|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Политика.....
7.6.2011 1:02:52   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: bombica


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

отиде и брат Љубе user posted image

Epa BANDO KRIMINALNA, Nikolce diktatorce, Vlatce klatiglavceuser posted image user posted image jasno bese deka ke go apsat

Љубе и јас би го уапсила. Не за друго, да можам судењето на телевизија да го гледам.



user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Стварно си ненормалнаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Политика.....
7.6.2011 5:33:44   
mamicki
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Ми се повраќа од прва генерација адаптирани иселеници. Дури и подобро им е од нативните! како бе така??? Па у филм се! Успео сам, у животу....

Инаку Македонија дала, ама што ние се си сакаме да искешираме никој не ни е крив! Влеговме во дигестивниот тракт наречен Европа, па се цениме по дали имаме за јадење и материјал за сере*е.
Од мене путуј Европо!!!



Искрено, не само што немам ништо против личниот успех на луѓето, туку тоа е единствено нешто што го почитувам и признавам. Сега, зависи од стартот, дали е низок или висок, дали е патеката со или без препреки...за некои е успех и 100м да претрчаат, за други и маратонот не е којзнае што, важно е човек да се помести и да се чувствува реализиран поради тоа. Откаде толкав анимозитет кон луѓе што среќата ја побарале на друг дел од планетава? Па 21 век е, да му се невиди!, индивидуалноста и личната среќа се приоритет!
Не е Македонија и патриотизам како слепци да следиме ќорави водачи додека не пропаднеме во провалија! Македонија е секој што пораснал на ова тло, со сите ставови и карактерни црти кои ги формирал под ова сонце. Каде и да оди човек, тоа е во него, тој е Македонија. И примитивизмот, и фолклорот и убавото и лошото што овде го живееме, го дишеме со воздухот- се е тоа Македонија. А колку за јадењето... биолошка неопходност е, тешко нас што дојдовме на дереџе на 3/4 од населението овде тоа да му биде топ приоритет! И кој ни дава право да им судиме на тие што се чвствуваат среќни и реализирани само поради тоа што овој топ приоритет го реализирале некаде таму, под некое друго небо?!
Наместо да ги плукаме треба да се преслушаме убаво... Јас на пр. не мислам дека некој жител на некое јуручко село по Плачковица што живее без пат, канализација, вода и струја (да, дури и без струја!!!) треба тврдоглаво и во тие околности да си ја сака татковината! И секој што не ја прошетал Македонија од ќоше до ќоше, што си ужифка и си филозофира испивајќи коктели на кеј, нема право да зборува за патриотизам. Те сакам татковино, но ниту не те познавам?!  

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Политика.....
7.6.2011 6:37:54   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: bombica


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

отиде и брат Љубе user posted image

Epa BANDO KRIMINALNA, Nikolce diktatorce, Vlatce klatiglavceuser posted image user posted image jasno bese deka ke go apsat



Ниту јас не го симпатизирам брат Љубе, но кај нас е веќе загрижувачко нивото на демократија и слобода на говор. Велија лаеше - го затворија, Љубе лаеше - и тој ќе скапе во затвор.
Се чудам кој закон и дава за право на власта да прислушкува телефони за време на избори...и воопшто?
Ќе почнам да се плашам и од ѕидовите...и тие имаат уши.

< Поракaта ја уредил Admin -- 7.6.2011 7:10:26 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Политика.....
7.6.2011 7:28:55   
Viktori
Јас на пр. не мислам дека некој жител на некое јуручко село по Плачковица што живее без пат, канализација, вода и струја (да, дури и без струја!!!) треба тврдоглаво и во тие околности да си ја сака татковината!

