Felly RR -> RE: Полипи на матката (22.2.2014 12:59:17)
|
Јас бев повторно на контрола и полипот го има уште. Докторката ми ги кажа сите опции и јас да одлучам што ќе правам. Бидејќи планирам забременување, може да смета на бременоста (како што пишав и погоре) а може и да не смета. Па јас да одлучам дали ќе го отстранувам прво, па потоа ќе забременувам, или да пробам да забременам, и да се надевам дека полипот нема да смета на бременоста. Не знам што да мислам по ова прашање, ама некако не ми се ризикува. А од друга страна, ми вели штом не ми смета, до сега сум немала ете никакви проблеми, не е баш ни за отстранување, кое би било со хистероскопија. Демек и порано многу жени имале полипи без да знаат, бидејќи и немало толку софистицирани апарати за да можат гинеколозите да ги забележат. На крај се договоривме, овој месец да пијам контрацептиви, бидејќи полипите настануваат обично од хормонални пореметувања, па може со хормонска терапија ќе се намали (макар што не беше многу оптимистична дека ова ќе се случи). Па сега и јас многу не се надевам дека ќе се смени нешто другиот месец. Што ми советувате вие - прво отстранување, па забременување, или да пробам да забременам без да го отстранам претходно?
|
|
|
|