Боцко -> RE: Миење заби на детето (17.5.2009 21:48:38)
|
Ние четкаме со скокање на понекој ден, но четкаме одамна, веројатно од 18 месеци. Подобро порано да се почне. Четкаме со паста. Четката ни е Oral B "Stages" прилагодена на возраста а пастата е на Chicco, прво од банана а сега имаме јагода. Траат до бесвест и ќе заборавиш кога си ја купил(а) така што цената од 150 денари е оправдана. Помеѓу нив имавме и една српска паста со Фифи, е таа ја сакаше многу и полесно се убедувавме. Ја донесов од Приштина ама сега веќе ги нема. Инаку убаво е да се има еден вид мал ритуал за полесно прифаќање на навиката. Нашиот се вика „Чао шеќерко“, за после јадење чоколадо да не ни бидат поцренти запчињата. Некогаш успева, некогаш заедно МОРА и јас да ги мијам. 75% успешност.
|
|
|
|