LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (25.9.2013 14:02:01)
|
Денес бев во ФЗО да се распрашам за терапијата, другата недела треба да добијам, па да почнам и прашував за што ми следи како пациент, бидејќи читав дека некои клиники бараат дополнителни средства, па за да знам дали треба или не, отидов и ми го дадоа образец два кој го има на интернет и го споделувам со вас, за информација: ________________________________________ Р.бр. Назив на услугата и медицинскипт пoтрошен материјал (најмногу до..) количина 1 Amp. Gonadotropini од 75 IE или 50 IE 30 2 Agonisti na GnRH - Amp. Decapeptyl од 0,1mg 22 3 HCG - Amp. Pregnil ili Amp. Horiomon od 5000 IE 2 4 Краткотрајна интравенска анестезија 1 5 Пункција на фоликули под ехографска контрола 1 6 In vitro или ICSI (вклучувајќи дппплнителна обработка на биолошкиот материјал) 1 7 Ембриотрансфер 1 8 Фоликулометрија 3 9 Хормонски испитувања 3 Појаснување на гпрната табела: Под р.бр (1) Гонадотропините се даваат на третиот ден пд менструацијата просечно 10 дена (8-12) и тпа високопрочистени урофолитропини или rFSH пд 75 IE или 50 IE (Fostimon, Merional, Menopur, Puregon); Под р.бр (2) Агонисти на GnRH (gonadotropin releasing hormon) се даваат 10 дена пред очекуваната менструација до денот на HCG администрацијата (22-25 дена просечно) или како депо фпрма – една апликација 10 дена пред очекувана менструација и тоа: ампули Decapeptyl (triptorelin) пд 0,1mg; Под р.бр (3) HCG 10.000 IE (2 amp. Pregnyl ili 2 amp. Horiomon od 5.000 IE) еднпкратно на крај од стимулацијата; Под р.бр (4 и 5) 34 -36h после HCG администрацијата се прави пункција на фоликулите и аспирација на јајце клетки вп краткотрајна интравенска анестезија. Под р.бр. (6) Се прави In vitro (IVF) или ICSI (вклучувајќи дополнителна обрабптка на биолошкиот материјал). IVF е процедура која се прави пкплу 4 часа после фоликуларната пункција, во зависност од зрелоста на добиените јајце клетки. Се прави сп инсеминација на јајце клетките со обработени сперматозоиди и после 18 до 24 часа се гледа дали е настанато оплодување. ICSI е процедура која се прави после фоликуларната пункција и се состои во инјектираоњ на сперматпзоид со нормална морфопогија во јајце клетка со добар морфплпшки квалитет и после 18-24 часа се гледа дали настапило оплопдување. Под р.бр. (7) Ембриотрансфер - Доколку настапило оплпдување после процедурата IVF/ICSI се врши трансфер на ембрионите и тоа најрано 48 часа од пункцијата на овариумите, а најдпцна петтиот ден под контрола на ултразвук кога се враќаат еден до три ембриони оценети по стандардните класификации. Под р.бр. (8) Фоликулометрија – првпат се прави петтиот ден од стимулацијата, а потоа најмалку уште 1-2 пати заедно со резултатите од хормонските тестови. Под р.бр. (9) Хормонски испитувања, се прават стандардно три пати во текот на хормонската стимулација и тоа кај долгиот протокол со агонисти се тестира нивото на естрадипл, а кај протоколот со антагонисти се тестираат естрадиол, LH (лутенизирачки хормон) и прогестерон. * За сите наведени ставки во тој протокол (материјали, лекови и нивна апликација) здравствената установа не смее да бара дополнителен паричен надомест од осигуреникот. ________________________________________ Е сега, ми кажаа доколку некоја пациентка не реагира на некои од овие лекови, може да ја променат дозата, што значи можат да ја зголемат и тогаш се наплаќа дополнително, зависно од терапијата која ќе ја одреди докторот, покрај онаа стандардна партиципација од 6000 денари.
|
|
|
|