iki82 -> RE: Вештачко оплодување (28.4.2010 1:57:00)
|
Да ви кажам право , еве кога ве читам и јас доагам до истиот заклучок за систина. Докторкава само како на брзина да те прегледува...не знам што да кажам. И не е само до Адамоска на пример, за сите имам истото слушнато, како да не се доволно ангажирани, и не сакаат да ти објаснат убаво. А од друга страна па еве мојата другарка правеше две инсеминации во систина и едно успешно ин витро кај Адамоска. И она ми го кажува истото, дека се однесуваат како недоволно заинтересирани , но од друга страна дека биле стручни , и во врска со таа асистирана репродукција имале доста знаење. Како и да е, и јас сум доста загрижена за тој однос што го добивам таму. Значи не ти се достапни во било кое време ако не дај боже ти затребаат нешто, а и даваат терапија без ништо да ти објаснат (може они си знаат што прават, но пациентот секогаш сака да знае што добива, а не после со милион прашања да пребарува по интернет). Но, тоа е изборот кај нас, Ремедика, Систина..не знам уште неколку други. За сите имам различни мислења слушнато, ваљда кој како си поминал. Јас ќе истерам една инсеминација во систина и така веќе тргнав со хормониве, па здравје боже ќе видам што ќе правам.
|
|
|
|