elenak -> RE: Миење заби на детето (10.6.2014 15:17:13)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR Нам ни се појави проблем со пастата за заби - до сега користев само Чикова, без флуор, ама се потроши, и бидејки Т ја јадеше - буквално, ја лижеше од четка - решив да ја сменам. Прво зедов Colgate детска, но не ја сака, лутела многу. Сега имам на Vademecum со вкус на јагода, и многу малку лути - ама пак, треба да се убедуваме да мие заби и со нејзе. А без паста не сака....Единствен начин ефикасен, за бар јас да и ги исчеткам запчињата сега е цртанот со Маша и лижавчињата и болното запче - тоа единствено ја плаши и успеваме да се измиеме. И ние ја имаме истата паста, ја земав од КАМ, ама ни Ј не мие баш радо заби, некогаш сака сама некогаш се бунтува, зависи од расположение. Инаку миеме и со онаа апликацијата на тел, токинг Џинџер. Има една опција да мие заби и тече време, па така го пуштаме Џинџер и четкаме додека четка и тој.[sm=smiley36.gif] На крај осмех со светкави забчиња и аплауз нормално. А сакав и да ве прашам, колку време ви стои отворена паста? Дека ептен по малку се става нели и не знам дали после одредено време да ја фрлам недотрошена и да купам нова или? Пред 2-3 месеци почнавме со паста (претходно само со вода) и оттогаш ми е и купена.
|
|
|
|