Идна мама -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (22.12.2013 8:56:33)
|
Здраво женски, јас сум нова на форум, сум 8 недела и некој ден и се чуствувам одлично иако одвреме-навреме ми се лоши, имам низок притисок, ме болат градите, понекогаш имам и некоја тапа болка во јајниците и ми се јаде на секој половина час. Сигурно се поправив кило, но ич не ми е гајле. Дома си уживам, одмарам, спијам, земав слободни денови... а маж ми е одговорен за се, почнувајќи од купување на намирници до чистење.... Ги прочитав сите постови, од прв до последен и многу нешта ми станаа јасни и не паничам за ништо (иако имав неколку спонтани). Затоа ви благодарам што постоите
|
|
|
|