|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:15:17   
Еца
Кај една третина доносени новороденчиња третиот ден од животот се јавува физиолошка жолтица, која трае неколку дена

Здраво и доносено новороденче се раѓа со родилна тежина меѓу 3.000 и 4.200 грама и долго од 49 до 51 см. Првите 3 до 5 дена по раѓањето новороденото губи во просек 7 отсто (максимум 10 отсто) од својата родилна тежина, затоа што губењето течност преку мокрењето, мекониумот и невидливото губење на течности е поголемо од внесените течности преку цицањето. Со воспоставување на лактацијата брзо доаѓа до рамномерен пораст во телесната тежина, така што новороденото ја достигнува родилната тежина за 2 до 3 дена. Кај некои новороденчиња ваквата физиолошка дехидратација може да биде проследена и со пораст во телесната температура во тек на вториот или третиот ден од животот.

Кожата на новороденото по раѓањето е покриена со сиреста маса што ја штити кожата на новороденото и која за неколку дена се суши и паѓа, освен ако верниксот не се отстрани уште првиот ден од козметички причини, со првото бањање на новороденото.

Многу често кај новородените првите денови од животот доаѓа до лупење на површинскиот слој на кожата (епидермисот) во помали или поголеми лушпи, а кај некои новороденчиња може да се појави црвенило (еритем) или, пак, точкест исип од непозната причина.

Монголска пега се јавува кај мал процент новороденчиња во предел на крсната коска во облик на сивкаво-модра флека со големина од неколку сантиметри до големина на дланка. Обично исчезнува до крајот на првата година од животот.

Кај една третина доносени новороденчиња третиот ден од животот се јавува физиолошка жолтица, која трае неколку дена. Се работи за зголемување на вредноста на неконјугиран билирубин во крвта, така што реакцијата на билирубин во мочта е негативна. Кај недоносени новороденчиња или новородено со вродена хипотиреоза, жолтицата може да трае многу подолго време.

Патолошка појава е и новороденечката жолтица во првите 24 до 36 часа од раѓањето. Причина за појавата на физиолошка жолтица е незрелост на црнодробниот ензим, кој учествува во претварање на неконјугиран билирубин (кој како таков не може да се излачи преку жолчката) во конјугиран билирубин.

Цревото на новороденото е исполнето со црно-зелена, жилава, леплива маса мекониум, која се исфрла најчесто во првите 24 часа по раѓањето

Новороденчето се измокрува по правило непосредно по раѓањето, а потоа може да поминат 24 часа па и повеќе тоа да не се измокри повторно.

Тоа е резултат на физиолошката супхидрација во првите денови од животот. Мочта на новороденото содржи поголемо количества уратни кристали, поради што таа може да биде црвеникаво пребоена и тоа не треба да биде причина за загриженост на родителите.

Кај здраво новороденче во текот на денот и ноќта постои неправилно менување на периодот на будност и спиење. Правилен циркардијален ритам на будност и спиење се воспоставува дури по неколку недели и месеци. Во будна состојба новороденото може да биде мирно и релаксирано, со скудна моторика, будно и моторички активно и будно и вознемирено со плач.

Кај новороденчињата постојат т.н. примитивни рефлекси и автоматски реакции, карактеристични за новороденечки и доенечки период. Потоа исчезнуваат. Тие се знак на се уште нецелосно дозреана функција на мозокот. Во оваа група спаѓаат повеќе рефлекси. Рефлексот на цицање (ако се стави во устата на детето предмет тоа ги почнува движењата на цицање) обично исчезнува до 4 месец на животот. Рефлекс на барање со усните - ако се допре аголот на устата, детето ја врти главата на таа страна и се обидува да го дофати предметот со усните.

