|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Физиолошка жолтица
10.3.2010 19:38:46   
melody
Nie se soncavme nekoi tri dena intenzivno znam ,a zolticata i bese prisutna do dvomesecna vozrast i bese zoltica na majcino mleko barem taka kaza pedijatarot.


(Одговор на членот viksa)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Физиолошка жолтица
22.2.2012 12:24:27   
vezilka RR
Никола кога се роди, заради тоа што се напил од заматената плодова вода, фати инфекција од која имунететот прилично му се нали. Падна на килажа повеќе и фати жолтица. Останавме во болница 10 дена заради жолтицата. Белирубините никако не му се средуваа. Од 10 дена тој 9 дена беше во собата за опсервација и примаше разни лекарства ту за инфекцијата, ту за жолтицата, стигнавме дури и до инфузии.И плус го сунчаа. Секој ден ги чекав резултатите од крвната слика за да ги видам колу се белирубините и дали ќе си одиме дома. Кога конечно си отидовме дома ми препорачаа што почесто да цица и што е можно повеќе на дневна светлина, дури ако може креветчето да го поместиме до прозорец. Жолтицата ја имавме три месеци. Детето едвај да напредуваше тие месеци оти беше многу поспан заради жолтицата и не цицаше баш многу, а цел ден ми беше на града, ама буквално цел ден на града. Заради жолтицата ниту раната од папчето не можеше да ни заздрави убаво, и долго крвареше, па дополнително во неколку наврати го боцкаа со инекции калиум. Тогаш ни рекоа дека многу ретко се случува, ама нормално е и не е за паничење, жолтицата да се задржи три месеци. Идевме често на контроли, прво секоја недела, па на две недели и се така додека ја имавме. Јас мислев дека никогаш нема да заврши сето тоа и бевме сите под некаков стрес, мада сите ни викаа, де,де па жолтица е не ништо страшно. Сега и јас така викам, ама тогаш јас си знаев..

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Физиолошка жолтица
25.7.2012 9:26:05   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mmbucko

Mamicki aj i jas da pobaram sovet od vas :(((. Bebco e roden pred 11 dena i se vodi kako predvreme rodeno vo 36 nedela. Roden bese so 3260g i odma mi razvi zoltica i padna na 2900, i pokraj intenzivna dohrana vo bolnica i so taa kilazq i ne ispuatija. Po 2 dena na kontrola so doenne doma i dohrana na spric padna uste 130g i mu se pokaci zolticata mnogu. Povtorno ne vzadrzaa vo bolnica i ne stavija na infuzija i hranenje samo na sisence ( na medela kalma, demek ne se odviknuva od cicanje so nea). Za 24h ni padna bilirubinot i kacivme 130g. Sega si cicame + shishence koga saka i pak stoime na 2900g. Bebco ci mocka, si kaka ne place deka e gladen ama ne mrdnuva so kilaza. Dali nekoj imal vakov problem i kako se odvival porastot. Navistina 3 detence mi e ama so drugite nemav vakov problem. Ve molam pomagajte so sovet.
Ah da pokraj cicanjeto se odmolzuvam i toa mu go dodavam na cucla i plus uste i mu dopravam AD ama mn malku. Ednoatavno bebco nesaka da jade poveke.. Mu davam veke 3 dena i bebivit kapki, demek gi ogladnuvale decata ama nema razlika :(((((



Ете го нашето искуство во предходнит пост. Нас жолтицата ептен не измачи. Првите три месеци Никола скоро и да не напредуваше во тежина. Јас не издржав само со цицање иако докторот инсистираше и му воведов АД и тоа не после секое цицање, така прочитав некаде, за да не ми се навикне на шише, туку некаде привечер, предпоследното и последното цицање, пред спиење. После 4тиот месец детето со таа доза качи 2 кила одеднаш и му го укинав едното, предпоследното шише останавме на последното, кое најчесто и не го допиваше до крај, туку повеќе од навика. Нема везе, си цицаше цел ден и само пред сиење пиеше од шише.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Физиолошка жолтица
28.7.2012 23:08:13   
eleonorastrumica
И моето имаше физиолошка жолтица и јас секој ден од кај 7 часот до кај 10 часот го ставав во количка и надвор на тераса на сонце ,така ми беше препорачала една роднина педијатар и за една недела две исчезна,си напредувавме сипер во првиот месец само цицање 1кг и 500 грама,само надвор на сочева светлина кога е послаба сега може до кај 9 чесот после некако ми е многу јако сонцето и после 7 надвечер и мислам дека ќе роди со резултат треба само да бидете упорни и се ќе се среди

