RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (24.2.2013 11:11:30)

Cestitki za sesilija[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif],nemam iskustvo za da te posovetuvam ama mislam devojkite dolovno kazaa samo samo ke ti naglasam deka pod miruvanje se podrazbira vistana samo da si lezis i da stanuvas za vo wc ili edno kafe da si svaris.


Surce malku me plasis[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Jas eve veke 4 nedela samo lezam,dosega se nemam mereno ama sega me fati strav da ne se napravam bucko[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Mnogu mi se jadi,se vozdrzuvam kolku sto mozam ama deka ne dvizam a i cigarite gi ostaviv sega seto ke si se zalepi na mene.Ajde posle ke trcame zaedno[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




idnata_mama -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (24.2.2013 13:16:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lina*

idnata_mama koja nedela si sega???
Jas sum ostanata bremena so IFV i moram od pocetok da stavam utrogestan i da pijam cikloproginova a folna pocnav da pijam od pred eden mesec.Neznam so nedelive kaj mene kako ke se presmetuva.....transfer imav posle 5 dena,toa mu doaga skoro edna nedela...dali i taa se broi....pojma nemam kako ke bidi



Sega sum 8 nedela i vo ponedelnik vlagav vo 9ta [sm=bravo.gif] . Dobro pominuvam sega za sega ama vikendov osekam poveke gadenje, nekakva iznemostenost ama veruvam deka ke bidam dobro. Jas isto kako tebe neznam tocno koja nedela sum bidejki imav neredoven ciklus i maticniot mi kaza deka sum ostanata bremena so kasna ovulacija, bidejki koga sum trebala da dobijam (ako bi racunale na normalen ciklus od 28 dena) jas sum imala ovulacija i sum ostanala... Spored razvojot na bebushot sum skoro deveta nedela a spored posledna menstruacija 11 nedela [sm=zmeden.gif] . Kako i da e, najbitno mi e bebushot normalno da se razviva a plus i minus dve endeli ne mi prai razlika. Rasprasaj go maticniot kako ke te vodi so medelite ama i ne se optovaruvaj so toa, bitno e ti i bebusot da bidete super...




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (24.2.2013 14:04:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: surce
Меланија, која недела правеше ПРИСКА и дали на клиника ја правеше.


Јас неправев приска ,само на најобично ехо ме гледаше матилната и рече ок е 1,2мм,а тема за оваа тема има ТУКА




sesilia -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (25.2.2013 11:32:49)

Девојки ,фала ви на подршката [sm=rozica.gif]
Јас земав неколку слободни денови од работа до утре,утре закажав преглед па се надевам се ќе биде добро.
А и утре повеќе сакам да ме види мојата др,зошто освен што многу ми објаснува многу и смирува,секогаш е позитивна а тоа највеќе ми треба.А не само онаа др ме прегледа,првото нешто и беше-леле не те гледам со вагинално немој да е вонматрично! Откаде заклучи навистина незнам! Ме виде на обично ехо,само кажа тоа и тоа не ми се допаѓа ми даде терапија и толку.
Уф колку и да не сакам ме фаќа паника.
Инаку градите ме болат сосем малку,некогаш ќе престанат некогаш пак ќе ме заболат-нормално ли е?
Одам на пола саат саат до веце [sm=smiley36.gif],дали е од утрогестанот можеби?




sesilia -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 13:30:32)

Пак јас [sm=smajl.gif]
Да ви кажам дека денес бев пак на преглед кај мојата докторка.Точно 5 недели,супер е поставен и не бил воопшто ниско како што првично ми кажаа! Само дека уште е рано ми закажаа преглед за 2 недели за да се види ембрионче и срцева акција.Така д ами олесна малку.Ми рече само утрогестан да ставам 3по200мг,фолна,нормално да си работам,само да не се напрегам ,да не возам кола,да не дигам тешко.
За болките што ги имам понекогаш рече дека се нормалн и и ми даде магнезиум.Аспиринот ми рече да не го пијам.




