|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Политика.....
8.6.2011 9:06:15   
anedespo
И јас кога се вработив првпат после завршување на факултетот, работев во видеотека за 5000 денари, па на тоа никогаш не сум гледала понижувачки. Напротив сум се радувала дека си имам свој џепарлак. Работев и кај еден како работник за се(од чистачка, секретарка, утоварач на пакети, комерцијалист), па не ми беше понижувачко иако имам факултет. Сето тоа ми беше едно големо искуство со контакти со клиенти, тогаш го усовршив и офисот, кој одлично ми се најде во наредната работа. Значи ај имам факултет и нека ме стават шеф или директор, без никакво искуство.
Имам милион примери каде невработени познаници и пријатели не се вработуваат зашто пребираат работа. А за ниските плати тоа е друго прашање, треба појак синдикат кој ќе се избори за тоа.

А за криза , многу добро сум ја осетила на своја кожа транзицијата во Македонија, бидејќи потекнувам од семејство на градежник и административец каде имаше само една плата од 6000 денари со која се раснеа 2 тинејџери. Меѓутоа тоа не прави да не си ја сакам татковината.

И уште нешто, јас и маж ми секој денар го користиме за дообразование и едукација (магистерски студии, семинари), зашто на тој начин ќе можеш подобро да се продадеш на пазарот на труд. Нонстоп мислиме на кој начин да заработиме плус пари, да работиме и додатни работи, приватен бизнис. Само така се успева, а не со скрстени раце и државата не ми дала работа. Па никој од дома нема да те земе ако сам не си ги засукаш ракавите и да си побараш.



(Одговор на членот Lidina)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Политика.....
8.6.2011 9:19:21   
Палешка РР
Можеби е така во Скопје, анедеспо, но што е со градовите од внатрешноста? Што е со Прилеп на пример?
Во нашиот град жените се шнајдерки, а мажите таксисти. Сите земаат плата по 7000 денари максимум и супер им е! Садат и тутун кој патем не им се плаќа, или садат зелки, кои исто така не им се плаќаат. И што да работат повеќе од тоа, имаат ли тие деца кои треба да растат со родители?
И како да имаат желба за напредување кога државата ги убива во поим, кога највисока плата на локално ниво (говориме за нормални, работнички плати) е 8000 денари? Каде и да работат, колку и да се образовани - толку! И што им останува? Да купат крави и да ги молзат.
Ве молам, да не се залажуваме и да не замачкуваме очи дека до нас е работата, дека ние сме мрзелив народ...Ние сме многу вреден народ, но демотивиран, уништен, гладен, потиснат, разочаран.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Политика.....
8.6.2011 9:39:19   
temjana
без навреда и навистина не сакам никој да се најде засегнат од муабетов, бидејќи нели овде дискутираме и разменуваме мислења наши, но искрено кога ќе излезам по улиците скопски, струмички, битолски, охридски, прилепски (ова се градовите кои изминативе 3 седмици ги посетив) и кога целиот народ ама буквално целиот значи зборуваме за места каде освен кафичи и ресторани низ центарот нема ништо друго, и кога таму неможеш да најдеш место за седнување се прашувам па добро мајку му стара од каде им се парите на луѓево? нели се нема? јас знам по мене на кафе седнуваме со мм едвај еднаш месечно, и после се туфкаме цела недела колку пари сме потрошиле за пола саат а со тие пари сме може од пазар две ќеси зеленчук да земеме. Не ми е јасно навистина, јас бе брате кога немам навистина немам. Одмор? што беше тоа? лани после 4 години пауза од одмарањеuser posted image отидовме на одмор и тоа благодарение на сестра му на мм која ни го плати речиси целиот. И да да не заборавиме и јас и мм работиме, јас на две работни места и плус проекти и пак имаме колку за јадење да можеме од се по малку да си каснеме. ама тоа не значи дека некој ми е виновен, јас и на мм му велам најди си дополнителна работа едноставно такво време дојде, скап е животот кај нас тоа е факт, и плус со кредити заглавени значи решение мора да се најде. од кукања фајде нема затоа бог ни дал раце, ум тоа е нашето оружје и ако си доволно умен ќе ти бидат доволни

