|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Полипи на матката
23.2.2014 17:15:01   
kapina
na mene mi go izvadija so laparo ihisteroskopijata polipot no ne se gledase na eho voopsto

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Полипи на матката
25.2.2014 9:41:48   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

na mene mi go izvadija so laparo ihisteroskopijata polipot no ne se gledase na eho voopsto


На кое ехо не се гледаше, 2Д? Правеше ли 3Д/4Д ехо?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Полипи на матката
25.2.2014 15:00:18   
Felly RR
Кај мене со абдоменалното ехо не се виде, но со вагиналното ДА.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Полипи на матката
27.2.2014 17:27:06   
Stefanija Stefi
Моја пријателка имаше полип на матката и имаше проблем за забременување. Одеше на гинеколог и секогаш одговорот на докторите беше дека е се во ред. Еден од симптомите кај неа беше крварење измеѓу два циклуса минимално, точно во најплодните денови. Имаше направено испитувања папа тест, микробиолошки брисеви, хормони, и кога стигна до проодност на јаници, по препорака од колешка отиде на преглед во Плодност и се установи дека имала полип на матката. Најпрво му беше препишана терапија, меѓутоа немаше подобрување па затоа беше на хистероскопија. Се помина одлично уште истиот ден замина дома. За мн брзо благодарение на спремниот тим си остана бремена. user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Полипи на матката
18.3.2014 18:43:55   
Leura
Здраво на сите
Јас сум нова во форумот и барам помош. Пред 2 месеци ми откриле полип на матка и матичниот гинеколог ми препорача да го извадим полипот. Јас се плашам да немам некој проблем после изадењето на полипот околу бременоста. дали можам да останам трудна после одстранувањето на полипот.
И второ прашање кој доктор ми го препорачувате како најдобар за вршење на оваа работа за да немам последици.
Искрено ви благодарам

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Полипи на матката
21.3.2014 22:54:35   
Felly RR
Жени мои мили, денес бев на контрола за полипот, и го нема. user posted image Многу се израдував, нема да има потреба за никаква интервенција. Ќе продолжам со истите таблети и наредниве два месеци, па третиот месец ќе одам пак на контрола, да видиме дали е се во ред, да не случајно пак се јавил.


Леура, добредојде на Рингераја. За тоа вадењето на полипот да ти прави проблем околу бременост, мислам не би требало - баш напротив, се препорачува да се отстрани пред да забремениш, и како што прочитав јас од другите рингерајки, веќе одма наредниот месец после отстранувањето на полипот можеш да планираш забременување. А за тоа кај кој доктор, се надевам дека ќе пише некоја рингерајка која има искуство со тоа.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 21.3.2014 23:02:24 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Полипи на матката
22.3.2014 9:03:25   
LoveableMe RR
FellyRR, многу убави вести. Сподели кои апчиња ти помогнаа, да знаат и другите Рингерајки. Поззuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Полипи на матката
22.3.2014 9:25:26   
Felly RR
Како што пишав пред еден месец, матичниот гинеколог ми даде контрацептивни таблети, бидејќи полипот може да настане од хормонални пореметувања, па некогаш може да се среди и со хормонска терапија. Конкретно, пиев Микрогинон, но не од некоја посебна причина, туку единствено поради тоа што бев појдена на 5-ти ден од циклус, а само Микрогнинот можеле да се почнат од 5-ти ден, другите сите се почнувале од прв ден на циклусот. И ете, кај мене најверојанто имаше ефект. Друго нешто што би спомнала, бидејќи може и тоа имаше делумно некакво влијание, секој ден каснував по една лажичка свеж ѓумбир, рендан, со мед. На многу места на интернет прочитав дека ѓумбирот помага при различни промени на матката.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Полипи на матката
22.3.2014 12:02:15   
Leura
Felly RR , ви благоарам многу за овие утешни зборови. Исто така ви благодарам многу и за овие информации во врска со отстранување на полипот со некоја терапија.
Мене матичниот ми има препорачено кај докторката Даниела Иванова но појма немам каква е таа и како ке поминам.Се надевам дека некој си имаа информации за оваа докторка.
Ви благодарам многу

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Полипи на матката
24.3.2014 15:34:53   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamita30

Здраво мамички, ајде молба до поупатените. Денес бев да ми земат брисеви и др откри дека се појавило полипче на грлото на матката, имаме ли на форумов таква тема ????? Уффф збунета сум тотално рече не е опасно, ама ако не ми го отстранат сека ќе мора царски да се породам user posted image


==================================
Постови од 2011 година
ИЗВОРНА ПОРАКА: brankica_trajkovska

Здраво, мене пред се ме интересираат полипи на грлото на матката но исклучиво во текот на бременоста, моментално сум 20 недела. Освен тоа малку ми е отворено и грлото на матката. Дали има некој што бил во ваква или слична ситуација, како ви се одвивала бременоста, како сето тоа влијаело на плодот и сл. Чекам одговор....

