Еца -> RE: Полипи на матката (22.1.2010 23:54:31)
|
бидејќи соработуваме со првиот портал за ракот www.rak.mk еве едно многу убаво објаснување за темата од др.Ацева Полипите на матката се најчесто бенигни израстоци кои се развиваат во ендометриумот (слузокожата на матката). Тие можат да бидат единечни (еден полип) или да бидат мултипни, т.е. да ги има повеќе на број. Полипот е, всушност, вишок на ткиво на матката. Тие се доста чести и се развиваат како последица на одбраната на организмот во текот на инфекциите на матката, или во текот на бременоста, како последица на хормонални промени кои го стимулираат растот на ткивото во грлото и телото на матката. Полипите може да бидат со различна големина, од неколку милиметри, па да достигнат големина на детска глава. Ако се развијат во близина на фалопиевата туба, тие може да бидат причина за неплодоност кај жената. Полипите можат да се јават во било кој период од животот, но најчесто се јавуваат кај жени во 40-тите и 50-тите години од животот. Често не даваат никакви симптоми, но можни се нередовни менструации како и интензивни крварења при менструација. Кај жените во менопауза можат да доведат до благи или поинтензивни крварења. Доколку се мали и не крварат, не е потребно хируршко одстранување на полипите. Во тој случај, доволни се само редовни гинеколошки контролни прегледи. Доколку полипите почнат да растат или да интензивно крварат, тие треба хируршки да се отстранат. Полипите на матката се многу ретко малигни. Во многу ретки случаи полипите може да личат на малигном. Во тој случај треба да се направи ПАПА тест и да се земе биопсија од полипот, со што ќе се исклучи сомневањето за малигном. Полипите се одстрануваат хируршки. Но, понекогаш, и по хируршкото одстранување на полипите, тие можат повторно да израснат. Д-р Л. Ацева специјалист радиотерапевт и онколог
|
|
|
|