Педијатар д-р Јани Враготеров Специјална болница "Мала Богородица" - Скопје( Извор: Дневник)


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:23:19   
Еца
Дали вашите мали ја прележаа жолтицата во болница или дома, или воопшто немаа?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:25:44   
Еца
Жолтицата кај новороденчињата се манифестира со жолто боја на кожата и на белките на очите. Манифестна, видлива жолтица, се јавува кај речиси една половина од бебињата и таа не предизвикува никакви проблеми, исчезнува најчесто до крајот на втората недела по раѓањето. Жолтата обоеност се јавува како резултат на тоа што во човечкото тело постојано се создава нова крв, а старата крв подлежи на разложување. Еден од продуктите на таквото разградување на крвта е билирубинот, кој нормално се создава во црниот дроб, а се елиминира од телото преку изметот. Во првите денови на животот црниот дроб се уште е незрел и не функционира ефикасно како во подоцнежниот период од животот. Оттаму се јавува тенденција да се зголеми билирубинот во крвта, а со тоа и појавата на жолтата обоеност на кожата и на белките на очите.

Оваа таканаречена физиолошка жолтица не е штетна по здравјето на новороденчето. Ако количеството билирубин е високо, може да предизвика поспаност кај новороденчето. Само многу високи нивоа на билирубин во крвта може да предизвикаат проблеми со слухот и оштетување на мозокот.

Поголема опасност од високо ниво на билирубин во крвта има кај недоносени деца, бебиња со инфекции, бебиња чија крвна група (Рх фактор) е различна од таа на нивната мајка. При повисоко ниво на билирубин во крвта се јавува потреба од соодветен третман.

Основното правило во третманот кај овие деца е да се внесуваат што повеќе течности. Тоа помага да се отстрани билирубинот од крвта. Умерената жолтица се третира со ставање на новороденото голо, со очите заштитени со маска, под сино светло или т.н. фототерапија. Ова светло го разградува билирубинот во кожата и доведува до исчезнување на жолтата обоеност.

Кај тешката жолтица новороденото може да има потреба и од специјална трансфузија на крвта, со која крвта на бебето се заменува со свежа за да се исчисти билирубинот од крвта.

Обично нема далекусежни проблеми по прележаната жолтица кај бебињата. Оштетувањата на мозокот што се јавуваат при многу високо ниво на билирубин во крвта е особено ретка појава, бидејќи нивото на билирубинот редовно се контролираат во болница.

Педијатар д-р Јани Враготеров Специјална болница "Мала Богородица" - Скопје( Извор: Дневник)




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:27:44   
Палешка РР
Марио ја прележа жолтицата дома. Се сеќавам дека му давав гликоза, едно лажиче шеќер се вари со 100 мл. вода. Можеби сега даваат нешто друго, незнам, ќе треба да се научам.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:31:42   
mami
Лук ја прележа дома, дека беше топло и имаше многу сонце ние дури и не го приметивме туку патронажната ко виде и само ни препорача секој ден по 15 мин на сонце- на она најтоплото туку наутро , да се сонче и за неколку дена ја немаше, а ништо дополнително не му давав, само си цицаше

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Физиолошка жолтица
1.8.2009 12:48:21   
mimicka
Isto bese i so Ilija. Koga ne otpustij od bolnica nemase zoltica. Po eden den koga dojde patronaznata ni kaza deka ima zoltica i da go iznesuvame vo dvor na sonce po nekoi 15-20 min. Blagodarenie na sonceto mu pomina za nekolku dena.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Физиолошка жолтица
2.8.2009 0:55:57   
nadica
nadica imase zoltica i 2 dena dodeka bevme vo bolnica po 3-4h bese na fototerapija doma davavme glikoza nekolku dena i dobro pominavme

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Физиолошка жолтица
1.10.2009 9:46:11   
mami
како поминаа другите мамички со оваа жолтица? некои викаат дека подобро дома да ја помине, некои подобро во болница? што е правилно?