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Физиолошка жолтица
21.10.2012 16:54:42   
meU87
И после недела дена од кога се вративме дома ние уште се расправаме со овој проблем. Вчера докторот ни кажа дека не е страшно, да ја вадиме на сонце и сл. Ете денес на два пати ја извадив надовр, ама како тоа на сонце, но пазам и да не ја пече многу , очињата и ги прекривам.
Дали да давам водичка, зошто сме на доење. Незнам веќе што да правам, а ме нервира што уште се расправаме со оваа физиолошка жолтица.

(Одговор на членот eleonorastrumica)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Физиолошка жолтица
26.11.2013 14:26:10   
Martins mom
На денот на излегување од болница фативме жолтица и ете сме уште со неа. Немам никакво искуство претходно со неа, пошто мартин не фати. Ниту ми кажаа на болница вредност на билирубин, нити ништо. Не знам за каква жолтица се работи. Ете цицаме почесто, на саат, саат и пол, си мочка и кака најнормално, само многу ми е поспана. Ја будам и будна е скоро 2 * 2 часа. Ја ставам на проорец, на дневна светлина да си лежи, оти со сонце некако слабо стоиме :) Вчера беше патронажната сестра и ми рече да не се грижам, ама ај не се секирај де...Како да знам дали состојбата е влошена?! Жолта е на лицето најмногу, а на телото скрос малцеuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот meU87)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Физиолошка жолтица
19.2.2014 10:48:49   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: emilijamak

Mila nardi a imavte li problemi so pospanost i so hranenje na pocetokot ova moevo cica no zaspiva brzo, maka macime so budenje a i nesto mi e zolticko vo obravcinjata, vo bolnicata go soncaa od fizioloska zoltica i se plasam da mu se nema povrateno zolticata, inaku mokracata ne mu e temna i kakata mu e zolta oker boja



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Физиолошка жолтица
19.2.2014 14:15:13   
vezilka RR
Штом има жолтица бебето е поспано и заспива штом почен да цица. Затоа послабо напредува со килажата. И нам ни беше тешко будењето, ми викаа скубни го, или штипни го е се разбуди, ама не ми успеваше. И жолтицата дооолго ни траеше, дури после третиот месец се доведовме во ред. Треба истрајност и трпение со жолтицата и редовни контроли кај педијатарот. Ние одевме прво секоја недела, па потоа на две и така како се подобруваше, ги изретчувавме контолите.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Физиолошка жолтица
19.2.2014 23:03:55   
kapina
emilija k izveduvaj go bebceto po malku na sonce ako ima zoltica vnuceto imase i sekojden sestra mi go vadese po malku na sonce i si pomina sama od sebe ova e fizioloska zoltica se pojavuva oti seuste ne mu e dobro razvien crniot drob

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Физиолошка жолтица
19.2.2014 23:42:28   
deluxe
И моето второ дете фати жолтица кога си дојдовме дома,беше како портокал на лицетоuser posted image user posted image Од болница ништо не ми кажаа што и како да правам.Потоа требаше на 1 недела да прими вакцина и докторката ме советуваше,да му давам 1/2 Б6 витамин,преку денот да пие многу течности,и да му давам да пие шербет(100мл вода ,да врие со 1 лажичка шеќер) сунчање обавезно по 15 мин.За една недела ја средивме жолтицата,и си ја примивме вакцинатаuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Физиолошка жолтица
20.2.2014 17:40:19   
Snow Queen
На 29ти Декември ме пуштија, дури некаде 2/3 Јануари фати жолтица и добри 10 дена не држеше.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Физиолошка жолтица
2.6.2014 8:39:22   
vezilka RR
И Јосиф има жолтица, ама многу помалку во сспоредба со Никола, и не пуштија дома. Со препорака што повеќе да цица и да седи на сонце, дневна светлина. Она што го научив сега за жолтицата а не го знаев е дека дали детето ќе фати жолтица или не зависи од комбинацијата на крвните групи на родителите. Ние сме различна, јас сум Б позитив, а мажле 0 негатив и двете деца ми имаа жолтица. Ете кај сестра ми на пример, двајцата се 0 ама едниот позитив, другиот негатив, и децата не фатија жолтица. Ако некој има повеќе инфо за ова баш би ме интересирало да прочитам зошто е тоа така.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Физиолошка жолтица
2.6.2014 10:16:44   
Bethany
Па и ние сме различити, мм е А позитив, а јас сум 0 позитив и Ј не фати воопшто жолтица...

