Bethany -> RE: Миење заби на детето (27.5.2013 16:20:11)
|
И син ми почна да мие редовно заби секоја вечер, отвара тој уста и сака, веќе е стекнал навика, е сега нормално не може да отвори баш ко ние што сакаме, ама се снаоѓаме, ја протураме четкичката некако [sm=smiley1.gif] Кога почнавме во почетокот се бунеше малку и бевме многу претпазливи поради забите, бидејќи десните му беа многу раздразнети, па имаше период кога воопшто не се ни обидував да го мачам да не го повредам со четкичка. Така малку со крпичка ако можев да забришам. На Дак Тв програма, навечер баш кога му е време за спиење, одат тие цртани каде животинките перат заби и одат на спиење. И мислам тоа многу помогна, му покажував и зборував и сега сам трчи да пере заби. Користам некоја четкичка и паста без флуорид со Томас д Треин ама не знам што марка е, добивме ги од страна.
|
|
|
|