас и за другиот ден за кај нив оти свекорот и свекрвата на сестра ми не беа тука, а немаше смисла зетко да го оптеретувам со тоа, тој си беше цело време со нив..не ја очекувавме Ена толку рано:)), а за моите да не ви кажувам, тие изгубени тоталка, цел ден зинати внуче си имаме та внуче си имаме..и се на мене, да се купи за по дома, да се порачаат мекици за истата вечер..да се земат и се да се пречекаат луѓето вечерта.. и како анегдота од сето тоа испадна дека јас во целата таа гужва и до денденес не знам како сум пресметала дека ќе ни требаат 200 мекици, абе луѓе 2 месеци се јадеа само мекици по дома..од тогаш немам пробано мекици :)))
|
|
|
|