RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (2.1.2014 21:57:38)

иванажарко, честитки за [sm=modricrtici.gif] цртки. [sm=bravo.gif]

И воопшто не се замарај со симптомите, нормално е и многу да болат, а нормално е и да не болат. Се е релативно и не се потпирај на симптомите. Ти посакувам лесна и убава бременост и да уживаш во неа секој миг. [sm=smiley1.gif]




ivanazarko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (2.1.2014 22:05:25)

leleee fala ti mnogu za odgovorot, mene ustvari vo pocetokot previse me bolea ali sega ovie denovi nekako poslabo, skoro nisto..:) a i baska neam nikakvi drugi siptomi, niti povrakanje, nistooo..osve sto mi se previse spie..se trudam maximalno da razmisluvam pozitivno ali nekako sve se plasam od posledniot pat sto mi se desi...da se nadevame deka nema da se povtori...za 2 nedeli doagam vo Mk i pravam sve detalno kontroli i pregledi..se nadevam do togas se ok...fala ti mnogu...




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (2.1.2014 22:14:26)

ivanazarko имај убава и лесна бременост [sm=bravo.gif]
Рано е за симптоми како лошење,киселини, повраќање а може да немаш ништо од тоа

Кога ќе бидеш во можност сподели со нас дали правеше некои испитувања и слично во темите на подфорумот Забременување




ivanazarko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (2.1.2014 22:20:43)

obavezno vi pisuvam...fala , me smirivte malku...:)




Mamita30 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.2.2014 9:27:26)

Јас сум нова на форумов 9 недела сум бремена, има ли некој што е приближно и како се осеќа???




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.2.2014 11:54:59)

Mamita30 добре дојде на Рингераја [sm=smiley1.gif]

Ти посакувам убава и лесна бременост [sm=bravo.gif]моментално тазе трудница се nataly86, Sandriana RR и Lina*.
Се надевам ќе си разменувате совети секојдневно [sm=bravo.gif]

Можеш да ни се претставиш во темата Да се запознаеме=ТУКА




sandriana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.2.2014 14:26:04)

Мамита30, добредојде на РРаја [sm=smiley31.gif]
Јас сум 9та недела, а како се чувствувам - искрено- исцрпено.
За разлика од првата бременост, која ја поднесов многу лесно, овој пат сум далеку од енергична и свежа [sm=smiley36.gif].
Се надевам дека набргу ова чувство ќе го снема, ќе се вратам во нормала [sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.2.2014 15:43:47)

Здраво Мамита30 и јас приближно како тебе 8 недела и 2 дена...што се однесува до бременоста оваа ми е прва и немам со што да споредувам...

Од симптоми имам утринско лошење, гадење кое полека се намалува ама затоа пак ми се јавува повраќање во попладневните и вечерните часови....чувтсвувам многу подуеност во стомакот (која си велам можеби е од утрогестанот бидејќи го примам 3 пати на ден) и поспаност значи кога сакам можам да заспијам [sm=bravo.gif]....
Поздравв




Mamita30 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (8.2.2014 10:53:04)

Ви благодарам за убавото добредојде [sm=smiley36.gif]
Симптомите и кај мене во моментот се исти како кај Вас, од исцрпеност до гадење и повраќање ама само попладне, предпладне си функционирам нормално така да и на работа сега за сега ми е супер, а кога ќе ми текне дека година ипол нон стоп пробувавме и ете сега се случи Бепчо, заборавам на мачнините и така си се насочувам да си мислам дека ми е добро [sm=smiley1.gif]




Azzura -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.2.2014 19:51:18)

Здраво девојки...Има ли некоја од вас искуство со миоми во бременоста ??[sm=smiley19.gif] Јас сум 6 ипол недели бремена, и денеска се појави срценцето, но на мојот доктор (а и вториот се поклопи со него) не му се допаѓа што зрново се угнездило меѓу два миома, од кој едниот можно е да му ја влече постелката и сега некако слабо се развива...Нивото на HCG во крвта полека се зголемува, но не како што треба...Докторот иако ми го соопшти сето ова, сепак вика дека „со заби ако треба ќе го извади“ [sm=smiley1.gif] Добро е што ми дава надеж, но јас сум целосно збунета и загрижена. Примам терапија прогестерон инекции + утрогестан вагинални, не крварам, не ме боли и стомак веќе, но плодот слабо се развива...има ли некој со сличен проблем ??? Фала




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.2.2014 21:30:50)

Azzura имаме тема Миоми за време на бременост=ТУКА ,твојот пост ќе го префрлам таму и се надевам ќе пише некоја рингерајка добро искуство.
Да биде се во ред со малото срце [sm=smiley31.gif]




Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (12.2.2014 12:38:05)

Azzura i jas sum 6 ipol nedeli bremena,i kaj mene betata e niska i slabo napreduva pa ti pisav poraka da sporedime[sm=smiley1.gif]




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (18.2.2014 16:18:21)

Ви се придружувам. 7ма недела, сеуште не епотврдена срцева акција, ама ќе биде и тоа.