ИЗВОРНА ПОРАКА: pinokio2010

Mojata drugarka imase polip na grloto na matkata koj i se javi za vreme na bremenosta, nejziniot bese tolku golem sto i izleguvase nadvor i se gledase. Nikoj od lekarite ne mu obrna posebno vnimanie i i rekoja koga ke se porodi vo isto vreme i ke i go otstranat. Taka i bese, za vreme na poroduvanjeto i go otstranija a za bebeceto nema nikakvi posledici, toa e vnatre vo matkata. Sega bebebto ima dva meseci i fala Bogu super napreduva. Pozz se nadevam te smiriv malku.


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Leura)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Полипи на матката
25.3.2014 15:36:32   
Leura
Другарки од Рингераја, денес бев на контрола за полипот и ме определија датум ама докторката ми рече дека за интервенцијата треба да и кажам на лекарката да ми го извадат полипот со хистероскопија не со киретажа. многу сум уплашена дека негде прочитав дека после оваа интервенција тешко остануваат бремени или може би и воопшто не остануваат. Јас сум млада мажена пред 6 месеци и многу сакаме бебе. Ве молам ако има некој некоја информација во врска со оваа. Мене полипот ми е внатре во матка. Не знам што да ви кажам ако некој може да ми помогне со некои убави зборови и информации.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Полипи на матката
25.3.2014 16:02:06   
Kvisko
Leura јас мислам дека е баш обратно. Со полип тешко доаѓа до бременост или воопшто не доаѓа до бременост и ако дојде може да има компликации ако е баш во матката.
Откако ќе се извади со хистероскопија (тоа е подобра опција бидејќи има целосен увид во состојбата на матката за разлика од киретажа каде се оди на слепо) баш се зголемуваат шансите за бременост. Со среќа и со лесно.

(Одговор на членот Leura)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Полипи на матката
25.3.2014 16:44:47   
Melanija RR
Leura убаво ти пиша Kvisko, полип може да е причина за незабременување или проблем а интервенцијата хистероскопија не е за не забременување.Напротив после неа многу е поверојатно забременувањето ако е отстранет проблемот.
Прочитај во темата Хистероскопија=ТУКА и ќе се увериш

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Полипи на матката
25.3.2014 17:37:09   
nataly86
Леура нема причина воопшто да се размислуваш полипот како и другите РР и јас ќе ти кажам дека полипот може само да ти прави проблем при забременување ...а за хистерскопијата воопшто да не се грижиш еве јас во август правев хистероскопија во декември останав бремена

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Полипи на матката
21.4.2014 11:39:16   
Mamita30
Здраво Мамички, погоре имам пишано еве само да го споделам исходот од целава ситуација. Пред еден месец ми открија полип на грло на матка, значи во 15 недела од бременост. По консултации со уште два гинеколози освен мојот матичен, сите рекоа дека треба да се извади сега, бидејќи е далеку од плодот и нема никаков ризик да се извади уште сега. Пред три дена бев на ГАК кај Д-р Владимир Трајковски со закажан термин за отстранување на полип со упат од мојот матичен. Кога ме виде со стомак, ( сега сум 19 недела) др фино и отворено најпријателски ми рече „ Ти си прогурала 5 месеци без никаков проблем, јас сега да ти отварам простор за крварења и инфекции, НЕ СЕ НАФАЌАМ, ќе го извадиме на пораѓај“ и мислам дека така е многу логично, штом не му смета на плодот. Ми објасни дека може да се случи да прокрварувам и дека тоа е од полипот, да не паничам, ни забрани односи (кои и минативе 19 недели ги немавме user posted image ) и дури и ми понуди да дојдам другиот ден ако сакам да се консултирам и со Тантуровски или некој друг Д-р и ми напиша извештај дека доколку се појави крварење или болка веднаш да се јавам во болница. Јас веќе решив дека нема да мислам на полипот, нема да се замарам :)

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Полипи на матката
13.2.2015 15:43:50   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: анонимна25

Кога бев на гинеколог ми кажа дека матката ми е задебелена речиси половина од нормалното, но ништо подетално не ми објасни. Ми рече да не се грижам и да почекам до година ако до тогаш не можам да забременам ќе се преземело нешто. Исто ми кажа дека имам и полипи кои ми се настанати од многу краток месечен циклус, затоа што месечниот циклус ми трае 3-4 дена од кои само 1 ден имам пообилно крварење.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Mamita30)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Полипи на матката
10.3.2016 1:18:36   
dinja
Здраво на сите!

Бремена сум во 14 недела , пред 5 недели ми беше откриен полип на грлото на матката бидејќи имав црвен исцедок од 5-та до 10-та недела од бременоста. Веќе 4 недели немам ништо. Ме интересира дали има некој што бил во слична ситуација како мојата и дали доколку не се извади полипот во текот на бременоста може природно да се породам или ќе мора царски рез? Ќе одам на гинеколог утре да видиме што ќе предложи , меѓутоа ме интересираа примери од луѓе.


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 92
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?