Nade -> RE: Облекување на бебе во лето (28.5.2010 9:36:06)
|
Поздрав мамички, интересна тема, па и јас да дадам свој придонес, јас имам двајца дечки,така да имам искуство, се сложувам со останатите мамички кои велат дека како они се чувствуваат така треба да ги облекуваат бебките, но се разбира во нормални околности[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] инаку што се однесува до ладни рачиња и ноџиња на многу мали бебушки, тоа е така поради тоа што малите бебиња имаат слаба периферна циркулација, тоа не значи дека секогаш им е ладно. Секое бебе си е за себе, некое се поти некое не, и тоа не е правило дека сите исто ке реагираат во дадена ситуација. Драги мамички штом ке ги земете своите сонциња во раце вашиот мајчински инстинкт ке ви каже СЕ, никој подобро од вас нема да знае што е најдобро за вашите најмили.Секој совет е добредојден но мешањето во мајчинството треба да има граница која вие ке си ја поставите. Поздрав и уживајте во секој момент со вашите сонциња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|