iki82
|
Eve nesto sto najdov zosto moz ivf da bide neuspesno i sto moze da se napravi, ama kaj nas cisto sumnjam deka ja ima ovaa tehnologija. АПЛИКАЦИИ КОИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ШАНСИТЕ ЗА УСПЕХ Кои видови на нови напредоци се на пат во апликациите за вештачко оплодување? Шефот на Центарот за вештачко оплодување при болницата Аџибадем во Кадиќој, Придружниот Професор Л. Џем Демирел и Придружниот Професор Шахин Зетероглу нè информираa за следното: “Третманите за неплодност причинуваат емотивна, физичка и финансиска загриженост кај паровите. Истотака и повторените обиди за вештачко оплодување им делуваат на лекарите во третманот на таквите парови. Ова причинува секундарни приоди за осветлување на причините за неуспешните обиди и осигурува уште поуспешни резултати. Овде, неуспешноста или како резултат на квалитетот на ембрионот, или од групата на оплодени ќелии во лабораторијата кои се во тек на рамножување и кои се положуваат во мајчината матка, или од немоќноста на мајчината матка во обезбедувањето на погодна средина за положените ембриони. Доколку се воспостави дека квалитетот на ембрионот е причина за неуспешните обиди за вештачко оплодување, во Аџибадем Центарот за Вештачко оплодување, ги замолуваме семејствата да подлежат на ендометријална ко-култура или на циклусот на природна апликација на вештачко оплодување. Ендометријална ко-култура е име дадено на практиката на собирање на ќелии од ткивата од мајчината матка наречени ендометриум. Овие ќелии потоа поминуваат низ процеси во лабораторијата и ембрионот се развива од овие ќелии пред да биде положен во мајчината матка. Во природниот циклус на вештачко оплодување, јајцевите клетки од идната мајка се собираат било со фармаколошка стимулација, без стимулација или со минимална стимулација. Во случај на неуспешен обид со овие методи, понекогаш можеме да препорачаме донација на јајцеви клетки. “Во меѓувреме, важно е да се одреди улогата на спермата и да се исклучи нејзиното делување на неуспешните обиди за тестот-бебе епрувета. Др. Демирел нагласува дека во нивната единица вршат анализа на ќелиите од спермата, репродуктивните машки клетки. Др. Демирел вели дека тиe посебно го проверуваат процентот на прелом на ДНК ќелиите од спермата што го покажува степенот на оштетеност на ДНК кој ја формира генетичката структура на ќелиите од спермата. Тој наведува дека на овој начин, можно е да се преземат неопходни мерки во случај на констатација на присуство на голема оштетеност на ДНК. Понекогаш, аномалиите на мајчината матка и ендометриумот во мајчината матка кадешто ќе се положат ембрионите може да бидат причина за повторувањата на обидите. Кај паровите кај коишто се повторени обидите, понекогаш ембрионот може да биде со добар квалитет, но сепак да не настапи бременоста. Тогаш тоа е знак да се испита леглото на утерусот кое може да биде друг значаен фактор што ќе влијае на успешната имплантација на ембрионот во обидот за тестот-бебе епрувета. Тука, утврдуваме присуство на некоја патологија што може да зафати место во мајчината матка и да формира непогодна средина во тој дел и да го спречи положувањето на ембрионот. Овие патологии може да се полипи, адезии, миоми или калцификации. Користиме терапија на интра-утеринска ендоскопија наречена хистероскопија за да ги отстраниме тие патологии. Хистероскопија е метода која им овозможува на специјалистите директно да ги набљудуваат ендометријалните празнини во внатрешноста на мајчината матка и во случај да забележиме неуредности ги коригираме. Другата причина за повторување по неуспешните обиди е и несоодветноста на ендометријата во мајчината матка која треба да го достигне соодветниот степен на тенкост да може да ги прифати ембрионите, и да овозможи развиток на бременоста. Причината може да биде постојаната изложеност на ендометриумот на запаление, по нестабилната матка во носењето на плодот или абортусите, присуството на болеста во матката наречена аденом или адезија како последица на претходните интервенции при нестабилност на матката за носење на плодот и абортус. Покрај корекциите на горенаведените услови, вагиналната поддршка со естроген може да има позитивно влијание на ендометриумската тенкост кај овие пациенти. Доколку основниот услов е адезија, тогаш мора да биде отстранета со хистероскопија. Кај некои пациенти пак, го гледаме ендометриумот со предвремен светликав изглед и затворање на прозорецот пред да бидат положени ембрионите во матката; ова резултира со безуспешни обиди, и покрај повторените обиди. Мошне интересно, некои пациенти можат да го доживеат ова искуство при секој обид за тест-бебе епрувета. Им се препорачува на овие пациенти со оваа состојба да ги земат сите замрзнати ембриони од нашиот центар штом се оформат. Штом матката во некое идно време ќе го дозволи тоа, ембрионите се одмрзнуваат и се пренесуваат. Придружниот Професор Шахин Зетероглу нагласува дека со оваа метода тие имале голем број на успеси. Кај жените со повторени безуспешни обиди, извршено е истражување за да се види дали има или не акумулација на опструктивна течност (хидросалпенкс) кај фалопијанските канали, канали кои ги транспортираат јајцата и кадешто тие јајца се соединуваат со спермата. Доколку се утврди присуство на некаква опструкција, пред да се изврши следниот обид за тест-бебе епрувета, овие канали (туби) мора да бидат хируршки отстранети или исклучени од матката. Кај овие пациенти, присуството на миомите истотака треба да бидат земени во обѕир. Може да се чини дека миомите не се распространети долж ендометриумот или дека не зафаќаат место кадешто ембрионот треба да се положи и дека не влијаат на успехот на обидите за тест-бебе епрувета. Меѓутоа, кај случаите со пациентите кај кои се извршени неуспешни обиди и во отсутност на други објаснувања, специјалистите веруваат дека миомите над 3 цм би требало да бидат отстранети пред да уследи следниот обид, дури и ако не вршат никаков притисок на ендометријалната празнина. Придружниот Профессор Демирел опишува една друга метода која се обидуваат да ја применат во нивната клиника на оние парови кај кои се направени неуспешни обиди на тест-бебе епрувета. Пред да бидат положени на мајчината матка ембрионите кои се оформени во лабораториска средина, тие ги подложуваат на генетичко скенирање и најголемите ги избираат за пренесување. Оваа метода е наречена “Скенирање на анеуплоидите пред положување“. Идентификацијата на тие хромозоми со нормална генетичка структура и после нивната селекција, нивното повторно положување во мајчината матка, се верува дека игра додатна улога во зголемувањето на шансите за позитивен резултат – а тоа е настапувањето на бременост.
|