За оваа татковина некој гинел и полошо кога било! Ако ви се јаде јадете, ама имајте почит спрема оние што гинеле и пред некоја година! Ако на вас се ви се сведува на јадење и пиење на некого не.
Ова е воедно последен мој пост на оваа тема, (сакала ам)  Национална свест и празен желудник не е исто. Порано луѓето го знаеле тоа. Сеа се станати паразити.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Политика.....
7.6.2011 7:34:02   
mamicki
Дефинитивно- не е исто, празниот желудник е многу поконкретен! Кој и за што треба да се бори? Секој за свој и со тоа за просперитет на заедницата, ако таа создаде соодветни услови! Умре времето на замочување животи поради одбележување територии од империјалистите, сега секој знае- ништо не е поважно од човечкиот живот и достоинство!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Политика.....
7.6.2011 7:44:05   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Дефинитивно- не е исто, празниот желудник е многу поконкретен! Кој и за што треба да се бори? Секој за свој и со тоа за просперитет на заедницата, ако таа создаде соодветни услови! Умре времето на замочување животи поради одбележување територии од империјалистите, сега секој знае- ништо не е поважно од човечкиот живот и достоинство!


Дефинитивно, на овој народ му одговара да биде и со празен желудник, во име на идеологија.
И кој човечки живот кога повеќе од половина од населението живее на леб и вода? Кое достоинство кога факултетски образованите пасат стада со овци?



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Политика.....
7.6.2011 10:45:36   
anedespo
Сосема се согласувам со Виктори.
Едно е да си ја бараш среќата на друго место, а друго е да плукаш по татковината. Не се сведува се на тоа што ни дала татковината, туку на тоа што ние сме направиле за татковината. Па не е во ред секогаш да чекаш со дигнати раце, треба да се избориш самиот за се.
Работа може секогаш да се најде, меѓутоа некои луѓе бараат работа ама молат да не ја најдат. Фирмата во која работам бараше минатиот месец преку агенција работници, ама не можеше да најде!!!!
И уште нешто пари не врнат од небо, треба да си ги заработиш. Дали во Македонија или надвор од неа, треба да работиш. Е сега сите директори не може да бидеме. И кој сака да работи , ќе најде работа.
Снаа ми работи на 2 работни места зашто не и стасуваат парите, значи може.
Инаку од Австралија ни доаѓаа гости и секогаш ни носеа хулахопки на поклон!!!. И нормално, се чудеа на кујните што ги имаме. Ова не беше баш одамна, пред едно 10-15 години. Ќе дојдеа и ни се перчеа со нивниот "пореметен" македонски јазик како: телефонот ринга, го паркирам карот и такви некои глупости.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Политика.....
7.6.2011 11:11:49   
temjana
апсолутно сте во право и истото мислење го делам и јас со вас. Ако сакаш да работиш ќе најдеш работа. Само што ќе речат луѓето ако не си на добра функција, кај нас е срамно да работиш било што.А кога ќе заминат во друга држава може да работат и како садомијачки и како продавачки таму е сосема во ред да се работи работа која не е по професијата твојаuser posted image од секогаш сум се чудела на тие луѓе, како на страна може да се работи било што и да биде оправдано а овде мора стрикно по професијата, навистина чуден народ сме. И да насекаде ама буквално насекаде има корупција и има вработување со врски или како што на запад милуваат да ги нарекуваа препораки, исто ср

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Политика.....
7.6.2011 11:39:03   
mamicki
Аман бре луѓе, во иста држава ли живееме? Во оваа во којашто јас живеам, невработеноста е околу 40%, а работници работат за помалку од 10.000 денари месечно! Со толку пари човек може само да цркне, а не може да живее! Не е точно дека Македонците се мрзливи и пребираат! Па истите тие луѓе заминуваат, и почнуваат од 0, работат и заработуваат!

