mami2 -> RE: Вештачко оплодување (27.9.2010 2:17:32)
|
Пиле, а и останати идни мајки, во право си, верувајте во чудо и кога постои и најмала надеж. Јас сум паталец како вас, со безброј инсеминации, едно ифв успешно од прва кај Лазаревски, но за жал бременоста мораше да се прекине во 5 месец, еден спонтан... Ве разбирам потполно, најтешко ми беше кога сите викаа ќе биде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image], а не биднуваше. Поминаа години и бидна, додуша потпомогнато со лекарска поддршка. Сега имаме 2г9м. Благодарам на Бог секој ден за оваа среќа. Но човек кога ќе се растерети како мене, мисијата е исполнета, кога мислите не се насочени кон денот кога ќе имам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image], се случува и неочекуваното. По година и половина од породувањето добив животен џек-пот, бременост, ненадејна, непланирана...Велев често јас незнам дека вака се правеле деца, дека немора посредник, доктор. Дојде второто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]. Ви посакувам на сите побрзо да дојдете до финалето со [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image] +[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image], да го поминете маратонот од 9 месеци и како мене од слатки маки во ниедно време да пишувате на рр.
|
|
|
|