Sandric -> RE: Посета на забар (29.6.2011 9:49:17)
|
Млечното забало кај децата се состои од 20 заби. Никнењето на првиот млечен заб се случува околу 5-6 месец.Останатите заби се јавуваат по одреден редослед во наредните 2-2.5 години. До третата година децата треба да ги имаат сите заби.Тие служат за џвакање, говор и правилен развој на вилиците. Грижата за млечните заби е исто толку важна како и за трајните. Поради послабата минерализација и потенките слоеви на емајл и дентин, кариесот кај млечните заби се шири побрзо и пошироко се распространува. Одржувањето на здрави млечни заби кај детето овозможува удобност кај детето и го штити од непријатности и болка што може да се јават поради кариес. Исто така се овозможува правилно поставување на трајните заби. Околу 6-та година зад вториот млечен катник ( последниот млечен заб) се појавува првиот постојан катник. Многу родители се во заблуда дека и тоа е млечен заб кој ќе се смени па ја одложуваат посетата на стоматолог.Тоа може да допринесе до појава на кариес, негово продлабочување и појава на пулпит (воспаление на нервот) на трајниот заб. За Вас: Залевање на трајниот заб Тоа се прави кога има длабоки фисури ( бразди на џвакалната површина на забот), кои се влезна врата за ширење на кариесот. Силантот е течен материјал кој содржи флуор во својот состав. Се разлева на засегнатата површина на забот и се стврднува со фотополимерна ламба. Апликацијата не бара брусење на забот, постапката е целосно безболна и трајноста му е неколку години. Децата треба да се навикнат на редовни контролни прегледи и да станат поодговорни во однос на хигената на своите заби. Однесувањето на детето на стоматолог во голема мера зависи од родителот.Ако тие се уплашени и недоверливи тоа се пренесува и на детето.Затоа подготовката на детето за посетата на стоматолог треба да започне уште дома.На детете треба да му се објасни постапката и интервенцијата уште дома.Затоа е препорачливо детето да се донесе на стоматолог уште пред да има потреба од било каква интервенција, за да може да се запознае со кабинетот и да му се објаснат постапките и процедурите што се случуваат во една ординација. Во никој случај детето не треба да биде заплашувано!!! 1. Кога треба да биде првата посета на детето на стоматолог? Се препорачува првата посета да биде после 2 години. Најчесто детето тогаш нема никакви проблеми со забите и го доживува прегледот како нешто нормално. Кога детето ке започне со посети толку рано секоја посета учи нешто ново и сето тоа го прифаќа како игра а стоматологот како партнер во таа игра.Така често се случува децата да сакат да одат на стоматолог. 2. Треба ли да се лекуваат млечните заби , кога секако ќе се сменат? Млечните заби треба задолжително да се лекуваат и да се спречи нивно предвремено вадење, бидејќи тие го чуваат местото на трајниот заб.Ако детето има кариес на млечниот заб задолжително е да се постави пломба за да не дојде до формирање на гнојни процеси .Но дури и во такви случаи може да се излекува забот и да се сочува во устата се до никнење на трајниот заб.Нелекувани млечни заби може да го засегнат зачетокот на трајниот заб.Освен тоа поради предвремено вадење на млечниот заб може да се случи никнење на трајниот заб накриво и тоа да доведе до пореметувања во целата забна низа. Ете затоа родителите треба да настојуваат на навремено лекување на млечните заби и нивно сочувување во устата се до нивната физиолошка смена. 3.Какви се ризиците за детските заби од употреба на цуцлата лажливка? Кога треба детето да се откаже од неа за да не се поремети поставеноста на забите? Во текот на првите две години употребата на цуцла-лажалка не претсавува поголема опасност за детското забало. Но , до третата година детето треба задожително да престане да ја користи цуцлата.До тој момент растежот на детската вилица може да ги исправи евентуалните аномалии што може да ги предизвика цуцлата но не и по оваа возраст. Шмукањето на цуцлата-лажалка може да доведе до појава на празнина во загризот (отворен загриз). Уште поголеми аномалии може да предизвика шмукањето на прстите. Така кај деца што и по третата година користат цуцли може да се забележат искривувања на предните заби. Може да дојде и до искривување на катниците и до појава на т.