RE: Вицови за ден со насмевка! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (8.11.2011 12:38:55)

Зима. Пет часот наутро. Студ. Виулици. Ловџијата го напушта топлото легло и заминува на лов. Стои и мрзне пред куќата и чека да го земат со автомобил. Си мисли:
   „ Зошто не си се приберам, да си се гушнам до жена ми, да се топлам.“
После долго мислење се решава. Се враќа дома, ја гледа жена си свртена со грб. Легнува и ја гушка целиот тресејќи се. 
Жената прашува:
   - Ладно ли е надвор?
- Мрзне!
- А мојот простак отиде на лов!




nadica -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.11.2011 16:06:02)

Дошла плавуша од возачки испит и ја прашува другата плавуша:
- Не разбирам како паднав на возачки испит? Дојдов до кружниот тек, на знакот пишуваше 30 и јас 30 пати кружев околу знакот. Инструкторот ми рече дека паднав!
На тоа другата плавуша рекла:
- Можда грешно си броела.




nadica -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.11.2011 16:06:49)

Инструктор советува млад возач:
- Момче, запамети го ова што ќе ти го кажам, најмногу да се пазиш од пијани возачи. Ако забележиш дека некој е пијан, веднаш запри и почекај да помине.
На второ место се таксистите. Тие постојано брзаат, нагло запираат и не ги почитуваат правилата.
На трето место се мотористите. Тоа се луди млади кои мислат дека се бесмртни и возат 200км/h во град.
- А жените шофери?
- Еееех – воздивнал инструкторот – штом ме прашуваш ќе ти кажам. Жената возач е како пијан таксист на мотор.




kikicka -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.11.2011 18:30:47)

[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] добар е овој со жена шофер




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (15.11.2011 14:09:28)

Питагорова теорема на недвижности - Квадрат во центарот е еднаков на збир од квадрати на периферија од градот. Куче – месојадец, но во повеќето случаи лебојадец.  Субјективно чувство - Кога ти чувствуваш дека имаш голем, а таа не чувствува. Леб – Неизбежен дел од Македонската трпеза 
Во продавница
- Има леб?
- Нема.
Утредента
- Има леб?
- Има, вчерашен.
- ?!?!?!?!

Моето YUGO - Ѓубре кое цела ноќ мисли како да ме зафркне утрото.

Спејсмејкер - Прдеж во градски автобус.
Во себе: ”Сега ќе пуштам еден Спејсмејкер за овој што ми легна на грбот!”

Предигра - Отворање порно слики милиметар по милиметар во времето кога брзината на интернетот беше 3kb во секунда.

Промена на генерација - Кога на бандери врз старите некролози лепат нови.

Македонска плата - количина пари со која не може да се преживее, но и не ви дозволува да умрете од глад.

Маѓепсан круг - Кога пиете затоа што немате девојка, а не можете да најдете бидејќи секогаш сте пијани.

Будење на националната свест - Кога после неколку години труење со виски, одлучувате да пиете ракија.

Балкански CSI - Ќе истече литар крв, ќе паднат документите (лична карта, возачка дозвола), 50 отисоци од прстите, маслото од колата остава траг до дома и не можат да го најдат криминалецот.  Бајтно - тоа што е осум пати по важно од битно.

Џакузи - направа која најдобро може да се продаде на оние кои пораснале со полски клозет.

Што си истурил? - 
прашање кое жената му го поставува на својот сопруг кога ќе го види дека доброволно ја зел правосмукалката.

И ние уметниците имаме душа - реченица која ѕидарите ја изговараат пред да отворат пиво.

Папучар - единствен лик од друштвото кој има девојка.

Исклучоци - најчесните личности во светот. Чест за исклучоците!

Претседател на куќниот совет - зградоначалник

Економска криза - кога ќе ти останат многу месеци на крајот од парите.

Извини - универзално име за келнери. Извини ќе може да наплатиш?

Недоразбирање - кога ќе ја викнеш комшивката на кафе, а таа само ќе го испие кафето и ќе си оди.

Дигитален апарат - направа која од секој идиот за 500 евра може да направи уметник.
Упатство:
1.Canon D40
2.Подесување: Auto 
3.Нанишани баба во двор, циганче на улица или одраз од очилата за сонце
4.Чкрап
5.Прикачи
6.Коментари:
- Брат, супер е! Симнувам капа!
- Не знаев дека си толку талентиран, или па не?!
- Леле, па ти си уметник!!!

Дрво пијан - состојба во која не знаете што правите и кога ви паѓаат на памет многу необични идеи.
- Еееј верверица... фати ја да и го земеме кремот!