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Физиолошка жолтица
2.6.2014 10:33:04   
Defne90 RR
И јас првпат слушам за тоа,којзнае може и има нешто а може и не.И ние сме различна крвна група со мм,јас сум а позитив а тој 0 позитив.Првото дете фати ептен многу жолтица,дури и се мислеа докторите дали да го дигнат во болница.Ама за среќе се стабилизира со многу течности,тој беше на ад па му правев преку еден час и му давав ад.Вториот син фати ама значитекно помалку од првиот,тој цицаше и јас постојано го ставав на гради.И му помина многу брзо.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Физиолошка жолтица
2.6.2014 12:05:38   
Melanija RR
Хм и јас и мм сме иста крвна група А рх позитив и М немаше жолтица ,може има некоја поврзаност

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Физиолошка жолтица
3.6.2014 10:09:15   
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

  • Жолтицата се карактеризира со жолтеникава пребоеност на кожата и на очите. Често се сретнува кај новородените, кај недонесени бебиња е почеста.

  • Жолтицата е предизвикана од вишокот на хемиска супстанца наречена билирубин, која нормално се елиминира преку црниот дроб. Црниот дроб на новороденото е недоволно зрел , но најчесто за неколку дена тој е способен да го процесира билирубинот.
  • Ако се работи за донесено бебе, лесната жолтица не е нешто што треба да ве загрижи и ќе помине за околу една недела. Сепак, ако бебето е недоносено или болно, или ако нивото на билирубин е многу високо, потребно е внимателно следење и медицински третман.
  • Жолтица може да е предизвикана и од други причини како присуство на антитела на крвните групи ( Резус фактор или АБО инкoпатибилија), хемолитичка анемија, хепатитис и галактоземија.
Кои се симптомите на жолтица?
Симптомите на жолтицата зависат од причината и од тежината и вклучуваат:
  • Жолтеникава пребоеност на кожата, која обично прво се јавува на лицето и на скалпот.
  • Жолтеникава пребоеност на беличастиот дел на очите ( склера)
  • Кај средно изразена жолтица, жолтеникавата пребоеност е проширена и на кожата на телото.
  • Кај тешка жолтица, присутно е жолтеникаво пребоеност на дланките на рацете и на стопалата.
  • Невообичаена поспаност.
  • Одбива да цица
  • Во некои случаи столицата е светло обоена а урината е темна.
Што подразбираме под физиолошка жолтица?
Како нуз производ на разградбата на хемоглобинот (кој е содржан во црвените крвни елементи) се создава хемиска субстанца билирубин . Црниот дроб помага во елиминацијата на билирубинот. Во интраутериниот живот билирубинот преку папочната врпца се испраќа и се елиминира преку организмот на мајката. По раѓањето, билирубинот треба да се елиминира преку црниот дроб на бебето. Црниот дроб на бебето не е доволно зрел, потребни се неколку дена за да започне да функционира како што треба, во тој период, покачениот билирубин во организмот на бебето ги предизвикува карактеристичните симптоми на жолтица. Билирубинот е покачен кај повеќето новородени бебиња, но забележливи симптоми се јавуваат само кај 60% . Третман обично не е потребен, освен ако нивото на билирубинот не е многу високо, или ако не се работи за недоносено или болно дете.
Дали има други причини за жолтица?
Жолтицата може да е предизвикана и од бројни други кондиции вклучувајќи ги следните:
  • Мајчиното млеко - дојките на мајката во првите денови по породувањето продуцираат мали количини на колострум. Преку доењето, бебето прима недоволна количина на течности, што може да го поремети функционирањето на црниот дроб. Покрај тоа, се смета дека некои ензими содржани во мајчиното млеко допринесуваат за т.н. „жолтица предизвикана од мајчино млеко“.
  • Неонатален хепатитис - некои вируси може да предизвикаат хепатитис кај бебињата, како цитомегаловирус, рубеола и хепатитис А, Б , и Ц. Бебето било експонирано на вирусна инфекција во тек на интраутериниот живот, или во тек на првиот месец по раѓањето.
  • Rh (Резус) и АБО инкомпатибилија - во организмот на мајката се создале антитела кои во подцните стадиуми на бременоста може да ги нападнат крвните клетки на новороденото. Ова значи, дека во организмот на бебето ќе се распаднат повеќе отколку што е нормално крвни клетки и ќе се создаде поголема количина на билирубин, кој треба да се елиминира. Во такви случаи, бебето може да се роди со анемија и да развие тешка жолтица во тек на првите неколку часови по раѓањето.
  • Хемолитичка анемија - наследните типови на хемолитички анемии се автоимуни заболувања, во кои настанува деструкција на крвните клетки од страна на имуниот систем. Хемолитичка анемија може да се јави и како компликација на такви болести како што е маларија.
  • Галактозмија - галактозата е млечен шеќер. На бебе со галактоземија му недостасува ензим кој е неопходен за метаболизирање на галактозата. Високите вредности на млечниот шеќер може да доведат до цироза на црниот дроб и последователна жолтица.
  • Билијарна атрезија - каналчињата преку кои жолчката од црниот дроб протекува во тенкото црево од непознати причини се деструирани. Без овие каналчиња, жолчката се акумулира во црниот дроб и се јавуваат симптоми карактеристични за жолтица.
Дијагностички методи
За да се утврди причината за жолтица кај бебето потребно е да се направат различни дијагностички тестови: крвни тестови, ултразвучно испитување, биопсија на црниот дроб и на крајот, експлоративна хируршка интервенција.