н.отворен загриз со што се отежнува откинувањето на храната, џвакањето и целокупната исхрана. При искривување на предните заби веќе и устата не може да се затвара правилно.При таа положба детето дише на уста и со тоа го зголемува ризикот од кариес, бидејќи усната празнина се суши побрзо. Постојаното дишење низ уста може да допринесе за појава на респираторни заболувања поради вдишување на ладен и не навлажнет воздух поминат низ носот.Децата кој користат цуцла почесто страдаат од воспаленија на средното уво. Долгогодишното користење на цуцла-лажалка не само што може да доведе до создавање на отворен загриз туку и до неправилна положба и функција на јазикот што може да допринесе и до појава на неправилности во говорот.Не можат правилно да бидат изговорено некој звуци, најчесто С и З. ВНИМАНИЕ ! Немојте да ја лижете цуцлата! На тој начин може да дојде до пренесување на патогени микроорганизми ( габи, бактерии причинители на кариес) од вас на детето. 4.Како може да се спречи појавата на кариес кај млечните заби? Извесно е дека внесувањето на поголеми количини на шеќер овозможува и развој на повеќе микроорганизми, поголема киселост и повеќе храна за нив. Со еден збор поповолна средина за нивни развој и поповолни услови за нивни напад на забните ткива. Кај децата профилаксата од кариес опфаќа зголемување на издржливоста на млечните заби со користење на флуор и силанти.Редовното четкање на заби ( минимум по 2 мин.), плакнење на усната празниана го намалува ризикот од кариес.Создавањето на овие навики започнува уште од најмала возраст со појавата на првите заби.Исто така потребно е ограничување на внес на шекерите, како и лепливите грицки (чипсови , бисквити и сл.) особено меѓу оброците. Повеќето деца го започнуваат животот со здрави заби. Од вас родителите зависи дали ќе се одржат такви. Детето целосно зависи од вас и вашите решенија комплетно влијаат на неговите навики и одржувањето на здраво забало. 5.колку често да се носи детето на стоматолог? Посетата на стоматолог е потребна најмалку два пати годишно. детските заби содржат висок процент на вода, што овозможува побрзо напредување на кариесот во длабочина со што забот може да биде засегнат многу побрзо отколку трајниот заб.Многу е важно и редовно одржување на хигена кај децата. Со жалење поради лоша хигена може да се забележи и појава на забен камен кај деца од 6-7 годишна возраст. Еднаш формиран забен камен може да биде исчистен замо од стоматолог. Ако не се обрне доволно внимание на хигената во таа возраст може да дојде до појава на воспаление на гингивата ( гингивит) кој во подоцнежна возраст може да премине во пародонтит. Најдобро е секој проблем во усната празнина да биде детектиран и лекуван уште во почетокот. Поради тоа редовната посета на стоматолог може да биде решение на вашиот проблем во однос на санирање на проблемите во усната празнина на вашите деца.. 6. Дали смената на млечните заби е болна? Секое дете на различен начин го доживува вадењето на млечниот заб. Ако редовно посетувало стоматолог за контролни прегледи и не почувствувало поголема болка при посетите тоа ќе има доверба во стоматологот. Важна е и мотивацијата од родителите , да го подготват детето правилно за целата манипулација. Ако забчето е многу расклатено и се држи лесно за гингивата тугаш се користо локално анестетичен гел. Процедурата е безболна и кратка. Кога забот не се клати а мора да се извади, бидејќи на пример трајниот заб пробил тогаш се користи анестезија со инекција. Кога малите пациенти имаат доверба во својот стоматолог тогаш не би требало да има проблеми при апликација на анестезијата. Секако е потребна мала психолошка подготовка на детето и најбитно од се е дека детето не треба да се лаже за тоа што ќе му биде правено. Треба да му се објасни точната постапка при интервенцијата. Нешто малку стручно од мојата струка[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|