Ema$ -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 13:45:29)

Eve me i mene na raport [sm=smiley36.gif].Denes bev na kontrola,sega sum 8 nedela i gi slusnavme malite [sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif].Prvo ednoto,pa drugoto.....cuvstvoto e neopislivo...se prasuvam samo kako ke zvucea vo duet , moze kako na zeleznicka stanica [sm=jezicek.gif].Ednoto e skoro 17,drugoto 18 mm i premnogu sum srekjna.Ve guskam site [sm=smiley31.gif]




dulcinea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 16:28:55)

Sesilija, normalno e da ti se odi vo wc na pola saat, i kaj mene e isto.Jas sum vo 9-tata nedela od [sm=nosecka.gif] i sekoj den e taka, bidejki bebusot pritiska na besikata.Ne e od utrogestanot ne se grizi, i jas go koristam, ama ne e od toa.ti posakuvam lesna bremenost..pozzz




dulcinea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 16:37:35)

Idnata_mama...
ИЗВОРНА ПОРАКА: idnata_mama

Здраво на сите идни мамички,
нова сум на форумот па полека ќе се запознаеме. Сеуште сум под импресии од веста дека во моето стомаче има живот, со оглед на тоа што бев убедена дека не сум бремена и ми доцни поради промена на климата [sm=smiley36.gif] .
Како и да е сега се чуствувам добро, но викендов што измина добив некоја кафеава течност (во многу мали количини) и многу ме исплаши. Матичниот гинеколог ми стави прогестерон инекција, ми ги зголеми Утрогестанот на 3 пати дневно, а исто и Магнезиумот. Сега лежам дома, одмарам, но сеуште знае да ми се јави бледо кафеава течност веднаш по одење во тоалет. Докторот ми рече дека нема место за паника ама јас сум многу исплашена. Имате ли искуство со вакви појави, колку долго ви траел овој исцедок и кое било објаснувањето на вашите доктори?

Ви благодарам однапред!!!


Ne se nerviraj, i kaj mene bese istoto, jas dva pati imav kratkotrajno krvarenje, mi dadoa utrogestan i progesteron depo inekcii, bev na konsultacii kaj dvajca lekari, i edniot mi kaza deka imam malo oddeluvanje na placentata, ama ne bilo nisto strasno, i ne mu steti na plodot..taka da ne se neriviraj se ke bide vo najdobar red...toa bilo taka recisi kaj sekoja normalna bremenost da se pojavi krvarenje, demek do 3 mesec ke se sredi se...jas sum vo 9-ta nedela i sega za sega sme ok [sm=smiley20.gif]...pozzz




dulcinea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 18:07:10)

ema$ mnogu mi e milo za tvojata sreka i za tvoite 2 [sm=smiley27.gif]..odsekogas sakav bliznacinja...jas pred edna nedela za prv pat go slusnav cukanjeto na [sm=smiley27.gif] na moeto bebusce i bev presrekna....




sesilia -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.2.2013 20:00:30)

Dulcinea мила не се секирај,не е страшно додека не е јако црвено.Гинекологот баш денес ми рече дека секое прљаво розе кафено,кафено не е страшно дури и нормално за почетокот.Утрогестанот е одличен дури доволен е и само тој.Јас го земам максимум доза 3 по 200мг а дабростон ми прекина пошто рече големо бомбардирање е со хормони.Исто ми рече и за прогестерон депо инекцијата која ја купив дека доволен е утрогестан и ќе се среди се.Не се секирај.Најбитна ни е позитивната мисла,пушти мозок на пасење [sm=smiley36.gif]




Lacrymosa -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 2:01:43)

Denes bev pak na lekar i vidov duri edna tockicka. Spored goleminata na tockickata bremena sum 4 nedeli i 5 dena, a spored poslednata menstruacija 6 nedeli i dva dena. Spored doktorkata se e super, matkata go prifatila plodot e sega rabotata e sto za razlika od minatata nedela imam belo pranje. Patem dali nekoj imal iskustvo so pesok vo besika i bubrezi za vreme na bremenosta bidejki koga imav kamcinja vo bubrezite piev jaki antibiotici koi sega normalno ne smeam da gi pijam? I edno glupavo prasanje: ima nekoj tuka problemi so zapek i so cuvstvoto deka bebeto moze da padne vo solja? Mislam glupavo e prasanjevo ama stvarno imam nekoe takvo cuvstvo deka kje mi padne vo solja




arh_diz -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 7:34:14)

Lacrymosa tuka http://www.ringeraja.mk/forum/zatvor-vo-bremenosta/m_10343/mpage_1/tm.htm#108549 imame razgovarano za Zatvor vo bremenost




idnata_mama -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 11:28:54)

Dulcinea значи јас и ти сме иста недела и јас сум 9та [sm=bravo.gif] .
Вчера бев кај матичниот и увиде дека кафеавиот исцедок ми е од плацентата исто како кај тебе и ми рече дека тоа не е ништо страшно и дека е честа појава во првото тромесечие од бременоста!!! Ми ја намали предходната тарапија од 3 х 1 Утрогестан и 3 х 1 Магнезиум бидејќи очигледно не ми помага (12 ден крварам) и ми рече дека ќе проба со Прогестерон Депо инекции и тоа 3 инекции на секои 72 часа по една . Вчера примив една и денес немам ништо кафеаво (да чукнам у дрво) наредната ќе ја примам во Петок и после во Понеделник. Минатата недела се плашев повеќе ама сега некако се смирив, си викам дур бебето е добро нема место за паника, ама и матичниов ми е добар, знае да утеши!!!