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Политика.....
7.6.2011 12:22:50   
Natuska85
Ајде малку да ја намалиме тензијата тука........да се user posted image user posted image user posted image

Цимер, дек си ти бе цимер.. Е арен ли си, шо ќе се пофалиш ?user posted image user posted image user posted image
user posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Политика.....
7.6.2011 12:49:02   
temjana
user posted image user posted image user posted image хахахаха дал да плачам ил да пејамuser posted image user posted image . Нема потреба од нервози секој си го искажува својот став, моето мислење е тоа пола од пријателите ми се надвор од нашата држава работат од јутра до сутра по неколку работи немаат време буквално за ништо а за сопствен кров над глава освен со големи кредити кои ќе ги исплаќаат по 50години може само да сонуваат. И не ја гледам разликата и кај нас е така во тие работи западот го следиме со полна пареа. А да не заборавам да кажам дека ретко кој од моите пријатели работи по струка а сите се со високо образование од кои неколку се со докторски титули. Секој си има право на избор каде сака да си живее и да си оформи семејство, јас не велам дека кај нас е сјајно далеку од тоа, само велам дека ни таму нее најсјајноuser posted image

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Политика.....
7.6.2011 13:08:24   
*mika*
Moe mislenje e koj moze i misli deka poubavo ke zivee vo stranstvo, slobodno neka si ja proba srekjata. I jas imam prijateli i rodnini, i tocno deka isplakjaat krediti, ama so tie pari sto gi zele od banka imaat i kukja za ziveenje, i na odmori odat, i vikendi teraat.. i ne mislat kako od prvi do prvi.. aj nie tuka da zememe kredit de?? prvo neznaes od kade poprvo da skratis za rata da platis.. dali od lebot.. dali od smetkite za struja.. ili parnoto da go isklucis.. a tek da treba stan da kupis i od roditelite da se izdvois i toa so kredit.. tesko tebe..
A da ne zborime za nekoi drugi raboti sto se slucuvaat nasava ni "drzva".. ko naprimer pretepanoto momce do smrt, Daniel, pred 2 dena, na proslavata po izborite, na SRED PLOSTAD. Abe 23 godisno momce...necij SIN.. i uste idioti se pravat, nemalo takov slucaj prijaven.. abe site da gi fatis i obesis na plostad. I ovoj li slucaj planiraat da go zataskaat ko onoj Alen (ciganot li kako ko vikaa) od obezbeduvanjeto vladino, na partizanska koga utepa covek i nikomu nisto.. ccc... e sea se iznervirav...user posted image

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Политика.....
7.6.2011 13:32:55   
mila mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Дефинитивно- не е исто, празниот желудник е многу поконкретен! Кој и за што треба да се бори? Секој за свој и со тоа за просперитет на заедницата, ако таа создаде соодветни услови! Умре времето на замочување животи поради одбележување територии од империјалистите, сега секој знае- ништо не е поважно од човечкиот живот и достоинство!


Дефинитивно, на овој народ му одговара да биде и со празен желудник, во име на идеологија.
И кој човечки живот кога повеќе од половина од населението живее на леб и вода? Кое достоинство кога факултетски образованите пасат стада со овци?




Potpis!


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Политика.....
7.6.2011 14:48:01   
bombica
Vo Idrizovo Velija go prasuva Ljube: Ljube sto e ova ? Ljube odgovara: Iskenderovo maslo AGA user posted image user posted image user posted image
Sala nastrana....Od demokratijata vo nasava ni mila draga Makedonija nema ni D.Strav da te fane da si go kazes svoeto mislenje posto utre moze mnogu lesno da zavrsis vo Idrizovo. Seto ova me podseka na bivsa Yu samo sto go nemame Goli otok tuku Idrizovo.

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Политика.....
7.6.2011 16:05:38   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Дефинитивно- не е исто, празниот желудник е многу поконкретен! Кој и за што треба да се бори? Секој за свој и со тоа за просперитет на заедницата, ако таа создаде соодветни услови! Умре времето на замочување животи поради одбележување територии од империјалистите, сега секој знае- ништо не е поважно од човечкиот живот и достоинство!


