RE: Најубави имиња (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Во очекување на детето >> Имиња



Порака


*MAJKA* -> RE: Најубави имиња (3.9.2012 19:17:03)

Nikola i Marija se preubavi iminja...zvucat svetski i internacionalni se, iako se makedonski[sm=bravo.gif]

Muabetot mi bese da ne se vozdrzuvate ako vi se dopaga nekoe nesekojdnevno ime,ako vi ima nekakvo znacenje,ili ednostavno, ubavi vi zvuci vam...da ne postojat onie predrasudi - so ke kazat drugite,ke mu se smeat, i sl...




AnnaMolly RR -> RE: Најубави имиња (4.9.2012 8:44:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: *MAJKA*
Muabetot mi bese da ne se vozdrzuvate ako vi se dopaga nekoe nesekojdnevno ime,ako vi ima nekakvo znacenje,ili ednostavno, ubavi vi zvuci vam...da ne postojat onie predrasudi - so ke kazat drugite,ke mu se smeat, i sl...


За ова и јас потполно се сложувам. Детето си е мое, како сакам ќе го крстам. Не треба ни баби ни дедовци ни комшии да се слушаат [sm=smiley36.gif] СЕКОГАШ ќе се најде некој на кој нема да му се допадне името, не може сите имиња секому да се допаѓаат.
Еве на пример на колешка моја ќерка и се вика Аналена. Тоа име ми е многу несекојдневно и необично, а баш ми се допаѓа, особено поради тоа што нив ете им има одредено значење.




*MAJKA* -> RE: Најубави имиња (5.9.2012 3:35:10)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Zoja -> RE: Најубави имиња (5.9.2012 18:31:29)

dechki zdravo
Jas se mislam megju 2 iminja za mojata princeska :Petra ili Matea
ama ne mozam da najdam dali Matea e od pravoslaven nash kalendar??
Dali znaete vie mozebi? I koe ve bendisuva povekje? Fala na odgovorot odnapred [sm=smiley1.gif]
Pozz




Maria -> RE: Најубави имиња (5.9.2012 18:34:54)

Мислам дека Матеа е словенско име,ама мене повеќе ми се допаѓа.[sm=smiley2.gif]Навивам за МАТЕА ![sm=smiley1.gif]




majka na eva -> RE: Најубави имиња (5.9.2012 21:16:29)

МАТЕА[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Zoja -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 9:40:02)

Dechki fala na odgovorite -ubavo mi e i Matea - ama go nema vo pravoslavno nashe kalendarche [sm=smiley13.gif]
a toa sepak mi e mnogu vazno
ne znam shto da kazam [sm=zmeden.gif]




Luci -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 9:49:03)

Дефинитивно Матеа би бил мој избор, Петра не ми се допаѓа воопшто. Што се однесува до Матеа, тоа е наше православно македонско име кое се однесува за машки род(не би требало да има врска за женски....ваљда), еве ти најдов еден линк па види си сама православни македонски имиња




Zoja -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 9:56:36)

И јас го најдов сега во православни машки имиња
сеа бетер ми е шубе [sm=smiley36.gif] не би го ставила на женско некако [sm=smiley13.gif]




Luci -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 10:00:27)

Ај ма не зезај[sm=smiley36.gif]Па Петра ли ќе ја крстиш? Кога ќе се изнервираш и кога ќе викнеш Петрооооооо ко на некоја баба а не на некоја прекрасна кукличка [sm=smiley36.gif]
Сори се надевам нема да ми се налитуш за постов




Zoja -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 10:01:33)

ne se lutam voopshto - kje mislime imame vreme ushte 3 meseci- sosem 3to moze kje izleze




Zoja -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 10:03:34)

a na MM pa mu se svigja Sofija [sm=smiley1.gif] na 100uma sme




Luci -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 10:11:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoja

ne se lutam voopshto - kje mislime imame vreme ushte 3 meseci- sosem 3to moze kje izleze

И кај нас излезе сосема трето, јас сакав Даријан, мм Немања за на крај да излезе Марио[sm=smiley27.gif]




Felly RR -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 12:41:35)

Зоја, ќерка ми се вика Матеа, а машката варијанта е Матеј. На страна што ја има луци поставено, ако видиш подобро, ќе забележиш дека женските имиња се дадени само за буквите А, Б, В, понатаму на другите букви не се дадени женски имиња.
А исто така од овие имиња, машки, кои завршуваат на Ј (Матеј, Андреј, ) мислам дека женската варијанта е без Ј.