sesilia -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 12:02:41)

Idna mamicka не се секирај се ќе биде во ред ,ајде уште малку ти остана до првото тромесечје.
Јас сакам да ве прашам за градите преку ден не ме болат скоро ич а навечер ме заболуваат по малку,дали е нормално болката да варира?Ја прашав докторката рече не е нешто за замарување,сосем нормално.Кога имав спонтан градите ми беа надуени ужасно ме болеа а сега не,докторката рече и кај иста жена секоја бременост е различна.Инаку како што кажав 5та недела сум.




Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 14:28:48)

Lele sesilia koga te citam mislam deka jas go imam pisano nestoto,istite raboti mi se slucuvaat i mene i mene me fakaat istite paniki oti se mi e razlicno so prviot pat koga go imav spontaniot,i koga ke mi proteci od utrogestanot vednas se strekam da ne e slucajno krv[sm=smiley13.gif]
Utre sum na kontrola pa belki doktorov ke kazi samo ubavi raboti da me opusti malku,neznam dali samo krv ke treba da ispitam ili i na eho ke me gleda,pojma nemam a bas sakam da ja vidam taa mala tocka ili mozebi dve[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 15:02:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sesilia
Јас сакам да ве прашам за градите преку ден не ме болат скоро ич а навечер ме заболуваат по малку,дали е нормално болката да варира?


Воопшто да не се секираш јас сум сега 14 недела и од кога ги видов [sm=rozacrtici.gif] гради воопшто не ме болат така што уживај за тоа ич да не се секираш [sm=smiley1.gif]




kikicka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 16:10:13)

Леле мене градиве ќе ми испукат, кај ми се мали па уште и отечени[sm=smiley36.gif] Не се чепкаат. Инаку јас имам некое чудно гадење, нит можам да повратам , да се ослеснам нит да јадам нешто, што и да помислам ми е гадно незнам ама ептен ме мачи и цел ден трае и треаае се додека не заспијам. Немам никаква желбаа[sm=smiley13.gif]




dulcinea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 16:35:59)

Идната_мама...Јас прогестеронот ги примам на 5 дена(веќе примив 3 инекции) имам уште една, а утрогестанот сабајле и вечер, а магнезиумот еднаш дневно....многу ми е мило што знам дека не сум сама, дека има и други како мене во иста ситуација, дури и иста недела сме на бременост [sm=bravo.gif] ќе си бидеме поддршка една на друга....Утре сум на преглед, едвај чекам да го видам малото бебушче [sm=duda.gif] и здравје со Господ напред од утре влегувам во 3 -ти месец, т.е 10-та недела [sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif] а тебе кога ти е крајниот термин...поздравче и без нервози, се ке биде во ред...




Cvekelencule -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 16:48:40)

Јас немам ни гадење ни повраќање, исто како да не сум трудна така се чуствувам само што имам голем стомак тоа ме потсетува дека сум трудна и што не можам да ја држам Л во раце е тука душа ме боли .Бев на матичен лекар сега сум 10 недели бремена и беше се е во ред треба да одам за две недели пак за скрининг на плодот, се надевам дека ќе биди се во ред .И ми направија проверка ми го измерија притисокот што да ви кажам 200 со 120 кога се испаничија сите ајде инекции ми ставија и ми се симна на 160 па така си појдов дома и еве цели три дена ме држи пак 140 па 130 никако да ми се нормализира а пијам метилдопа за симнување на притисокот и ми рекоја дијазепам да пијам ама се напив само еднаш мие страв за бебето да не му се случи нешто .Така мам мислев дека со третава бременост ке ме одмини притисокот ама почна многу рано да ми се качува за второто имав ама при крај на бременост 8 мецец некаде а сега мие страв дека многу рано почна дали преживеаниот стрес од поридувањето со Л јас не знам што ми стана поздрав до сите и пишете некој ако имал искуство со олку притисок при рана бременост да ми се олесни малку [sm=smiley19.gif]




idnata_mama -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 18:49:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sesilia

Idna mamicka не се секирај се ќе биде во ред ,ајде уште малку ти остана до првото тромесечје.
Јас сакам да ве прашам за градите преку ден не ме болат скоро ич а навечер ме заболуваат по малку,дали е нормално болката да варира?Ја прашав докторката рече не е нешто за замарување,сосем нормално.Кога имав спонтан градите ми беа надуени ужасно ме болеа а сега не,докторката рече и кај иста жена секоја бременост е различна.Инаку како што кажав 5та недела сум.


