LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.4.2014 14:06:32)
|
"Ре-Медика успешно го заврши процесот на акредитација Лабораторијата Ин Витро Фертилизација (ИВФ), при одделот за гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се стекна со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013. Според истиот стандард, кој важи за медицински лаборатории е акредитирана и дијагностичко-биохемиската лабораторија на болницата. Акредитацијата на ИВФ и дијагностичко-биохемиската лабораторија беше спроведена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (Internationa Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија. „Во контекст на нашата определба за давање на медицински услуги со врвен квалитет кои се темелат на креирање на високо стандардизирани услови, процедури за работа и компетентен кадар, го реализираме проектот за изградба на новата зграда. На тој начин обезбедуваме проширување на постоечките капацитети за дијагностички процедури, нови простории за ИВФ лабораторијата и простории за земање или оставање примероци.“, изјави проф. д-р Андреја Арсовски, стручен директор на Ре-Медика." Извор: БИ-МК
|
|
|
|