idnata_mama -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (21.2.2013 16:47:48)
|
Здраво на сите идни мамички, нова сум на форумот па полека ќе се запознаеме. Сеуште сум под импресии од веста дека во моето стомаче има живот, со оглед на тоа што бев убедена дека не сум бремена и ми доцни поради промена на климата [sm=smiley36.gif] . Како и да е сега се чуствувам добро, но викендов што измина добив некоја кафеава течност (во многу мали количини) и многу ме исплаши. Матичниот гинеколог ми стави прогестерон инекција, ми ги зголеми Утрогестанот на 3 пати дневно, а исто и Магнезиумот. Сега лежам дома, одмарам, но сеуште знае да ми се јави бледо кафеава течност веднаш по одење во тоалет. Докторот ми рече дека нема место за паника ама јас сум многу исплашена. Имате ли искуство со вакви појави, колку долго ви траел овој исцедок и кое било објаснувањето на вашите доктори? Ви благодарам однапред!!!
|
|
|
|