Ќе се слушнеме - Многу добра финта за да откачите некого.
А: Се договоривме ли?
B: Да, ќе се слушнеме.

Име и прекар - Име е она што го мислиш за себе, додека прекар е она што обично си, ти се допаѓало тоа тебе или не.
- Ќебап кое ти е име на форумот?
- Казанова. А зошто прашуваш?

Видео Рекордер - бидејќи чинеше 1200 марки кога го купив, сега тоа е најскапиот часовник во мојата куќа. 

Етно куќа - типична Македонска куќа со исклучена струја, вода и телефон поради неплатени сметки.

Бугарин - тоа е припадник на наш пријателски народ кој сака да биде Македонец, а живее во комшиската држава. Бугарин во Македонија е навредлив термин кој означува бедна личност која нема осет за облекување. Освен тоа кога ќе се спомне Бугарин задолжително се нагласува како во време на Југославија тие за нас беа клошари. 

Наши сме – Израз кој оправдува што јадеме како стоки на семејни прослави.
- Извини што земам со рака.
- Земи слободно, наши сме

Мис Универзум - Натпревар за убавина на кој никогаш не се пријавуваат девојки од Марс, Јупитер, Венера и други планети од Универзумот.




Џесика -> RE: Вицови за ден со насмевка! (5.12.2011 23:52:02)

‎- Леле, колку си ослабела! Нова диета?
- Да, моркови, компири, цвекло.
- Ги вариш или ги печеш?
- Ги копам!




Luci -> RE: Вицови за ден со насмевка! (9.1.2012 14:33:10)

ТАА:
- Ало? Каде си Душо Моја? Што правиш?
ТОЈ:
- Дома Среќо моја ... лежам на ...тросед и само мислам на Тебе ....
- А Ти? Каде си?
ТАА:
- Во дискотека ... баш зад Тебе. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.1.2012 18:04:11)

- Плавуша носи саат на поправка кај саатчија. Саатчијата ја прашува:
- Што е проблемот со саатот?
- Не работи, изгледа батеријата е потрошена - одговара плавушата.
- Ама овој саат работи на навивање - и вика саатчијата.
Плавушата излегла од дуќанот и почнала:
- ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Annet -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.1.2012 18:11:53)

hahaa jak e ke go ukradam za fb;-))))))))))))
- Плавуша носи саат на поправка кај саатчија. Саатчијата ја прашува:
- Што е проблемот со саатот?
- Не работи, изгледа батеријата е потрошена - одговара плавушата.
- Ама овој саат работи на навивање - и вика саатчијата.
Плавушата излегла од дуќанот и почнала:
- ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА...




kuklicka26 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.1.2012 18:31:15)

Перо му праќа писмо на синот во кое се наоѓала банкнота од 500ден. Во писмото покрај банкнотата имало и лист на кој што пишувало:
- "Драги сине, еве ти ги праќам оние 500 денари кои ми ги бараше, и само да знаеш 500 се пушува со две нули а не со три, џабе те праќам на факултет!"Плавуша веќе по четврт пат го вика келнерот. -Ве молам уште една коцка шеќер. -Ама веќе осум коцки ставивте во кафето. -Знам.знам ама што да правам, сите ми потонаа.Блажо и Ристо отишле во казино да си ја пробаат среќата,и седнале на рулетот.
Блажо:Kолку пати во неделата имаш секс?
Ристо: 5 пати, зошто?
Блажо:Tи значи имаш 5 пати секс неделно а јас имам 8 пати. Значи 5 плус 8 е 13. На бројот 13 ќе ги ставиме сите пари...Ги ставиле парите но за жал рулетот застанал на бројот 2.После една минута
- Ете гледаш Ристо, да ја говоревме вистината сега ќе бевме богати.Што си мисли плавуша кога ќе роди близнаци? - Од кого ли е второ?Шетаат двајца костури, и покрај некои гробишта забележуваат мотор. Едниот вели: - Ајде да се повозиме. - Почекај малку – вели другиот и оди на гробиштата. По некое време се враќа со надгробна плоча. Првиот го прашува: - Што ќе ти е ова? ...- Па, не сум луд да се возам без документи – му вели вториот.




