mami2 -> RE: Вештачко оплодување (17.10.2010 18:42:25)
|
mytwins, ти посакувам убаво мајчинство откога со лесно ќе заврши бременоста. Потполно си во право за самоконтролата, позитивната мисла и вербата и кај мене ја одиграа клучната улога. По ИВФ ниту лежев, ниту одмарав, ја имав секојдневната рутина само без исклучителни напори и оптоварувања. И бидна само за жал не заврши убаво... Идиопатскиот стерилитет, кој јас си го викав за себе дека е идиотски, затоа што имав проблем со себеубедувањето дека ќе биде добро, го надминав по подолг перод. Позитивната мисла по 8 години ми донесе резултат, бременост и син, а по 1,5 година неоптовареноста дали ќе имам дете или не ми ја подари како гром од ведро небо ќерката. Ја посакувам сета среќа за сите идни родители... Само со надеж и верба било да се работи за спонтано забременување, инсеминација, ИФВ, се’ ќе биде...
|
|
|
|