Дефинитивно, на овој народ му одговара да биде и со празен желудник, во име на идеологија.
И кој човечки живот кога повеќе од половина од населението живее на леб и вода? Кое достоинство кога факултетски образованите пасат стада со овци?




Potpis!



И јас ќе ја потпишам Палешка !

Ако ти се работело - ќе си нашол работа?! ДРн дрн јариња. На 40% од луѓето во државава не им се работи, а? Абе ајдеuser posted image



< Поракaта ја уредил Martins mom -- 7.6.2011 16:06:42 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Политика.....
7.6.2011 16:22:18   
bebe82
 
ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Дефинитивно- не е исто, празниот желудник е многу поконкретен! Кој и за што треба да се бори? Секој за свој и со тоа за просперитет на заедницата, ако таа создаде соодветни услови! Умре времето на замочување животи поради одбележување територии од империјалистите, сега секој знае- ништо не е поважно од човечкиот живот и достоинство!


Дефинитивно, на овој народ му одговара да биде и со празен желудник, во име на идеологија.
И кој човечки живот кога повеќе од половина од населението живее на леб и вода? Кое достоинство кога факултетски образованите пасат стада со овци?




Potpis!



Дупли потпис на ова и на све што кажаа и mamicki и Палешка user posted image

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Политика.....
7.6.2011 17:29:32   
Snowhite RR
Го укинаа и безвизниот режим ете, и да сакаме да заминеме не можеме

Туку баш заради тоа што кажаа некои дека во странсвто работат најпоследните работи, што овде нема шанси да ги работат, се срамат, баш заради тоа никогаш не се решив да заминам од оваа држава, зашто тоа што не сакам да го работам овде, не сакам ни таму

Е сега баш заради тоа што е сведено на јадење и пиење, односно на преживување, па зарем да гласам и да прославувам за што, затоа што некој победил на избори и си зел фотеља, не можам
И зошто ниту една влада не им овозможува на младиве станови со ниски каматни стапки и со подолг период на отплата, па секој втор млад брачен пар нема кај да живееuser posted image
И уште нешто, некој пиша дека повеќето бараат работа, а молат бога да не најдат, се согласувам со ова, еве пример конкретен, од минатава недела вработивме нови луѓе кај нас во фирма, и сега „дремат“, не им се работи, чекаат директорот да им каже, а и да им сработи, а тие си стојат, едниот имал нови патики, па ќе си ги извлакал...Абе први денови на работа треба да трчаш, да се докажиш, не можам да ги разберам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Политика.....
7.6.2011 21:09:17   
Viktori
И уште нешто, некој пиша дека повеќето бараат работа, а молат бога да не најдат,


и не само то Сноувајт. Па јас се пријавувам во биро ко невработена последнава година, а турбо работам. Колку ли има како мене? Колу има што не можат да се пријават или газдите не ги пријавуваат? Колку има што работат на црно и не ни сакаат да се пријавуваат и да плаќаат данок?
Не дека има такви што стварно не можат да најдат, ама бараат работа или имаат идеја што сакаат да работат па друго не прифаќаат?
Едно е да си ја бараш среќата на друго место, а друго е да плукаш по татковината.


анедеспо, некои луѓе не разбираат дека да ја сакаш Македонијава не е да ти се свиѓа зградана, владана или која било временска градба, установа и институција, туку да ја сакаш оваа грутка земја, парче небо и сонцето!
Кога љубовта спрема татковината се мери со единица мерка дебелина на новчаник.... што да кажеш друго?
Македонија е крива за се!



