Felly RR -> RE: Полипи на матката (22.3.2014 9:25:26)
|
Како што пишав пред еден месец, матичниот гинеколог ми даде контрацептивни таблети, бидејќи полипот може да настане од хормонални пореметувања, па некогаш може да се среди и со хормонска терапија. Конкретно, пиев Микрогинон, но не од некоја посебна причина, туку единствено поради тоа што бев појдена на 5-ти ден од циклус, а само Микрогнинот можеле да се почнат од 5-ти ден, другите сите се почнувале од прв ден на циклусот. И ете, кај мене најверојанто имаше ефект. Друго нешто што би спомнала, бидејќи може и тоа имаше делумно некакво влијание, секој ден каснував по една лажичка свеж ѓумбир, рендан, со мед. На многу места на интернет прочитав дека ѓумбирот помага при различни промени на матката.
|
|
|
|