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Физиолошка жолтица
1.10.2009 9:53:10   
mother 29
ние имавме во болница.едно сабајле не ми го донесоа и др.Марина ми кажа дека пожолтел малку и дека добро  што во болница го фатило.го кварцаа 3-4 саати и толку

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Физиолошка жолтица
1.10.2009 10:04:20   
mis.
Моите две деца не фатија жолтица ни дома не фатија не знам како ја одбегнав и со двете деца.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Физиолошка жолтица
1.10.2009 10:09:53   
big_mama817
и  ние не ја прележавме зашто првите 9 дена бевме во инкубатор user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Физиолошка жолтица
6.11.2009 15:07:26   
Tanjicka
dali znaete koi se vrednostite na bilirubin kaj novorodence?imamme 2 meseci i uste sme zolti na liceto, pa pravevme analiza denes

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Физиолошка жолтица
4.12.2009 10:55:26   
profesorica
Дамјан ја прележа дома.Многу цицаше и го сончавме надвор со јекодерм намачкан.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Физиолошка жолтица
4.12.2009 11:08:59   
Iva
Михајло ја прележа во болница, а Тео воопшто и не доби жолтица.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Физиолошка жолтица
5.12.2009 16:23:04   
Весна
А што треба да се преземе доколку е зима (нема сонце), а бебто дома фати жолтица?
Треба во болница да се однесе?

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Физиолошка жолтица
5.12.2009 16:26:37   
mis.
весна обично бебињата фаќаат физиолошка жолтица ведна по раѓањето после 1-2 дена а во тој период се сеуште во болница.Има случаеви каде бебето се јавило жолтило со доаѓањето дома но затоа веднаш по пристигањето дома потребна е посета на патронажна сестра која ќе го посетува и прати бебето додека е дома.Секако ако родителите приметат дека кожата на бебето пожолтува треба да се јават на лекар.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Физиолошка жолтица
5.12.2009 16:33:06   
Mila na mama
Мила доби физиолошка жолтица во болница и поради тоа останавме 5 дена таму постојано ја сончаа на билибед сепак бидејќи мм требаше службено да отпатува сакаше пред да оди да си отидеме дома па не отпуштија од болница 1 ден порано уште еден ден потоа отидовме на сончање и помина. Многу треба да цица, а бидејќи беше лето уште првите денови во 7 наутро ја изнесував до паркче ем да не сум јас затворена дома ем сонце да ја фати.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Физиолошка жолтица
31.12.2009 14:23:06   
Палешка РР
Миа доби физиолошка жолтица додека бевме на болница. Беше на фототерапија 4 часа, додека се чекаа резултатите од крвта за нивото на билирубин. Бидејќи беше во нормала не пуштија од болница со препорака за доење и чување на дневна светлина.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Физиолошка жолтица
31.12.2009 15:36:37   
Весна
Јана не фати, а ни јас ја немам прележано. Не знам колку тоа е добро или лошо, но претежно имам слушано дека е добро да се прележи и тоа што порано. user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Физиолошка жолтица
31.12.2009 15:50:55   
Еца
Ниту Мила, ниту Мартина ја прележаа жолтицата, но не знам зошто тоа е лошо. Напротив. Баш ќе се потрудам кај педијатарот да се информирам и обавезно ќе напишам. Ме стави во мисла сега.

< Поракaта ја уредил Еца -- 31.12.2009 15:51:13 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Физиолошка жолтица
31.12.2009 16:04:44   
Палешка РР
Јас прашав и добив одговор дека физиолошката жолтица нема врска со обичната, ја прележуваат сите новороденчиња некои со побурна, некои со посмирена реакција. Тоа е процес на исфрлање на изумрените клетки од крвотокот на мајката и воспоставување на сопствен крвоток. Заради тоа е и жолтата боја во очите и на лицето. Ако не се манифестира не значи и дека не се појавила. Само била со помал интензитет.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Физиолошка жолтица
12.2.2010 9:54:44   
mis.
  • Жолтицата се карактеризира со жолтеникава пребоеност на кожата и на очите. Често се сретнува кај новородените, кај недонесени бебиња е почеста.

