Полипи на матката (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Еца -> Полипи на матката (14.4.2009 12:30:16)

Еве водена од сопственото искуство и искуството на Мила решив да напишам нешто повеќе за полипите кај жената. Полипите се најчесто бенигни израстоци и тие можат да бидат единечни(еден полип) или мултипни (повеќе полипи).Полипите се доста чести и се развиваат како резултат на одбраната на организмот во текот на инфекции на матката, или во текот на бременоста, како последица на хормонални промени кои го стимулираат растот на ткивото во грлото и телото на матката. Полипите можат да бидат со различна големина од неколку мм па можат да достигнат големина и до детска глава.Ако се развијат во близина на фалопиевата туба, тие можат да бидат причина за неплодност кај жената.Полипите на матката се многу ретко малигни,и во ретки случаи можат да личат на малигном.Во тој случај треба да се направи ПАПА тест и да се земе биопсија од полипот, со што би се исклучилосомневањето за малигном. Полипите се отстрануваат хируршки, но понекогаш и по хируршко отстранување на полипите, тие можат повторно да израснат.




Еца -> RE: Полипи на матката (14.4.2009 12:37:10)

Ќе се надоврзам на темата и само ке казам дека во септември месец при посета на гинеколог ми беше откриен полип на јајници, и со докторот се договоривме наредниот циклус да одам за да ми биде отстранет, и за да не се поремети циклусот, инаку имав редовна менструација, единствено нешто што приметив претходните месеци пред да ми биде откриен полипот беше намалено крварење при циклусот и јаки главоболки.При разговори со жени кои веќе поминале низ тоа дознав дека полипите навистина често знаат по отстранување да се појават пак, но дека не се опасни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]А една од нив дури ми рече и дека треба да си родам уште едно дете и со породувањето и полипот ќе се исчисти.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]Наредниот месец веќе ми каснеше и при посета на гинекологот дознав дека сум бремена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Lilipop -> RE: Полипи на матката (16.4.2009 15:32:37)

Elence eve da se nadovrzam i jas( posle podolgo vreme pak sum na forumov). Mene pred tri meseci mi bese otkrien polip na matkata. Doktorkata mi rece deka dokolku po tri meseci ne ostanam bremena ke mora da mi se otstrani. Bidejki jas i po tri meseci ne sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image], na vcerasnata kontrola taa mi rece deka poradi toa sto polipot e 14mm, go namaluva prostorot vo suplinata na matkata i ne moze sa se vgnezdi oplodenata jajce kletka. Se dogovorivme uste naredniot cikus da mi naprvat prvo HSG ( bidejki sum operirana od endometriozna cista na jajnikot), a naredniot ciklus so histeroskopija da se otstran polipot. Zenata e dosta optimisticna i smeta deka posle toa nema da imam problem da zabremenam.
Znaci, Elence ti si edna golema sreknica! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Octavia -> RE: Полипи на матката (24.4.2009 0:22:13)

Zdravo na site. Nemam polipi na matkata (barem do sega) ama zatoa koga pred dva meseci imav neverojatno silni bolki (bez krvarenje) mi otkrija cista vo matkata i toa puknata, pa lekarot rece od toa bile bolkite. Od togas fala Bogu nemam problemi, no ima li nekoj ideja moze li nekako da se zastitam od povtorno pojavuvanje? Ima li nekoi caevi ili bilo sto slicno? Cistata bese golemka (2cm) i ocigledno bila edna od pricinite zosto nikako ne mozam da zabremenam so vtoro dete, a bioloskiot casovnik otcukuva [sm=smiley36.gif].
Ako nekoj ima iskustvo ili ideja, bi vi bila mnogu blagodarna. Lekarite nekako ne se raspolozeni za mnogu muabeti...[sm=zmeden.gif]

Pozdrav




fibimk -> RE: Полипи на матката (6.5.2009 22:31:17)

Ne znam dali e isto,ama mislam deka ne e......jas imam miom na matka....golemina 4 cm.....i toj e izrastok,koj se kontrolira i se operira......ama ne e isto so polip mislam.....




