RE: Вицови за ден со насмевка! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (1.7.2014 10:10:28)

Рецепт за сопруга

Потребни продукти:
8 анаконди, 4 пирани, 2 отровни пајаци, 35 папагали и 6 шкорпии.

Начин на приготвување:
Замешајте ги сите заедно.

ВНИМАНИЕ:
При погрешно мешање може да излезе СВЕКРВА!!!




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.7.2014 10:59:42)

Зошто има различни крвни групи?
- За да можат комарците да уживаат во различни вкусови.

- Како си го научила маж ти да се прибира толку рано?
- Многу лесно. Последниот пат кога се врати доцна дома,
јас викнав од спалната: "Перо, ти ли си?"
- А тој?
- А тој е Митре.

Ало, дали е тоа радио Битола ?
-Да, во програма сте.
-Сите ме слушаат?
-Да да господине
-И тие во колите?
-Да да.
-И тие во продавниците?
-Секако господине...
-Блажооо не купувај млеко, мајка ти купила!

На пазар во гужвите некое мало човече се судрило со некој крупен развиен батка. Човечето изнервирано му вели на батката:
- Слушај ти, сериозно ме удри, или само се шегуваше.
Батката го гледа човечето и му вели:
- Сериозно те удрив бе, и сега што?
- Е добро ко си бил сериозен, оти јас не трпам шеги.






LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.7.2014 12:18:48)

Македонската фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на Светско првенство.

Задоволни фудбалерите, пошле кај некоја гатачка за да им го претскаже исходот од Светското првенство. Гатачката им предвидела 4 први места. Фудбалерите зачудени прашале:

- Како е можно тоа, 4 први места?

Гатачката:

- Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.

[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.7.2014 12:36:38)

Зошто мажите никогаш не пуштаат машина за перење алишта?

Затоа што нема даљинско !

***

Командирот ги собира полицајците и им дава задача:

- Утре, во 11:48 сите да се нацртате на плоштад, оние со дигитални саати: два пендреци, свртено столче и снешко.




Defne90 RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (12.7.2014 14:02:17)

-Ќе ми гу местиш ли другарку ти?
- Не бе, има дечка..
- Ако де, и Бразил има голмана па што?!



Разговараат две пријателки:
- Како се твоите деца?
- Добро... Едниот стана дипломиран профеcор, другиот дипломиран доктор, ќерката дипломиран правник, а малиот не заврши ни средно и сега е крадец...
- Какви паметни деца имаш, зошто го чуваш малиот неранимајко? Зошто не го избркаш?
- Само тој носи пари дома. Другите се невработени...



Македонската фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на Светско првенство. Задоволни фудбалерите, пошле кај некоја гатачка за да им го претскаже исходот од Светското првенство. Гатачката им предвидела 4 први места. Фудбалерите зачудени прашале:
- Како е можно тоа, 4 први места?
Гатачката:
- Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.






Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.9.2014 18:02:00)

Во книжарница:
– Имате ли некакви интересни книги?
Продавачот му одговара:
– Нешто лесно ли сакате, господине?
– Може и тешко да е. Со кола сум.




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.9.2014 21:18:46)

Кога ти спиеш твоите непријатели не спијат. Затоа пробај да спиеш што подолго, нека пукнат за спиење.[sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.9.2014 12:56:03)

Трпе и Трпана цела ноќ водат лубов. Трпе на цело истоштен, одвај дише. Трпана го сожалува и му вели:
- Ех Трпе, многу се измори срцка, сега да имаше некој да те одмени...




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.9.2014 12:57:26)

Снаа од село се маже у Кавадарци, и првото утро станва сабајлето, и прво варе кафе, и му прае природен сок од портокал на свекорот и свекрвата, а свекрвата и вика:
---Не требело прво сокот и кафето, прво требеше да се погрижиш за куќата....
А ваа и вика:
---Мене дома у сел'то ми викаа, прво да а наранам стоката, па после куќата........




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (20.9.2014 16:27:28)

Во некој град се случил катастрофален земјотрес. Веднаш дошле спасувачки екипи, и спасителите барале преживеани под урнатините. По некое време барање, спасителите под урнатините на една зграда нашле еден човек седнат на ве-це шолја кој непрекинато се смее.
- Зошто се смееш? Како можеш да се смееш на ваква катастрофа?
- Како да не се смеам? Го тргнав синџирчето од казанчето за да пуштам вода и се сруши зградата.




Snowhite RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (20.9.2014 17:40:30)

Жената му вика на мажот пијаница: Пијаницо една знаеш колку луѓе починале од алкохол?
А овој и враќа: Не лажи мори, бев на гробишта, сегде пишува, ..од фамилијата, од роднините, од сопругата, никаде не пишува од ракија[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (20.9.2014 21:37:12)

-Докторе, многу почнав да заборавам?
- Од кога?
Што од кога?....

[sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.9.2014 8:21:01)

Жена се враќа со својот син од море, па му раскажува на мажот:
- Таму запознав многу интересни луѓе, едниот беше херој од војната …
Синот ја прекинал:
– Е како да не херој, а се плаши да спие сам.