< Поракaта ја уредил виктори -- 7.6.2011 21:14:33 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Политика.....
7.6.2011 21:59:16   
Octavia
Македонија не е само оваа грутка земја, Македонија е најмногу од се луѓето кои во неа живеат. Ако луѓето во неа се чувствуваат несреќни, бесперспективни, без компас, очајни итн. не може да идеализираме. Лесно е да се глуми морална големина со полн стомак. Како што има кажано попаметен од мене, за да стигне човекот до потребата за исполнување на некои идеали, треба да ги исполни прво основните животни потреби, а дури потоа доаѓаат потребите за естетика, уметност и разните идеали. Како што болен човек има само една желба, така и гладен човек прво бара храна, па сит може да зборува за идеали. Јас 11 години работев во образование. Како класна сум се сретнувала со разниживотни судбини. Мислам дека е навреда да се генерализира дека тука тече мед и млеко, ама мрзеливите си наоѓаат оправданија да не работат (и плус не се патриоти оти се жалат од Македонија). Имав случај кога мајката болна одеше секое утро (па и по мразовите) пешки 1 час да продава гевреци за после пешки (уште 1 час одење) да се врати дома за да му донесе на нејзиниот син средношколец геврек и пари за автобус (оти пари за вадење слободна немала никогаш за одеднаш да даде). И јас тоа го дознав кога син и паднал во некоја комбинација од депресија и непослушност, па жената дојде кај мене по помош, оти, вика, мене ме слушал синот, па да зборувам со него. Да не наборјувам колку примери такви и слични сум имала. Имаше еден филозоф наш на ТВ кој убаво кажа „Ако вие секое утро се будите под стрес и со мисла како ќе ги прехраните децата тој ден, нормално дека не можете да бидете здрави.“ Оној кој не го осетил тоа на свој грб или кој барем не го видел од блиску не му се верува. Лесно е со лаптопот во скут да ги осудуваме тие што немаат дека не се доволно упорни/вредни/паметни/амбициозни... Има многу вредни луѓе кои едвај ги прехрануваат семејствата и кои, да, ќе ја опцујат државата патем. Кога престанав да работам во образование и започнав со другата работа, дојдов во ситауција да ми е срам да кажам колку заработувам, оти седев со две прекрасни жени, чистачки во училиштето каде што претходно работев и констатирав дека тие за еден месец земаат колку (тогаш) јас за два-три дена работа. Едната од нив морала да го прекине студирањето и да се вработи како чистачка заради финансиската криза дома. И да, бесна е што живее во земја во која повеќе вреди каква партиска книшка имаш од тоа колку знаеш и колку вредиш.
А за странство, не е баш така како што зборувате. Мојата сестра живее во странство. Има факултет кој е баран и тука и по светот. Никогаш не работела што било, никогаш немала потреба да работи 2-3 работи. работи во струка и солидно заработува. Не се богати, ама имаат живот за кој тука може да сонуваме, со неколку летувања годишно, со патување по светот, имаат посетено места кои јас само на National geographic ќе ги видам. И сите од нејзината струка кои лично ги знам и кои живеат во странство одлично се снајдени. И повеќе се дружат од нас тука, верувајте. Да не го применуваме толку очигледно она кисело грозје-сладок лимон од одбранбените механизми user posted image .
p.s. Извинете, дури сега видов колква излегол постот user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Политика.....
7.6.2011 22:06:26   
mamicki
Potpis Oktavia!!! I pecat!!!
I jas imam raboteno vo obrazovanie, imam videno mnogu lugje i mnogu sudbini, a imam i kup moi bliski lugje sto ziveat cesno od svoeto znaenje vo stranstvo... Ama vistina ziveat, ne prezivuvaat! Komu ne mu se dopagja vistinata, glavata vo pesok i neka si mizi!