Zoja -> RE: Најубави имиња (6.9.2012 22:44:59)

dechki a Darija kako ve bendisuva? :)




AnnaMolly RR -> RE: Најубави имиња (7.9.2012 8:33:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Ај ма не зезај[sm=smiley36.gif]Па Петра ли ќе ја крстиш? Кога ќе се изнервираш и кога ќе викнеш Петрооооооо ко на некоја баба а не на некоја прекрасна кукличка [sm=smiley36.gif]
Сори се надевам нема да ми се налитуш за постов


Мене па Петра ЕПТЕН ми се допаѓа! Гласам за Петра [sm=bravo.gif]




Calypso -> RE: Најубави имиња (7.9.2012 9:40:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Зоја, ќерка ми се вика Матеа, а машката варијанта е Матеј. На страна што ја има луци поставено, ако видиш подобро, ќе забележиш дека женските имиња се дадени само за буквите А, Б, В, понатаму на другите букви не се дадени женски имиња.
А исто така од овие имиња, машки, кои завршуваат на Ј (Матеј, Андреј, ) мислам дека женската варијанта е без Ј.


Според правилата на македонската граматика и правопис, секогаш меѓу Е и А стои Ј, што значи дека правилно и во духот на македонскиот јазик би било МАТЕЈА. А Матеја е машко име според православниот календар, мислам дека не постои женска форма на истото. Ова важи за нашава земја и јазик. Инаку, во Хрватска, на пример, Матеја е доста често женско име, и тоа баш Матеја, со Ј.




Cipi Ripi -> RE: Најубави имиња (7.9.2012 9:57:05)

Ние се мислевме меѓу Димитар и Андреј и на крај јас си го крстив син ми Даријан, не прашав никој, не му кажав на никој освен на мм, и не се консултирав со никој. Затоа денес од роднините добивам коментари од типот:Кај ти текна на тоа име? Чие е тоа име? Па зошто не е Мите, Митко на свекорот???Мислам хелоу, глупост до глупост. [sm=smiley36.gif] Така што јас гласам за Дарија[sm=bravo.gif] а ти како сакаш така крсти си ја, не прашувај роднини ИЧ.




Yummy Mammy -> RE: Најубави имиња (7.9.2012 10:52:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Ај ма не зезај[sm=smiley36.gif] Па Петра ли ќе ја крстиш? Кога ќе се изнервираш и кога ќе викнеш Петрооооооо ко на некоја баба а не на некоја прекрасна кукличка [sm=smiley36.gif]
Сори се надевам нема да ми се налитуш за постов


Мене па Петра ЕПТЕН ми се допаѓа! Гласам за Петра [sm=bravo.gif]


I mene mnogu mi se dopaga PETRA, moeto kumasince se vika Petra (po zelba na roditelite). Ko ke otvoris hrvatska gloria, sekoja vtora manekenka se vika Petra, baska mnogu e internacionalno.

A ovie Daria, Matea i slicno veke gi ima premnogu.




Felly RR -> RE: Најубави имиња (7.9.2012 11:35:32)

Калипсо, во право си дека помеѓу Е и А треба да стои Ј, ама еве и кај Андреј - машки род, Андреа - женски род. АКо е АндреЈа, тогаш пак ќе биде за машко. Овие можеби се понови имиња и затоа не ги следат правилата.