Mihaela 2010 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.9.2014 8:49:58)

Pred nekoj den slatko se nasmeav.
Izjava na penzioner:
Da vistina e deka nie denes ne znaeme sto e internet ama vie na nasi godini nema da znaete sto e penzija.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Zalno no vistinito




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.9.2014 9:10:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Pred nekoj den slatko se nasmeav.
Izjava na penzioner:
Da vistina e deka nie denes ne znaeme sto e internet ama vie na nasi godini nema da znaete sto e penzija.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Zalno no vistinito

Навистина е така.




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.9.2014 11:55:14)


Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот.
Влегол во собата па и рекол на Трпана:
- Приметуваш ли нешто поразлично на мене?
Трпана го погледнала па му рекла:
- Не.
Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете.
Повторно прашува, овој пат малку погласно:
- А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично?
Трпана го крева погледот и му вели:
- Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси!
Бесен, Трпе почнал да се дере:
- А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?!
- НЕ! – одговорила Трпана.
- Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе.
Трпана на тоа му одговорила:
- Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир...

Иде дечко во слаткарница...
- Добар ден може ли да добијам една бакљава?
-Не.
-Зошто?
- Не се вика бакљава, него баклава.
- Добро, може ли да добијам баклава?
- Може. (му носи)
После неколку минути...
- Може ли да добијам љимунада?
- Не може да добиеш љимунада!
- Зошто?
- Не се вика љимунада него лимунада!
- Добро, може ли да добијам лимунада?
- Може. (му носи)
После неколку минути...
- Може ли да пљатим?
- Не може...
- Ооо фаљааа, пријатно!!!

Оди маж на гатачка
- Имате две деца.
- Така си мислиш, имам три деца!
- Не, ти така си мислиш !

Бракоразводна парница во суд.
Сопругата:
– Инсистирам за развод! Тој, без мое знаење, продаде сè: од фрижидерот до тавите, а парите ги испи.
Сопругот:
– Јас, во мојата одбрана, сакам да кажам дека оваа „идеална домаќинка“ дури по две недели дозна дека го нема фрижидерот, шпоретот и тавите!

Трпана оди на ветеринар и докторот и вика:
- Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни... Вие треба да одите во државна болница.
- Сум погрешила!? Кога се будам наутро изгледам како раскубана кокошка, на пат до работа висам како мајмун по автобусите, во фирмата работам како магаре, мажот навечер ми вели: "дојди, маче" а наутро "станувај, краво"... И вие велите дека јас сум погрешила?!




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.9.2014 16:31:04)

Учителката по македонски им рекла на децата да напишат нешто необично што им се случило минатата недела.
Игорче чита:
- Мојот татко падна во бунарот.
- Господе, дали е татко ти добро сега? - прашала учителката
- Сигурно е. Вчера престана да вика за помош.
[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (28.9.2014 12:48:57)

Професорот го прашува студентот на испит:
- Која е разликата меѓу умниот и глупавиот човек?
- Умниот ја знае разликата, а глупавиот прашува!




Snowhite RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (28.9.2014 22:40:45)

Moram da go spodelam samo sto go procitav se presmeav a i plus idealno resenie e za site domakinki[sm=jezicek.gif]
Odi Nada na pazar i ja gleda Mara so pegla vo race se seta niz pazar
-Mare mori, sho ja m'knes taa pegla so tebe niz pazar?
-Ami preku glava mi dojde sekoj den da ja mislam dali ja iskluciv ili ne




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (7.11.2014 16:47:02)

Прашуваат Американец:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш на лото?
– Ќе си купам нов автомобил и нова куќа.
– А останатите?
– Останатите ќе ги вложам во бизнис.
Прашуваат Русин:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш на лото?
– Ќе си купам јахта и вила.
– А останатите?
– Останатите ќе ги ставам во некоја банка и ќе добивам камата.
Прашуваат Македонец:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш на лото?
– Ќе си ја платам вересијата во продавницата, ќе му ги вратам парите на Митре од први и ќе и ги вратам парите на колешката од работа од која зедов на заем.
– А останатите?
– ЕЕЕ па тие ќе почекаат!!!!!




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (22.11.2014 19:04:17)

Матичар прашуе?

Чив ФБ Профил ке га користите?

Муж вика: Ја мој ке си га задржу

Жена: Ја ке си га задржу мој , ама и његов ке га користу.




caciana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (23.11.2014 19:13:15)

Маж: Здравоо!
Таксист: Појако!
Маж: ЗДРАВОО!!
Таксист: ПОЈАКОО!!
Маж: ЗДРАВООООО!!!
Таксист: ВРАТАТА БЕ ГЛУПАК !!!
[sm=jezicek.gif]






caciana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.11.2014 14:41:18)

Ne go koristete WC-to vo son.
Namestaljka e [sm=jezicek.gif]!!!




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (24.2.2015 18:59:19)

Маж и жена гледале хорор филм, и ноќта мажот го буди глас, слуша: You're gonna die...

Се врти со страв кон жена му и слуша: Јоргано дај... Јоргано дајјј

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  14 15 16 17 [18]