Ако ви кажам дека повеке од месец дена немам облечено градник незнам дали ќе ми верувате [sm=smiley36.gif] . Неможам да носам од болка!!! Вчера кога бев на контрола го прашував докторот и за градите, ми кажа дека е нормална болката бидејќи хормонот пролактин е со високо ниво и телото целокупно се подготвува на новата ситуација, но и на ситуациите кои му следат како што е доењето!!! Мене вчера при преглед на градите докторот на самите пупки ми забележа малку колострум кој наликува на испукана кожичка, но всушност е млеко кое полека се исцедува од каналчињата на градите и ги подготвува градите за првото доење. Советот кој ми го даде докторот е редовно при секое туширање да ги тријам јако (иако многу боли) пупките со фротиска крпа (секоја града минимум 2-3 мин) за да се разбудат пупките и каналчињата за полесно да пробијат при првото цицање. Исто што ми кажа (бидејќи имам испакнати брдавици) со палецот, показалецот и средниот прст да ги влечам колку можам почесто се со цел да немам маки подоцна при доењето.
Драги мамички се надевам дека советите од мојот доктор ќе ви помогнат и на вас.

П.С. јас денес немам ништо кафено и се радувам премногу. Инекцијата делува!!!!!! [sm=bravo.gif]




kikicka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (27.2.2013 22:17:07)

Мене веќе од градоте почна да ми се прави бело. Инаку 3 месец е од 9 недела.
Јас и кревам и работам по дома ама морам да си најдам некоја жена и да ми помага, барем со оваа бременост да се исчувам колку толку да не се акам по дома. [sm=smiley1.gif] Сите сме тука некаде со неделите, се бркаме [sm=smiley36.gif]




dulcinea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (28.2.2013 7:28:08)

mamicki...me interesira dali i kolku cesto imate odnosi so vasite patrneri vo ovoj period od bremenosta??? Jas od koga doznav deka sum bremena me bese strav da go napravam toa, plus imajki go vo predvid faktot deka prokrvariv na dva pati, i ne se osmeluvav...no sinoka go napravivme toa i sabajle zabelezav kafeav iscedok na gakickite [sm=smiley6.gif]...dali nekoja od vas imala slicno iskustvo , ve molam pisete...denes sum na pregled, pa se nadevam deka se ke bide vo red....




idnata_mama -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (28.2.2013 10:20:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: dulcinea

mamicki...me interesira dali i kolku cesto imate odnosi so vasite patrneri vo ovoj period od bremenosta??? Jas od koga doznav deka sum bremena me bese strav da go napravam toa, plus imajki go vo predvid faktot deka prokrvariv na dva pati, i ne se osmeluvav...no sinoka go napravivme toa i sabajle zabelezav kafeav iscedok na gakickite [sm=smiley6.gif]...dali nekoja od vas imala slicno iskustvo , ve molam pisete...denes sum na pregled, pa se nadevam deka se ke bide vo red....



Dulcinea јас се изначитав за оваа тема на форумов!!! Има отоврено посебен муабет па читај си тука:

http://www.ringeraja.mk/forum/m_462/mpage_12/tm.htm

Поздрав и те чекаме да кажеш како помина прегледот!!!




Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (28.2.2013 14:24:35)

Eve mamicki i jas da se javam na raport(sto bi rekla Ema)[sm=smiley36.gif]denes bev na doktor,povtorno ispitavme beta i bese ok,inace go prasav doktorot uste utre sum 5 nedela a od sabota vleguvam vo 6.naredna kontrola mi rece za vo ponedelnik i beta povtorno i eho ama se mislam dali da pocekam barem dokaj sreda pa mozebi i srcenceto ke se slusni[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Obicno kako sto citam nekade pomegu 6-7 nedela ima sansi da se slusni,sto mislite da pocekam ili da odam ponedelnicki???




sesilia -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (28.2.2013 15:35:21)

Лина,знам дека си нетрпелива исто и јас,ама решив да чекам ,докторката рече најубаво во 7ма нед ќе треба да се слушне и срце и да се види ембрионче.Бројам денов дотогаш .Инаку зошто толку често испитуваш бета хцг јас ниеднаш а и др не ми спомна дека треба [sm=zmeden.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  64 65 [66] 67 68   Следна страница >   >>