RE: Посета на забар (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


sandriana RR -> RE: Посета на забар (27.10.2015 14:33:27)

T лично го познава нашиот семеен стоматолог, уште од бебе. Била неколку пати и со мене и татко и кога сме имале интервенции, и од мала е запознаена и со просторот на ординацијата. Отпрвин дома мене ми дозволуваше да ги прегледам запчињата, а негде на 3 години прв пат беше на превентивен систематски преглед кај стоматологот. Немаше реална причина за сомневање, но сепак што е сигурно - сигурно е - доктор да ги види. Фала Богу, досега нема никаков проблем со забите.




marchi -> RE: Посета на забар (28.10.2015 12:31:30)

Ние имаме 31 месец и не сме посетиле заболекар. Сметам дека е мал и не верувам дека ќе доседи а уште помалку дека ќе отвори уста. Но со наполнети 3 години веќе ќе можам да го носам на преглед. Гледам една моја другарка му дава и мастики да џвака на детето. Што мислите вие за тоа?




lukajana RR -> RE: Посета на забар (28.10.2015 13:06:42)

По правило треба да се носи детето на забар кога ке му никнат првите запчиња ама за мене е тоа невозможно,нема шанса Ј да отвори уста на забар и ке си чекаме да потпорасне.
Марчи еве Тема за Бонбони и мастики ,не е лошо да ја размрдаме [sm=smiley1.gif]




marchi -> RE: Посета на забар (28.10.2015 17:29:41)

Ќе се вклучам и таму, не е лошо да се размрда темата




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]