Палешка РР -> RE: Политика..... (12.10.2010 10:03:29)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26 sto znaci viktory ekstremen desnicar ili levicar vo isto vreme?ne razbiram sto ima vrska toa so politika? Мама26, ти сигурно мислеше на употреба на лева или десна рака, но ова е нешто друго. Сега ќе се потрудам да ти објаснам. Вообичаено стана политичките партии и нивните програмски и конкретно - политички определби да се карактеризираат како леви и десни, при што се алудира на тоа дека помеѓу партиите постојат побитни разлики во нивните идеолошки и политички определби и залагања. Идеолошко – политички, левите партии по правило се легитимираат како социјалистички, социјалдемократски, работнички, комунистички и сл. А, идеолошко – политички, десните партии се легитимираат како либерални, демохристијански, народни, партии со етно – национален предзнак и слично. Така, вообичаено стана да се зборува дека леви политички партии се оние кои се попрогресивни во смисла на нивна отвореност и приемчивост кон некои нови општествени промени, кои, како и впрочем секои промени, ги рушат дотогашните норми, општествени групи и институции на секојдневниот општествен живот. Во овој контекст, десните политички партии, спротивно на оваа карактеристика на левите политички партии, се партии кои се залагаат за зачувување на старите (постојните) општествени норми, општествени групи и институции, и затоа тие се нарекуваат и конзервативни. По правило левите политички партии би требало да се наклонети и да ги штитат интересите на оние социјални слоеви кои во репродукциониот (производствениот) процес го внесуваат својот труд (своето професионално знаење). Додека, пак, десните политички партии вообичаено е да ги штитат интересите на оние социјални слоеви кои во производствениот процес учествуваат со својот капитал и се сопственици на техничко – технолошката структура на производствени ресурси. Денес има голем број на историчари кои се противат на формулацијата левица или десница. Кај нас десницата се толкува како пробугарска, а левицата како федералистичка и комунистичка со болшевички содржини, бидејќи такви биле политичките околности по Втората Светска војна. Значи левица во Македонија е СДСМ, а десница ВМРО ДПМНЕ Добро е објаснувањето мама26?
|
|
|
|