Третман
Третманот на жолтицата кај бебињата зависи од причината, и вклучува:
  • Лесна физиолошка жолтица - ако бебето е здраво, не му треба третман. За неколку дена црниот дроб на бебето ќе се оспособи адекватно да го процесира билирубинот.
  • Средна и тешка физиолошка жолтица - опциите вклучуваат фототерапија ( терапија со светлина). Ова помага билирубинот во кожата да се трансформира во помалку опасна хемиска супстанца. Во тешки случаи потребна е трансфузија на крв, но тоа е многу ретко.
  • Жолтица на мајчино млеко - доењето во најголем број на случаите треба да се продолжи. Фототерапијата е главен третман.
  • Неонатален хепатитис - нема специфичен медицински третман. Може да се даваат витамини, минерални суплементи, или лекови кои го подобруваат протокот на жолчката.
  • Хемолитичка анемија - третманот зависи од причината. На пример, инфекција со паразити на маларија може да предизвика хемолитичка анемија и третманот вклучува анти-малариски лекови.
  • Галактоземија - најважно е да се исфрли галактоза или лактоза ( друг млечен шеќер) од исхраната. Тоа значи, дека треба да се сопре доењето и да се користат специјални млечни формули во кои нема млечен шеќер.
  • Билијарна атрезија - може да се направи хируршка интервенција ( bypass) за да се поврзе мал дел од црниот дроб со тенкото црево и со тоа да се овозможи ефикасна дренажа на жолчката. Kaj oколу 75% ќе се постигне добра или барем доволна дренажа на жолчката. За останатите единствената опција е трансплантација на црниот дроб.
Каде да се обратите за помош?
  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести- неонатолошка консултативна амбуланта



Ова е постот на mis. од пред неколку години, каде убаво е објаснето за потеклото на физиолошката жолтица - дека освен незрелоста на црнодробните ензими, фактор може да биде и Rh различен фактор или ABO некомпатибилност на мајката и бебето.
Бидејки најчесто крвната група на детето се наследува од таткото, но има исклучоци кога е рецесивна комбинација од двата родители, па од тука е таа ABO некомпатибилност или зависност од крвните групи на родителите - како фактор за развивање на физиолошка жолтица.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 41
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?