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Политика.....
8.6.2011 10:20:19   
mamicki
Не е скап животот, туку ефтина е работната рака, тоа зборуваме цело време темјана... Велиш дека работиш две работи, мажот ти плус, и ни на одмор не сте можеле да појдете без туѓа помош?! И, во ред ли е тоа?
И јас работам две работи, мм исто, и имаме колку што ни треба, но толку да работев во “нормална“ држава- планина ќе поместев! Вака, од џеб во дуќан, од дуќан в тенџере, од тенџере во шолја! На тоа ли да се радувам?! Среќа што живееме во куќа што неговите ја изградиле- да треба сега за стан кредити да плаќам, и за леб ќе трпевме, и покрај тоа што на г’з не сме седнати како луѓе!

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Политика.....
8.6.2011 10:41:30   
temjana
не велам дека е во ред и мене многу често ми доаѓа се да отерам кај што не му е место, но искрено и уморена сум од кукања и жалење. и си велам ништо не постигнувам ако само плачам над мојата судбина и се споредувам со луѓето кои живееат надвор. едноставно одлучив дека тоа е тоа продолжуваме понатму работиме и се радуваме на она што го имаме, бидејќи на крајот на денот ќе видиме дека животот е многу непредвидлив денес си тука утре...... па затоа и одлучив непотребно да не си создавм нервози. Од кога го расчистив тоа со себе мене животот ми стана рај, буквално уживам во него, гледам секој момент да се посветам на себе духовно да се надоградувам, на луѓето кои ми се драги да им посветам доволно внимание. Едноставно колку даваш толку ти се дава. Знам дека звучам како од филм меѓутоа мене тоа ми помогна да пребродам многу тешки моменти во мојот живот и да го ценам животот воопшто

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Политика.....
8.6.2011 13:27:10   
anedespo
I jas i maz mi pocnavme so mnogu niski rabotni mesta (slabo plateni), megjutoa so tek na vreme, preku skoluvanje i sirenje na poznanstva (koi mnogu ni se najdoa), se kacivme malku na skalata. Megjutoa i toa ne ni e dovolno za pristoen zivot. Zatoa postojano sme vo dvizenje i razmisluvanje za plus zarabotka. I jas sum rabotela 2 raboti, a i maz mi e sega e vo pregovori za vtora honorarna rabota, kako i za svoj biznis. Znaci ne sedime so skrsteni race.

Imase i proekt na drzavata pred nekoja godina da ti pomognat da pocnes svoj biznis so nekolku iljadi evra ako si nevraboten sto ne e za potcenuvanje. Znaci ete moznost. Ima proekti za nevladini organizacii (znaci formiraj i prijavuvaj se), doobrazuvaj se za da imas uste pogolemi moznosti.

A za sporedba so drugi zemji, nemojte Ve molam. I tamu e isto kako i kaj nas. Koj ima -ima, koj nema -nema. Megjutoa kaj niv standardot e na povisoko nivo zasto odamna go primenuvaat sistemot na kapitalizam, a nie uste gi cuvstvuvame posledicite na losiot izbor za tip na privatizacija vo Makedonija(koja ako bese poinakva, ke ni bese milioni pati podobro). A i da ne se zalazuvame cenite za hrana rastat na globalno nivo i ke se dupliraat za 10 godini, moze i porano spored procenkite. Znaci ne ocekuvaat uste poteski vreminja. Zatoa ostajte kukanjeto na strana i barajte alternativi za zarabotka.