Luci -> RE: Вицови за ден со насмевка! (28.1.2012 9:52:57)

Мујо се вратил од Германија и донел мобилен телефон. Фата го видела, па го прашува што е тоа, а тој и вели: "Ма не разбираш ти, ова таму сите го фураат. Него налиј ми ти мене топла вода во кадата да се избањам".Легнал во кадата, го зел мобилниот (водоотпорен) во рака, па и ѕврцнал на Фата: "Алоо, ај дојди да ми го избањаш грбот".Фата: "Неможам сега, Мујо се врати од Германија, дома е"




Bogdancanka -> RE: Вицови за ден со насмевка! (28.1.2012 22:57:52)

Улаза Наркоман у аптеку и тражи најак опиум што га имав
и аптекарка: - А рецепту?
Наркос: - ПА да имаше рецепт ке си га направеше [sm=jezicek.gif]




Bogdancanka -> RE: Вицови за ден со насмевка! (28.1.2012 23:09:27)

Kakva e razlika izmedju svekrvu i slnce?
-Nikakva ,ni u edno ni u drugo nemozes da gledas povise od 2 minuta![sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Luci -> RE: Вицови за ден со насмевка! (9.2.2012 14:28:55)

Зборуваат две плавуши по телефон и едната и вика на другата: - Знаеш дека за да се сплете еден џемпер потребни се три овци? - Еј, незнаев дека овците можат да плетат[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Luci -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.3.2012 9:39:18)

Кога ќе изумрат црногорците?
- Кога ќе сфатат дека и сексот е физички напор.




kikicka -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.3.2012 10:13:16)

[img]http://www4.slikomat.com/11/0310/ebg-monten.jpg[/img]




AnnaMolly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.3.2012 16:34:05)

Трпе се дере на синот:
- Сине гори куќата, брзо искачај!
- Чекај да објавам на статус на фејсбук!
- Ок, тагни ме!






vezilka RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (11.9.2012 14:27:43)

- Седи ученик на час и приклучен на фејсбук пишува на статус "сите на учење, а само јас на фејсбук", кога неочекувано му стигнува коментар од професорот "кецот ќе дојдеш да го земеш или да те тагнам" ? [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




nadica -> RE: Вицови за ден со насмевка! (27.9.2012 11:51:21)

Си ја перам колата вчера во дворот, кога на соседната ограда се појавува комшијата и почнува потсмешливо да ми дофрла: „Ооо, комшија, си отворил авто перална.

Да ти дадам 50 денари да ја испереш и мојата кола. Ха, ха, ха...“
Си мислам, доста жена му ја чукам секој ден наместо него, па уште и колата сака да ја перам наместо него.


Бабата му имала голем мерак на зетот но не знаела како да му каже. Еден ден зетот се вратил порано од работа. Бабата го прашала:

- Зете, замисли си ако дојдат турците, да не заврзат и ти речат: Качи и се на баба ти или ќе те заколеме!, што ќе направиш тогаш?
- Епа... бабо... срам не срам... ќе ти се качам.
- Па тогаш што чекаш... турците ли да дојдат?


Три плавуши разговараат на работа. Првата вели:
- Синоќа го фатив сопругот за топките, а тие студени.

Втората:
- И на мојот му се студени.
Третата:
- Јас воопшто не обрнувам внимание на тоа.
Наредниот ден третата плавуша доаѓа на работа помодрено десно око. Другите ја прашуваат:
- Што ти е?
- Па, ми влезе во главата вчерашниот разговор. Легнав синоќа со маж ми во креветот и решив да проверам. Тој ми вели: „Што правиш?“ Јас одговарам: „Чудно, твоите се жешки а на другите им се студени.“




Luci -> RE: Вицови за ден со насмевка! (27.9.2012 12:29:29)

Бравос бе Надица, ме изнасмеа убаво[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




dostickage -> RE: Вицови за ден со насмевка! (4.10.2012 15:04:05)

Sto e razlikata megju zena vo klimaks i terorist?
So terorisot mozes ponekogas i da pregovaras




dostickage -> RE: Вицови за ден со насмевка! (4.10.2012 15:08:31)

Зошто Црногорците имаат најскап мозок?
Зашто им е чичка нов неискористен.


Молив се гости да не гу фаќав певаљку с,с мрсне руке.




Cipi Ripi -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.10.2012 22:38:35)

Што е циган без рукa и ногa???

-Човек од поверење!
[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Cipi Ripi -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.10.2012 22:42:38)

Мујо и Фата во Лондон фаќаат такси, а возачот ги прашува:

- Where are you coming from?

- Мујо: From Bosna!

- Фата: Што вика?

- Мујо: Прашува од каде сме, му викам од Босна.

- Таксистот: Which town?

- Мујо: Sarajevo.

- Фата: Што вика?

- Мујо: Прашува од кој град сме, му викам од Сарајево.

- Таксистот: I had the worst sex in Sarajevo!

- Фата: Што вика?

- Мујо: Вика дека те знае. )




Cipi Ripi -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.10.2012 22:47:17)

Лелеее колко ти е паметно бебе...!
-Па не е за џабе било сс мене 9 месеца у ГИМНАЗИЈУ!




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>