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (18.2.2014 18:33:43)

blond [sm=bravo.gif] добре дојде [sm=9nebesa.gif]




sandriana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.2.2014 9:53:42)

[sm=bravo.gif] blond. Со лесно да си ја истуркаш бременоста.




Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.2.2014 12:16:36)

blon i jas sum 7 nedela pa ke mozeme cela bremenost da se druzime i da razmenuvame mislenja sto ni se slucuva. Nie vo ponedelnikot go vidovme bebuvceto i srcenceto sto cuka e sega neznam dali e rano za da se slusne ili doktovov ne ni ukluci zvuk ,neznam.Kaj mene se pojavija nekoi drugi problemi pa odam pocesto na kontrola,sega sledniot cetvrtok treba da odam pa se nadevam ke kazi doktorov nesto poveke za bebenceto.




луничка -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.2.2014 23:31:21)

здраво мамички ... јас сум во осма недела од бременост, немам гадење и повракање, но затоа ме фати некоја страшна настинка, а може и грипот со температури, кивање и затнат нос...пијам парацетамол и не ми помага околу темпратурата ... дали некој имал сличен проблем како мојот...? колку темпратурата може да му наштети на бебето?[sm=smiley19.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.2.2014 23:59:57)

луничка ти посакувам убава и лесна бременост [sm=bravo.gif]

Дозволено е само парацетамол,чаеви,лимон ..... внимавај да некачиш температура повеќе доколку се случи оди на лекар на консултации.Покачена температура во бременост не е нешто што е во ред

Твојот пост ќе биде поставен и во соодветната тема Настинки во бременоста




deluxe -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (20.2.2014 0:08:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: луничка

здраво мамички ... јас сум во осма недела од бременост, немам гадење и повракање, но затоа ме фати некоја страшна настинка, а може и грипот со температури, кивање и затнат нос...пијам парацетамол и не ми помага околу темпратурата ... дали некој имал сличен проблем како мојот...? колку темпратурата може да му наштети на бебето?[sm=smiley19.gif]


Луничка кај секоја трудница имунитетот се намалува,внимавај на тоа ,појачај го со витамини.Исто така за настинката добро е топли напитоци(супа,чај) земај Ц витамин дополнително,парацетамолот исто така не е штетен,и јас сум земала за време на бременост.Единствено температурата треба да ја контролираш,ставај облоги со вински оцет под пазувите,и на чорапите може,менувај ги на 10 мин. проверено е делува.Ефикасно ја намалува тт.Доколку нема подобрување мој совет ти е да си се консултираш со својот доктор.Ти посакувам побрзо оздравување[sm=smiley1.gif]




VAGA2 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (20.2.2014 9:31:45)

И јас сум седма недела[sm=smiley36.gif]! Во првата бременост ми беше катастрофа, лошење, повраќање од почеток, две недели не идев на работа, од кревет во вц и назад, а еве сега ми е подобро, имам онака нагони за повраќање ама не е страшно, и немам апетит, јадам ради [sm=duda.gif]!




Lina* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (20.2.2014 12:49:04)

masala masala pocna da se ispolnuva i ovaa grupa so novi mamicki[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (20.2.2014 13:33:20)

Колку повеќе [sm=nosecka.gif] толку по весело [sm=sloncek.gif]




луничка -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (20.2.2014 21:04:57)

мамички и јас на сите ви посакувам лесна и убава бременост[sm=duda.gif] и ми е многу мило што станав член овде, не сум сама [sm=bravo.gif] мене инаку темпераутурата денес ми се симна добро е...




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (21.2.2014 10:12:12)

Мене оваа бременост ми е скроз различна од претходната, освен што и во претходната прокрварував.
Ми се гади постојано, ај наутро смирувам некако гадење, ама кога ќе ме фати од кја 17.00 до кај 21.00, мака мачам. Де кажете ми како се справувате со нагоните за повраќање, гадењето во попладневните часови?!? Постојано гледам да грицкам нешто т.е да не ми е празен желудникот (овошје најчесто), ама нема некој ефект...




sandriana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (21.2.2014 10:18:57)

Блонд, еве ТУКА има за гадење во бременоста, можеби ќе ти помогне некој совет.
Инаку, мене ми минаа мачнините, а ги смирував со сок од цеден лимон.




Страница: <<   < Претходна страница  86 87 [88] 89 90   Следна страница >   >>