(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Политика.....
8.6.2011 14:13:35   
Pepelaska *
Темава врска нема веќе со политика ама ај ќе искоментирам и јас на ова за работата и немање/имање. Еве јас сум пример од тие кои не сакаат да работат било што. Значи имав работа ( средно платена ни многу ни малку за со средно супер) имам и факултет. Кога дипломирав се што сакав е одма да се вработам кај било и што било. И за 5 месеци така и беше( немав ни врски ни ништо ) преку оглас беше се. Работев скоро 16 месеци од кои последните 3 не можев повеќе да издржам.Значи осеќав како ми се затупува мозокот , осеќав како тапкам во место и како се она што го вложив во себе за време на студиите се губи и да понижување ми беше кога некој наконтен т.н фраер ќе ми ги фрлеше парите од високо и со надуен глас ќе каже дај малборо , ни добар ден ни пријатно ништо значи едноставно не можев да ги поднесам некултурните луѓе ( кои сегде ги има секако) . Останав бремена заминав на породилно и не се вратив таму , не затоа што сакам да вложувам во себеси и во она што го учев а таму не можев. Сега планирам да работам таква работа само ако немаме за леб, пари ни требаат да , правиме куќа имаме мало дете, ама едноставно така решив. Кој ми е крив државата? Секако дека не, не обвинувам никого значи има многу дипломирани како мене кои чекаат на ред многу години повеќе од мене за да  дојдат на работно место. И да веднаш би си заминала оттука ако знам дека некаде ќе живеам поубав живот каде мм нема да работо 16 саати на ден и празник и викенд каде ќе знам дека ќе имам пари за одмор и слично. Сепак тука е останато незнам од кое време она и основно немај ако имаш некој познат ајде директор ќе станеш. И ? Што ќе биде со таа фирма? Мислам дека владава треба да поработи малку на дообразование на граѓаните а најмногу да се воведат тестови за вработување особено за наставници, учители, доктори и слични професии од кои зависат животите на луѓето. малку може забегав ама тоа е мое мислење

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Политика.....
8.6.2011 14:51:17   
mamicki
Ne si zabegala, diskusijata si e na mesto, i ne si of topic, tokmu toa e politika- kreiranje na pravecot vo kojsto kje se razviva/ dvizi zaednicata; ne e politika toa sto go gledavme sega, vo predizborata kampanja koja sto se svede na plukanje vo dalecina. Eden, be, eden barem da izlezese so nekoja konstruktivna i odrzliva ideja, aferim da recev! Tuku ne, pak gledavme prodolzenie na "Bandite na Njujork"!

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Политика.....
8.6.2011 15:11:03   
temjana
ова кај нас незнам као можеш да го наречеш ама со сигурност не изборна кампања, простотилук собран на едно место. Па јас искрено мислам дека поиздржани муабети прават децата во градинка од овие нашиве идиоти, фала му на бога бев зафатена и време за тв немав воопшто така да оваа кампања скоро и незабележително пројде од моја странаuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Ne si zabegala, diskusijata si e na mesto, i ne si of topic, tokmu toa e politika- kreiranje na pravecot vo kojsto kje se razviva/ dvizi zaednicata; ne e politika toa sto go gledavme sega, vo predizborata kampanja koja sto se svede na plukanje vo dalecina. Eden, be, eden barem da izlezese so nekoja konstruktivna i odrzliva ideja, aferim da recev! Tuku ne, pak gledavme prodolzenie na "Bandite na Njujork"!


(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Политика.....
8.6.2011 16:37:59   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana

ова кај нас незнам као можеш да го наречеш ама со сигурност не изборна кампања, простотилук собран на едно место. Па јас искрено мислам дека поиздржани муабети прават децата во градинка од овие нашиве идиоти




Потпис !!! Не ми се веруваше што слушам и што гледамuser posted image Па бетер муабети правеа од ова простациве во маало, почнаа жени, мајки, шајки се да мешаат...Абе згрозена сум, ама повеќе загрижена. Што се случуваuser posted image user posted image user posted image user posted image

И во врска со она дека само мрзливите не можат да најдат работа, пак ќе ви кажам не сте во право! Не дај боже да бидете на местото на тие „мрзливи“! Има 3 години откако дипломирав и во тој период работев во спортска обложувалница и во бинго. Бев навредувана, малтретирана, понижувана и од играчите (кои се нервозни дека губат пари) и од претпоставените (кои бај д уеј се осмоодделенци). КОга и да се вратев од работа, бев расплакана или нервозна, ама морав да работам, ни требаа пари за да си го средиме домот, а и очекувавме дете. Не бев осигурана, не ме следуваше породилно.
Значи, ниту се срамам ниту се плашам од било каква работа, ама ете не можам да најдам ниту за чистачка, ни продавачка ни шнајдерка (бараат со искуство)user posted image , а камоли по струкаuser posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 17:12:56   
humana
Martins mam veeruvaj deka pola i vise baraat rabota a molat boga da nenajdat,eve primer edna od kaj nas nemaat vod vo ocite i i vika mm da ja vraboti vo vlada kako cistacka,pa i toa e rabota i so sigurnost zemaat do 15000 i vise,i gospogata nekese i bilo ponizuvanje toa da go raboti,prasa uste nekolku nikoj ne sakase a site se bez rabota i bez pari,pa sto e toa stramno,i vo vladas nema mnogu rabota da zabrise prasina po kancelariite vecinjata i tolu.Epa neka mi izvinat koa ke kazat nema rabota,koj saka ke raboti,ako mu trebaat pari.Steta samo za tie so fakulteti sto nemozat da najdat soodvetna rabota.

< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 21:10:03 >

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 17:53:22   
Lidina
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Можеби е така во Скопје, анедеспо, но што е со градовите од внатрешноста? Што е со Прилеп на пример?
Во нашиот град жените се шнајдерки, а мажите таксисти. Сите земаат плата по 7000 денари максимум и супер им е! Садат и тутун кој патем не им се плаќа, или садат зелки, кои исто така не им се плаќаат. И што да работат повеќе од тоа, имаат ли тие деца кои треба да растат со родители?
И како да имаат желба за напредување кога државата ги убива во поим, кога највисока плата на локално ниво (говориме за нормални, работнички плати) е 8000 денари? Каде и да работат, колку и да се образовани - толку! И што им останува? Да купат крави и да ги молзат.
Ве молам, да не се залажуваме и да не замачкуваме очи дека до нас е работата, дека ние сме мрзелив народ...Ние сме многу вреден народ, но демотивиран, уништен, гладен, потиснат, разочаран.



Потпис и печат!
По потекло сум од Прилеп и потполно се согласувам со Палешка, и тврдам дека нема споредба со Скопје. И не се срамам од секаква работа и не мислам дека, безработицата во државава се должи на нашата "мрзеливост".

< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 21:09:45 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 20:40:01   
humana
I jas sum rabotela vo Skopje za 8000 pa ne sum se zalela,podobro nesto nego nisto,a i zabegavme od temava malku,ze zbori za politika a ne za vrabotenost

< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 21:09:22 >

(Одговор на членот Lidina)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 21:06:50   
Viktori
Значи нов наслов  - и нека продолжи слободно дикусијата. Нема зошто да се стопираме, нема цензура, секој има право на мислење, да се искаже и да си го брани.
И не се секирајте, има модератори на темите, ако е нешто офтопик ќе избришат.

< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 21:09:05 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 21:15:31   
Viktori
А за ниските плати тоа е друго прашање, треба појак синдикат кој ќе се избори за тоа.


а ние имаме раскарани синдикати, традиционално врзани со едната поточно другата партија која е на власт. Се бранат себе си. Кога ќе го видев оној прв синдикалец кој никој жив не можеше да го смени, ме потсеќаше на Ал Капоне и синдикатите во америка за време на прохибицијата....
Нема закон, никој не го почитува и да има, нема кој да го проведе и најпосле нема суд да ги казни прекршителите. Се е у ку*ац.

Уствари проблем е само судот, јас ако се прашувам!

Ако секој прекршок се казнува вистински, како Љубе и Велија, и оној мрднат џандар, и оној будала што ме истушира на семафор, се ќе си тече перфект.

Знаете ли зошто на странец не  му ни текнува да не застане пред пешачки? Знаете ли зошто не му ни текнува да не плати данок? Знаете ли зошто не плукаат по улица? Не е затоа што се они фини и културни, воспитани срцки, туку затоа што казните им се така астрономски што ако не платиш данок не дај боже, можеш да си го навлечеш гневот на митниците кои се покрвави од нашиве. Какви финансиски камшици им се мавани веќе не ни помислуваат да ги учат децата така да си поминат. Знаете ли во некои земји ако ви капе масло од колата и ако ве фатат ќе менувате асфалт, поточно ќе платите менување на еден метар квадратен.
Во Германија на пример, во Минхен, ако сакаш да ставиш тенда на балкон треба да се согласи цела зграда инаку ништо. Ако сакаш да изградиш куќа на 6 спрата, нема бе брат, закон има до кај треба да е високо.

Овде можам да замислам ако почнат така да регулираат има Владата (која и да е) да е крива за тиранија. Така сме научени ние, така ги учиме децата, а крива ни е земјава. Хау јес ноу.


< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 21:23:44 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 22:08:49   
Палешка РР


Овде можам да замислам ако почнат така да регулираат има Владата (која и да е) да е крива за тиранија. Така сме научени ние, така ги учиме децата, а крива ни е земјава. Хау јес ноу.



Сето тоа е во ред, но прво нека се воведе минимална плата од 8,5 Евра од час, здравствено осигурување на сите без ограничувања, осигурување на живот, социјална помош од која скромно се живее, право на слободен говор и нема проблем...ќе плаќаме казни.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 22:13:16   
Viktori
Е па тоа е проблемот Палешка. Пувачи сме, ќе плаќаме. Ќе платиш 50 евра казна, ама нема да платиш коа ќе ти биде 10 посто од примања, примањата ти се 8 евра на саат.Тука спаѓа секој динар дома што ти влага.
Тоа е капитализам. За феудализмов наш не ми текнува решение, освен да се репрограмираме ние. Или барем да не ги учиме децатана ши дека "Ќе ти платат мама и тато, имаат пари"

здравствено неограничено осигурување никаде нема. Дури во Шведска, која е една од најсоцијалните земји се плаќа дополнително.
а и каде има поголема слобода на говор од кај нас? Јас секој ден гледам на телевизија се и сешто за секого. Гледам све јадни не смеат да зборат...


< Поракaта ја уредил виктори -- 8.6.2011 22:26:25 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 22:57:07   
temjanuska75
Уф, ме боцнавте ептен со ова казните, вечно со мм се расправам, целта на казнувањето е да не се прекршува законот.Која е поентата ако некој зема голема плата и може да ја плати казната, ќе поминува на црвено, нема да пропушта пешаци, ќе моча кај ќе стигне, ќе плука, ќе фрла ѓубре кај сака итн.Јас да сум драконски казни за све ќе ставам, па нека прекршуваат.Другите народи да не се нешто покултурни од нас??? Мавни ги по џеб и ќе покажат култура.
И ова треба за СИТЕ да важи, а не помини на црвено, направи сообраќајка, па барај врски, менувај записници, од криви прави стануваат.
А за слободата на говор кај нас лаат за све живо, а казната за клевета ќе ги стигне кога тогаш ( правдата е спора ама ќе ги стигне), а и за тоа имаат кој да им ја плати, бидејки и понатаму продолжуваат без докази да обвинуваат луѓе, измислуваат афера, а ваму се им било забрането......

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
8.6.2011 23:04:19   
Viktori
А за слободата на говор кај нас лаат за све живо, а казната за клевета ќе ги стигне кога тогаш ( правдата е спора ама ќе ги стигне), а и за тоа имаат кој да им ја плати, бидејки и понатаму продолжуваат без докази да обвинуваат луѓе, измислуваат афера, а ваму се им било забрането......

тогаш им го скратиле правото. user posted image user posted image user posted image јадни они неискажани


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 9:04:53   
temjana
некој погоре спомна за платите ниски во другите градови. Јас да имам можност веднаш би с епреселила во помал град каде покрај помалите плати и трошоците се помали. Не сакате ни да знете колкава е мојата плата, не сакате ни да знаете како го преживуваме месецот со мм, во Скопје со таа плата каде што само за добро утро да кажеш ти требаат 1000ден. може само мајка Тереза да преживееuser posted image . И да и јас од кога дипломирав барав работа 3ипол години, и после видов невидов почнав да работам како келнерка за 300ден дневница,ама едноставно не застанав таму,cv праќав насекаде ама буквално насекаде. Отворив жолта книга и на сите фирми, компании без разлика дали имаа врска со мојата професија или не им го пратив моето cv. Не ми се веруваше кога почнаа да ми се јавуваат, нема да излажам ако кажам дека се случуваше дневно и по неколку понуди да имам, се најдов во позиција кога требаше јас да одбирам и конечно едно утро стигна повик за позиција по моја струка со ок плата, во тие моменти токму тоа што ми беше потребно. И повторно не престанав таму едноставно сакав уште имав и сеуште имам во себе сила, амбиции и знаење кои сакам да го поделам, а и искрено брзо се заситувам од работата и ми треба промена или пак можеби поголема платаuser posted image Ама како и да е сега знам како да играм знам точно како се постапува кога се оди на интервју за работа, и досега не ми се случило да отидам и да не ме повикаат повторноuser posted image . Поминав многу и ќе поминувам уште многу, но знам дека од секоја работа излегувам со ново искуство и поспремна за понатаму, тоа ќе му дојде како бесплатно дошколување. Затоа немојте да се самосожалувате секое искуство е плус за вас, без разлика дали работите по струка или не, јас со сигурност можам да кажам дека може како келнерка не научив да држам послужавник или да ги паметам нарачкитеuser posted image но запознав толку луѓе кои понатаму ми се најдоа, а и дефинитивно ми помогна од асоцијален тип да се претворам во една комуникативна и отворена личност. И токму тоа пак ми помогна понатаму во живототuser posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 9:12:42   
anedespo
Za da imame podobro zdravstvo, obrazovanie, socijalna zastita  i red redum drugi raboti, treba site da plakame danok. Firmite da plakaat DDV, da se plakaat danocite i pridonesite od plata. Toa  e za dobroto na site.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 10:09:43   
Viktori
и пак испаѓа дека до судот е, затоа што судот треба да ги казни неплаќачите. Да ги осуди и да им го заплени имотот. Инаку вака, џабе млатиме слама овој е оној е. Имаме сега и судови и извршители. И пак е исто ко да ги немаме.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 11:28:16   
temjanuska75

