Bubba -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (18.2.2011 12:19:17)
|
Оф и јас истата мака ја имав во второ тромесечје. Три дена ме болеше грбот, десна страна кај плешката. Исто и под десната града кон желудникот. Мислев дека од бременоста е, ама кај мене испадна жолчката. Отидов на ехо и ми рекоа дека има мали камчиња, ситни и да внимавам многу на исхараната (никако мрсно, газирано, јајца, зелка кисела, сувемеснато итн. ) и се што јадам во многу мали количини повеќе пати во денот. Ама многу воспалена ми беше жолчката. Ако сакаш да провериш, стисни се со рака од десната страна, точно под реброто и ако те боли на допир, има воспаление. Се надевам не е жолчката, бидејќи ете и те виделе на ехо. Знам само дека ако има камченца, тие растат во бременоста или се појавуваат (и мене мн не ми е јасно) од естрогенот.
|
|
|
|