Beatris -> RE: Вицови за ден со насмевка! (9.12.2010 16:20:59)
|
Кралицата Елизабета, Обама и Иванов заедно отишле директно во пеколот. По некое време, Кралицата рекла: - Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму. Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи. - Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала. По некое време, Обама станал љубоморен и почнал да вреска: - Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене! Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил. Иванов станал уште пољубоморен и државнички извикал: - И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите! Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел... го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал: - Колку должам? - Десет денари, рекол Ѓаволот. - Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари? - Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал.
|
|
|
|