Snowhite RR -> RE: Најубави имиња (8.9.2012 0:06:27)

Кога останав бремена првиот пат и ми кажаа за машко, леле си мислев како ќе го крстиме, да беше женско побрзо ќе смислев име, а машки немам омилени. Еве сега сум пак бремена и тоа со женско и јас повторно не знам како ќе се вика[sm=zmeden.gif]
Сега засега единствено женско име што ми се допаѓа е Кирјана

Инаку летово на работа имавме финансиска контрола и инспекторката се викаше Сантипи, интересно име, додуша грчко било, ама мене ми звучеше интересно. Е сега во комбинација со македонско презиме не одговараше воопшто.




tanjuskaaa -> RE: Најубави имиња (8.9.2012 6:49:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoja

dechki zdravo
Jas se mislam megju 2 iminja za mojata princeska :Petra ili Matea
ama ne mozam da najdam dali Matea e od pravoslaven nash kalendar??
Dali znaete vie mozebi? I koe ve bendisuva povekje? Fala na odgovorot odnapred [sm=smiley1.gif]
Pozz



Jas sum definitivno za Petra, jas bi go izbrala toa ime. Matea I Daria se preubavi I gi obozavam no mislam deka se pocesti od Petra, dokolku toa ti e bitno I ne se stari/tradicionalni. Dokolku baras navistina staro makedonsko ime Petra e edno od najstarite I najubavi (zaedno so Jana koe za zal e precesto-ne deka toa e bitno). Petra znaci karpa/cvrsta kako karpa, sto pravi uste poveke da mi se dopaga imeto. Mozebi smesno ke ti zvuci no mislam deka Petra e po svetsko/internacionalno/lesno izgovorlivo nasekade otkolku Matea I Daria.




tanjuskaaa -> RE: Најубави имиња (8.9.2012 7:55:31)

Zdravo na site,
Samo sto ja citav temava za iminja I se razmisluvav za stari Makedonski iminja, momentalno edinstvenite stari/traditional i iminja koi se voglavno zastapeni se: Jana, Sofija, Marko, Jovan I sl. Neli postojat iminjata Pandora, Ristosija, Blagoj, Ljubica, Vera, Zora, Vasil, Mitre, Darinka, Zhivko, Despina, Eftim, Bogomil/Bogoljub, Genoveva, Trajan/Trajanka, Petre, Naum, Slobodan, Todor/Todorka, Tihomir, Stojan, Doncho, Smiljana I sl. Ili toa se iminjata na izminatite generacii? Se razmisluvav zatoa sto I tie luge koi sakaat stari Makedonski iminja nemam slusnato da odberat ime kako na primer Riste ili Daliborka, ili mozebi jas gresno razmisluvam? Sto mislite vie?




Viktori -> RE: Најубави имиња (8.9.2012 8:21:51)

Па си одбираат стари имиња, ама што им се допаѓаат. Не верувам дека некој избрал име само и само затоа што е старо македонско.




tanjuskaaa -> RE: Најубави имиња (8.9.2012 22:58:31)

Баш така е Виктори РР јас комплето се согласувам со тебе! Неможе на сите да им се допаѓаат сите старо Македонски имиња, ниту пак сите модерни, ниту сите странски имиња. Прашањето ми беше како може на никој да не му се допаѓаат, се разбира чест на ептен ретките исклучоци. Јас лично ги обожавам имињата Јана, Марко, Калина, Јован и сл, но не ми се допаѓаат другите имиња кои ги набројав и не сум тип за кој може да се рече дека сака старо Македонски имиња затоа што јас ги сакам само тие неколку имиња што очигледно ги сакаат ис сите други. Според тоа како одат работите за неколку децении ке ги снема тие имиња кои очигледно на 99.9% не им се допаѓаат. Само ме интересира мислењето на останатите на оваа тема.
Јас мислам дека старите имиња еволвираат во нови форми Тодорка и Тодор станаа модерните Теодора и Теодор, Михајло е модерниот Михаил, Милица е сега Мила, Јованка е сега Јована, Даринка е сега Дарија/Дариа/Дара, Лена стана Леона/Лина/Лана, Дарко е Дарио/Даријан, Дејан/Деан стана Деана (најчесто), Иванка/Ивана е Ива, грешка сум или?




Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>