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Политика.....
7.6.2011 22:22:51   
temjana
секој со својата судбина, и кај мене не тече мед и млеко ниту пак некогаш течело меѓутоа со многу труд и работа успеав колку толку во животот, и одам напред се стремам кон поголеми успеси. Сум имала периоди и во детството и сега кога буквално сум ги броела ситните пари за да купам леб ама во буквална смисла на зборот, за леб собирав денарчиња. Но ете го преживеав и тоа, за среќа оној што ја искусил и немаштијата многу подобро се снаоѓа во животот, знае да ги цени малите работи и да ужива во нив. За тоа на запад луѓето кога ќе банкротираат паѓаат во депресија а не толку ретко и се самоубиваат, ние цел живот живееме во банкрот и навикнати сме ништо не може да не погоди. неколку години работев на две работни места станував во 5часот сабајле патував во друг град на работа, и после пак на работа ми се случуваше и до 12 вечерта да заглавам, доаѓав дома и бев жив мртовец. и тоа фала му на бога го преживеав и научив многу работи за себе научив дека не сум толку слаба и изгубена како што мислев, научив дека имам сила да се борам со се и сешто, и најбитно научив дека можам да преживеам каде и да одам. Секое зло за добро е. многу е битно како ти самиот гледаш на животот, бидејќи може и да имаш се а ти воопшто и да не си свесен за тоа, на крајот на денот ние самите си го кроиме нашиот живот и си го бираме патот по кој ќе чекориме никој не ни е виновен за нашиот избор, неуспех....

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Политика.....
7.6.2011 22:36:33   
Hunny
анедеспо, некои луѓе не разбираат дека да ја сакаш Македонијава не е да ти се свиѓа зградана, владана или која било временска градба, установа и институција, туку да ја сакаш оваа грутка земја, парче небо и сонцето!
Кога љубовта спрема татковината се мери со единица мерка дебелина на новчаник.... што да кажеш друго?
Македонија е крива за се!

Виктори се согласувам со секој твој збор.И не се согласувам дека ваквите размислувања се производ на безработицата и сл. Се сеќавам, имаше една членка на РР која кажување дека со сопругот купиле стан и плакале 1000 евра месечна рата, а сепак викаше дека веднаш при првата прилика би ја напуштила Македонија.
Еве ,јас сум магистер,кој чекаше работа 7 години па во ниеден момент не размислував така. За тој период живеевме само од платата на мајка ми, но љубовта кон мојата земја не ја мерев според ситуацијата во која се наоѓав. Тоа не значи дека имам нешто против луѓето што својата среќа ја побарале надвор од земјата, туку против изјавите од типот дека надвор тече мед и млеко, само во Македонија е лошо.

< Поракaта ја уредил виктори -- 7.6.2011 22:40:32 >

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Политика.....
7.6.2011 22:57:44   
Pepelaska *
абе женски а да отвориме нова тема, темава е за политика а вие за татковината user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Политика.....
7.6.2011 23:00:37   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

абе женски а да отвориме нова тема, темава е за политика а вие за татковината user posted image


испаднаа многу поврзани. Нема потреба од нова тема. И така и така се меша татковина со се и сешто, таман одговара темата.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Политика.....
7.6.2011 23:28:39   
Lidina
Прочитав во нечиј пост погоре дека работа има во државава само некој се моли да не ја најде. Има, да, се согласувам, ако сакаш да работиш ќе се вработиш, само што ќе работиш и за која плата? Јас кога дипломирав сакав да работам и најдов работа како продавачка во маркет. за сто евра да рмбаш и викенд и празник и плус да ти кратат од плата. Кој висок морал го имав тогаш за да ја сакам државава? Се прехранува ли семејство со сто евра? Се плакаат ли сметки? па кирија?
Јас не сакам во странство да живеам никогаш не сум ни сакала, ама па не би била патриот по секоја цена. Зошто да ми газат по достоинство? И не бев единствена со факултет што работеше, значи не е вистина дека сите што ќе дипломираат во државава дома седат со години и чекаат фотелја од небо да им падне.

И Snowhite, велиш тие што сте ги примиле чекаат да им каже директорот што да работат? Зошто ги чувате на работа уште? Па има луѓе што молат да работат, да се докажат, само да добијат шанса. И не си работела други работи затоа што не си морала. user posted image и не е исто во странство да работиш продавачка и тука.

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?