LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.5.2014 15:00:11)
|
Како потсетување на сите што се спремаат за собирање/поднесување документација за ИВФ "За ИВФ се доставуваат сите претходно извршени прегледи и анализи не постари од една година, потребни за вклучување на парот во постапката за БПО и тоа: Медицинска документација дека се извршени една или повеќе од следните методи: ХСГ и/или лапараскопија и хистероскопија, и/или лапаротомија; Само кај утврден машки фактор на неплодност, со број на подвижни сперматозоиди и по обработка помал од 4 М/мл или тешко нарушување на машкиот фактор со помалку од 4% сперматозоиди со нормална морфологија, доволен е 4 DV ултра звук на кавум утери; Ехографски преглед со морфологија на матка и јајници Кај азооспермија за утврдување на неплодност, покрај биопсија на тестис задолжителен е и патохистолошки наод. Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми); Податоци за неплодност за период од најмалку три години, лекувана со конвенционални методи, со реализирани најмалку четири циклуси на интраутерална инсеминација (IUI); Резултати од извршена анализа на хормонален статус на трети ден од циклус : FSH, LH, PRL, E2, TSH (не постари од шест месеци); PAP skrining (не постар од една година доколку бил уреден); Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс (Ureaplasma, Mycoplasma и Chlamidia trachomatis) не постари од шест месеци; Маркери за Hepatit B i C, HIV за двајцата брачни партнери (не постари од шест месеци); Крвна слика, гликемија, седиментација (не постари од шест месеци); Друга медицинска документација во зависност од здравствениот статус на брачниот пар (извршени дијагностички или оперативни интервенции во врска со стерилитет, извршени инсеминации, извршени ин витро фертилизацииостанати заболувања, терапија и мислење од специјалисти, останато). отпусно писмо/или извод од МКР за детето, постаро од 18 месеци за првото породување со живородено дете Во прилог на Предлогот се доставува целокупната потребна медицинска документација, во оригинал со докази за валидност (потпис, печат и факсимил од медицинско лице и здравствена установа) прегледана и подредена како во Предлогот." Извор: ФЗО
|
|
|
|