blond -> RE: Најубави имиња (22.12.2011 16:10:23)
|
Уште кога не го знаевме полот на бебето дискутиравме за женски и машки имиња. Во игра беа Паулина и Јован (модификации на имињата на свекорот и свекрвата). И (за среќа) излезе второто [sm=smiley36.gif] Ако имам второ женско сакам да се вика Јана (исто и јас како АнаМоли), мајка ми се вика Јулијана, па последните 4 букви од нејзиното име. Ако е машко, сакам да е на татко ми, а тој се вика Драги. Е сега, модификација од Драги? Не сакам Драган, можеби Давид?[sm=zmeden.gif] Золва ми, маж ми и останатите овде навиваат и второто дете да се стави по родителите на маж ми (ако е машко Павел,ако е женско Паулина). Ама нема да допуштам. Едно на неговите родители, едно на моите родители. Ако имаме повеќе деца, тогаш третото ќе е на свекрвата. Овде обичаите биле снаата да ги става имињата на свекорот и свекрвата. А во мојот крај обичаите се едно на тие, едно на тие (веќе кога се ставаат по бабите и дедовците). Војна ќе водам, нема да дозволам да е на свекрвата второто. Золва ми ги ставила двете деца оригинал на свекор и и свекрва и. И сега дома се баба Прасковица, дедо Крушко, внука Праскичка, внук Крушче [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|