Еца -> RE: Полипи на матката (22.1.2010 23:54:31)

бидејќи соработуваме со првиот портал за ракот www.rak.mk еве едно многу убаво објаснување за темата од др.Ацева

Полипите на матката се најчесто бенигни израстоци кои се развиваат во ендометриумот (слузокожата на матката). Тие можат да бидат единечни (еден полип) или да бидат мултипни, т.е. да ги има повеќе на број. Полипот е, всушност, вишок на ткиво на матката. Тие се доста чести и се развиваат како последица на одбраната на организмот во текот на инфекциите на матката, или во текот на бременоста, како последица на хормонални промени кои го стимулираат растот на ткивото во грлото и телото на матката. Полипите може да бидат со различна големина, од неколку милиметри, па да достигнат големина на детска глава. Ако се развијат во близина на фалопиевата туба, тие може да бидат причина за неплодоност кај жената. Полипите можат да се јават во било кој период од животот, но најчесто се јавуваат кај жени во 40-тите и 50-тите години од животот. Често не даваат никакви симптоми, но можни се нередовни менструации како и интензивни крварења при менструација. Кај жените во менопауза можат да доведат до благи или поинтензивни крварења. Доколку се мали и не крварат, не е потребно хируршко одстранување на полипите. Во тој случај, доволни се само редовни гинеколошки контролни прегледи. Доколку полипите почнат да растат или да интензивно крварат, тие треба хируршки да се отстранат. Полипите на матката се многу ретко малигни. Во многу ретки случаи полипите може да личат на малигном. Во тој случај треба да се направи ПАПА тест и да се земе биопсија од полипот, со што ќе се исклучи сомневањето за малигном. Полипите се одстрануваат хируршки. Но, понекогаш, и по хируршкото одстранување на полипите, тие можат повторно да израснат.

Д-р Л. Ацева специјалист радиотерапевт и онколог




Anushka -> RE: Полипи на матката (23.1.2010 0:20:48)

2005 се оперирав од полип кој беше голем како портокал. Не морав да се оперирам, бидејќи беше бениген. Но, мене едоставно ми се смачи - секое одење на гинеколог: те волку пораснал, те онолку, па уште ми даваа слики од ехо, да си го гледам дома!
Ми пукна филмот, го извадив и - и си реков, само бебиња јас на ехо ќе си гледам, а не некои глупи израстоци од моето маткиче...
И така, после три години, си ја гледав ќерка ми на ехо во мешето мое.




mira -> RE: Полипи на матката (1.2.2010 10:18:27)

Здраво! Јас сум нов член на форумот.Неможам да забременам веќе 3 год. Сега треба да одам на хистероскопија и лапароскопија. Па ме интересира дали некој од вас го познава д-р Алуловски во државна. Ми го препорачаа. Фала ви!




vezilka RR -> RE: Полипи на матката (1.2.2010 10:46:39)

Добредојде  на форумот mira, и се надевам дека ќе се дружиме. И јас правев хистероскопјија и лапароскопија во државна, но кај друг доктор, кај Јадранка Георгиевска..Овој доктор не го знам но сигурно е дека е о.к. штом си добила препорака...




none -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 7:31:28)

dobro kako se otkriva toa polip na matka so eho ili kako do sega ne mi rekol doktorot takvo nesto,no treba da prasam




arh_diz -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 8:12:58)

NONE neznaci deka ti ims polip . Moze nemas




vezilka RR -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 10:05:17)

none, не мора да значи дека имаш полип..мене ми го открија кога правев HSG, за проодност на канали, и на снимката се видоа 2 полипи и преграда (септум) во матката..




mira -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 23:17:56)

Ти благодарам на подршката, Везилка. И јас се надевам дека ќе се дружиме. Те молам само пиши ми како се чувствуваше по операцијата, и дали заздравувањето оди тешко или?... По колку време можеш да одиш на работа? Поздрав и ти благодарам




mira -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 23:20:18)

Ти благодарам на подршката, Везилка. И јас се надевам дека ќе се дружиме. Те молам само пиши ми како се чувствуваше по операцијата, и дали заздравувањето оди тешко или?... По колку време можеш да одиш на работа? Поздрав и ти благодарам ( извинете нова сум па се уште не се снаоѓам добро, поракава ја испратив како одговор на Ноне а не на Везилка, поради тоа ја препраќам уште еднаш)




mira -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 23:22:07)

Ноне мене докторот ми го виде на ехо.




mira -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 23:23:42)

Ноне мене ми го открија на ехо.