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

и пак испаѓа дека до судот е, затоа што судот треба да ги казни неплаќачите. Да ги осуди и да им го заплени имотот. Инаку вака, џабе млатиме слама овој е оној е. Имаме сега и судови и извршители. И пак е исто ко да ги немаме.

Во право си виктори, се е до судот, странци не инвестираат, поради немање судска заштита, некоја фирма ќе те закрпи, додека ја чекаш да плати, да подесеш тужба, неколку месеци да закажат рочиште, тој во меѓувреме ќе ја затвори фирмата и нова ќе си отвори, ти со куси ракави. Право на своја сопственост неможеш да си заштитиш, додека стигнеш повеќекратно ќе ти отуѓат и така во недоглед. Ама и нашиве го избегнуваат судот, го користат како последно средство ( а не како единствено) време поминува и си ги губат правата. Колку вработени работат без плата, неќат да тужат ( страв им е да не останат без работа, а и така ќе ги избркаат откако неколку месеци нема да им дадат плата или им даваат помалку, а другото во кеш го враќаат на работодавците) и така газдите си се богатат, сиромашните си осиромашуваат...
Така да барајте си ги своите права, остварувајте ги, не ги оставјте да се богатат на вашиот бесплатен труд.


(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 12:50:24   
bombica

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

и пак испаѓа дека до судот е, затоа што судот треба да ги казни неплаќачите. Да ги осуди и да им го заплени имотот. Инаку вака, џабе млатиме слама овој е оној е. Имаме сега и судови и извршители. И пак е исто ко да ги немаме.

Eh pa normalno deka sudot nema da donese odluka za zaplenuvanje na imot zatoa sto e korumpiran a boga mi i ispolitiziran .Golemite zverki( mokni bizmismeni i politicari)nema da plakaat danoci i i ke se bogatat na smerka na drzavata, a na nekoi siromasni luge koi nemaat pari da se prehranat a ne pa da gi platat smetkite za struja ke im dojde izvrsitel i ke im sobere del od pokukninata....I na kraj vrti suci pak e drzavata kriva zaradi ispolitizirano sudstvo, ogromen broj na stecajci, socijalni slucai i sl....zacaran krug od koj mislam deka mnogo tesko ke izlezeme...za zal.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 12:56:34   
Viktori
I na kraj vrti suci pak e drzavata kriva zaradi ispolitizirano sudstvo,

не се согласувам дека друг е крив. Крива е личноста што е поткуплива, а не околината која нуди. одбиј мито бе, кој те тера да залепиш прсти. Ама убаво им е, научени се да лапаат...а се под изговор нели, не смеат да одбијат.. да да сигурно...

Судот ни е некадарен за ништо. Судии, мајки, адвокати деца! Кај го има тоа бе....
Реформа со оној фосилен остаток Маневски, Ингилизова и уште кои таму исти па исти од 2 опции нема!Партизираност рулзззз. Дури и да ти се свиѓа бојата, фарба е фарба....


< Поракaта ја уредил виктори -- 9.6.2011 13:09:18 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?