  • Жолтицата е предизвикана од вишокот на хемиска супстанца наречена билирубин, која нормално се елиминира преку црниот дроб. Црниот дроб на новороденото е недоволно зрел , но најчесто за неколку дена тој е способен да го процесира билирубинот.
  • Ако се работи за донесено бебе, лесната жолтица не е нешто што треба да ве загрижи и ќе помине за околу една недела. Сепак, ако бебето е недоносено или болно, или ако нивото на билирубин е многу високо, потребно е внимателно следење и медицински третман.
  • Жолтица може да е предизвикана и од други причини како присуство на антитела на крвните групи ( Резус фактор или АБО инкoпатибилија), хемолитичка анемија, хепатитис и галактоземија.
Кои се симптомите на жолтица?
Симптомите на жолтицата зависат од причината и од тежината и вклучуваат:
  • Жолтеникава пребоеност на кожата, која обично прво се јавува на лицето и на скалпот.
  • Жолтеникава пребоеност на беличастиот дел на очите ( склера)
  • Кај средно изразена жолтица, жолтеникавата пребоеност е проширена и на кожата на телото.
  • Кај тешка жолтица, присутно е жолтеникаво пребоеност на дланките на рацете и на стопалата.
  • Невообичаена поспаност.
  • Одбива да цица
  • Во некои случаи столицата е светло обоена а урината е темна.
Што подразбираме под физиолошка жолтица?
Како нуз производ на разградбата на хемоглобинот (кој е содржан во црвените крвни елементи) се создава хемиска субстанца билирубин . Црниот дроб помага во елиминацијата на билирубинот. Во интраутериниот живот билирубинот преку папочната врпца се испраќа и се елиминира преку организмот на мајката. По раѓањето, билирубинот треба да се елиминира преку црниот дроб на бебето. Црниот дроб на бебето не е доволно зрел, потребни се неколку дена за да започне да функционира како што треба, во тој период, покачениот билирубин во организмот на бебето ги предизвикува карактеристичните симптоми на жолтица. Билирубинот е покачен кај повеќето новородени бебиња, но забележливи симптоми се јавуваат само кај 60% . Третман обично не е потребен, освен ако нивото на билирубинот не е многу високо, или ако не се работи за недоносено или болно дете.
Дали има други причини за жолтица?
Жолтицата може да е предизвикана и од бројни други кондиции вклучувајќи ги следните:
  • Мајчиното млеко - дојките на мајката во првите денови по породувањето продуцираат мали количини на колострум. Преку доењето, бебето прима недоволна количина на течности, што може да го поремети функционирањето на црниот дроб. Покрај тоа, се смета дека некои ензими содржани во мајчиното млеко допринесуваат за т.н. „жолтица предизвикана од мајчино млеко“.
  • Неонатален хепатитис - некои вируси може да предизвикаат хепатитис кај бебињата, како цитомегаловирус, рубеола и хепатитис А, Б , и Ц. Бебето било експонирано на вирусна инфекција во тек на интраутериниот живот, или во тек на првиот месец по раѓањето.
  • Rh (Резус) и АБО инкомпатибилија - во организмот на мајката се создале антитела кои во подцните стадиуми на бременоста може да ги нападнат крвните клетки на новороденото. Ова значи, дека во организмот на бебето ќе се распаднат повеќе отколку што е нормално крвни клетки и ќе се создаде поголема количина на билирубин, кој треба да се елиминира. Во такви случаи, бебето може да се роди со анемија и да развие тешка жолтица во тек на првите неколку часови по раѓањето.
  • Хемолитичка анемија - наследните типови на хемолитички анемии се автоимуни заболувања, во кои настанува деструкција на крвните клетки од страна на имуниот систем. Хемолитичка анемија може да се јави и како компликација на такви болести како што е маларија.
  • Галактозмија - галактозата е млечен шеќер. На бебе со галактоземија му недостасува ензим кој е неопходен за метаболизирање на галактозата. Високите вредности на млечниот шеќер може да доведат до цироза на црниот дроб и последователна жолтица.
  • Билијарна атрезија - каналчињата преку кои жолчката од црниот дроб протекува во тенкото црево од непознати причини се деструирани. Без овие каналчиња, жолчката се акумулира во црниот дроб и се јавуваат симптоми карактеристични за жолтица.
Дијагностички методи
За да се утврди причината за жолтица кај бебето потребно е да се направат различни дијагностички тестови: крвни тестови, ултразвучно испитување, биопсија на црниот дроб и на крајот, експлоративна хируршка интервенција.