Еца -> RE: Полипи на матката (2.2.2010 23:26:11)

Искрено од она што јас го осетив на своја кожа и од искуства на други постари жени со кои се најдов во разговор околу полипите кога мене ми го откриа е дека тој не претставува проблем за забременување...или? Јас со полип останав трудна, а и жените кои ме тешеа тогаш ми рекоа дека со полипи родиле по две деца. Полипот и да се отстрани еднаш, може да се појави пак, и пак...Друго е работата ако има плус дополнителни проблеми, но ако е само полип, опуштете се и уживајте.




mira -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 1:12:55)

Здраво Еца! Кај мене не е така едноставно.Би морала барем да се обидам и да се надевам дека нема да ми се појави пак.Бидејки мене полипот ми ја притиска матката, и ми ја деформира ( на незгодно место е. )А плус и каналите ми се хаос. И запушени и едниот свртен нагоре едниот надоле. Ми остана да се надевам и уште ова да го пробам па здравје Боже, што биде нека биде, но јас како секоја жена се надевам на успех, па да се видам и со [sm=nosecka.gif]




none -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 6:55:30)

znaci ako se gleda na eho doktorot bi videl  i bi reagiral,no sigurno nemam,odnosno nisto nemam samo sto ne doakja do bebe,a mm se nema vreme za spermogram toa ti e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




none -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 6:58:05)

koj znae dali ke stigne porakata sto vi ja napisav otide nekade,pa ke  povtoram,ako imam polim sigurno ke otkril doktorot no sega za sega se e vo red so mene mm ne odi na spermograam,nekako si e ladnokrven toa ti e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 10:40:10)

..Јас имав 2 во 1 зафат односно правев хистероскопија и лапароскопија за каналите одеднаш. Процедурата беше следнава: отидов во болница еден ден пред зафатот (кој се прави од 10ти до 15ти ден од циклус) за да ме спремат, зафатот беше наредниот ден и траеше некаде 20тина минути, и останав во болница и другиот ден и после ме пуштија. Три-четири дена после тоа имав обилно крварење и болки и после си тргнав на работа. И 3 месеци после тоа бев на терапија со јасмин, што значи во тие месеци не може да дојде до забременување. Со среќа и ти посакувам успех во процесот...:)




mira -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 11:41:06)

Ти благодарам Везилка на одговорот и подршката.




mira -> RE: Полипи на матката (3.2.2010 11:45:16)

Ноне. Не секогаш полипот се гледа со ехо. Јас досега сменив многу доктори, и последниов дури ми го виде ( веројатно потпораснал малку повеќе) Ти имаш ли правено Hsg. На тоа снимање најубаво (најточно) се гледа целата состојба. Taka ќе бидеш и најсигурна дека со тебе е се во ред.Поздрав




mamii -> RE: Полипи на матката (8.3.2011 1:01:56)

eve me i mene so ist problem-polip!!!!
se porodiv pred 8 meseci, i mi se pojavi eden izrastok od vaginata koja sto rasti i veke lesno se gleda od vlezot na vaginata....bev na kontrola i doktorot mi rece deka toa e polip i deka treba da se odstrani, no bidejki imam i infekcija momentalno-candida, potrebno bilo toa da se leci pa mi dade vaginalni tableti.....! i posle 12 dena treba da odam za odstranuvanje na istoto, ve molam odgovorete mi kako se vadi toa-polip i dali ima bolka i dali posle toa moze da se odi na rabota???[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




pinokio2010 -> RE: Полипи на матката (8.3.2011 15:26:30)

Se vadi so anestezija, po dva casa te pustaat doma i drugiot den veke si na rabota, boli kolku i da si go iseces prstot. Ako poradi intervencijata imas kako reakcija grcenje na matkata(kako menstrualni bolki, jas gi imav zosto mene polipot vo matkata mi bese) ke se napies eden ketonal i tolku. Jas do sega dva pati imam vadeno polip i ti tvrdam deka ne e voopsto strasno, da si nemas gajle ic.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>