Третман
Третманот на жолтицата кај бебињата зависи од причината, и вклучува:
  • Лесна физиолошка жолтица - ако бебето е здраво, не му треба третман. За неколку дена црниот дроб на бебето ќе се оспособи адекватно да го процесира билирубинот.
  • Средна и тешка физиолошка жолтица - опциите вклучуваат фототерапија ( терапија со светлина). Ова помага билирубинот во кожата да се трансформира во помалку опасна хемиска супстанца. Во тешки случаи потребна е трансфузија на крв, но тоа е многу ретко.
  • Жолтица на мајчино млеко - доењето во најголем број на случаите треба да се продолжи. Фототерапијата е главен третман.
  • Неонатален хепатитис - нема специфичен медицински третман. Може да се даваат витамини, минерални суплементи, или лекови кои го подобруваат протокот на жолчката.
  • Хемолитичка анемија - третманот зависи од причината. На пример, инфекција со паразити на маларија може да предизвика хемолитичка анемија и третманот вклучува анти-малариски лекови.
  • Галактоземија - најважно е да се исфрли галактоза или лактоза ( друг млечен шеќер) од исхраната. Тоа значи, дека треба да се сопре доењето и да се користат специјални млечни формули во кои нема млечен шеќер.
  • Билијарна атрезија - може да се направи хируршка интервенција ( bypass) за да се поврзе мал дел од црниот дроб со тенкото црево и со тоа да се овозможи ефикасна дренажа на жолчката. Kaj oколу 75% ќе се постигне добра или барем доволна дренажа на жолчката. За останатите единствената опција е трансплантација на црниот дроб.
Каде да се обратите за помош?
  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести- неонатолошка консултативна амбуланта


(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Физиолошка жолтица
12.2.2010 10:35:26   
biljana16
Na denot koga trebase da si odime od bolnica na rezultatite od krvta se pokaza deka maliot mi e bolen od ovoj tip na zoltica. Ni rekoa deka morame da ostanime uste eden den i maliot go stavija na fototerapija. Bidejki bese vo pogolema forma pedijaterot insistirase da pravi sekoj den ispituvanja na krvta. Posle dva dena otkako se vrativme doma pak ne zadrzaa vo bolnica na fototerapija bidejki sostojbata se imase vloseno. Sega se e veke vo red. Inaku pedijaterot ni objasni deka ovoj vid na zoltica ja pominuvaat skoro site deca no nekoj vo pomala a nekoj vo pogolema faza. Ako e vo pogolema faza rece najubavo e bebeto da se stavi na lambi zastoa sto vo nekoi slucai (retko) moze da dojde do trajni posledici. Inaku koga ke se izleci ne ostava ama bas nikakvi posledici.


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Физиолошка жолтица
10.3.2010 19:29:27   
lukas
pred da me ispustat od bolnica imase lukas zoltica i se si mislev nema sansa da me pustat no koga dojde vizita go pregledaa lukas i mi rekoja mozis da si odis ima zoltica no ne e strasno ...ete sega sme  12 dena kaj so sme rodeni i ima uste zoltica go cicam mu davam glikoza ama uste mi e zolt...neznam dali treba da se plasam pa utre sum na kontrola pa ke vidam....ama sto posto si velam koga me pustile ne e golema kolicinata na biliriubini?
mamicki so velite?

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Физиолошка жолтица
10.3.2010 19:34:56   
viksa
Петар исто така имаше жолтица уште во болница, но бидејќи тогаш му беше прилично висок билирубинот не оставија да седиме уште 5 дена а потоа не пуштија. Инаку тој имаше жолтица до возраст од 1,5 месец а потоа му помина. Ништо не му давав само си цицаше редовно. 

_____________________________

Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?