|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Неплодност и туѓа бременост
29.12.2014 12:23:27   
Hopeful RR
За жал, во вакви ситуации се гледа кои се вистински пријатели. И одма се гледа разлика - дали некој мудрува и се прави паметен, дали се дистанцира, дали ти дава поддршка и те слуша кога знае дека нема што да се каже.
Имаме едни "пријатели" кои во сите години обидување криеја од нас, ајде ок, разбирам, за кога конечно добија дете да почнат да продаваат памет и знаејќи дека имаме проблем, да зборат дека они всушност тие години немале никаков проблем (?!!), или пак една другарка која тазе породена, ми збореше дека се секирала што дури 3 месеци не им се фаќало. Мислам, ајде гони се!
За разлика од тоа, имаме и пријатели кои цело ова време не слушаат и ни посветуваат внимание, не охрабруваат и ги жалат лошите работи со нас и се радуваат на добрите. Излегува дека борбата со стерилитет е една голема лекција и тест - и на врска, и на пријателство, и на сам себе.

И подобро што вака се испонашале овие, Loveable Me, барем ти е појасно какви луѓе се.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 326
   RE: Неплодност и туѓа бременост
30.12.2014 10:39:14   
Kvisko
LoveableMe баш ми е жал што тоа ти се случило.
Ајде барем знаеш да ги игнорираш и ти од сега па натаму. Навистина не ти требаат такви луѓе околу тебе.
Јас можеби и за да се заштитам од вакви луѓе никому немам кажано за ништо. Сепак има луѓе што замараат со децата, што прекинуваат дружби со нас кога ќе им се родат деца и слично. Затоа нервите ми станаа како ортоми и искрена да бидам они губат што не сум им пријателка. Си имам круг на луѓе што ме почитуваат таква каква што сум и толку.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 327
   RE: Неплодност и туѓа бременост
30.12.2014 14:42:27   
Melanija RR
Kvisko баш си во право,тие губатuser posted image секој не ни треба за пријател.Вон тема но навистина ретко има вистински пријатели па како одат животните фази така многу се губат а се добиват нови поквалитетниuser posted image
LoveableMe RR подобро за вас да си знаете какви се

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 328
   RE: Неплодност и туѓа бременост
30.12.2014 15:00:09   
kapina
Loveableame ovie ne ti se projateli samo koristoljubivi luge begaj od takvi oni koga imaat potreba samo ke ti se javat ili ke dojdat kaj tebe begaj od takvi imav i jas takvi prijateli i za malku ke zavrsev i vo policija od niv zaradi greska sto napraviv na fb nenamerno me obvinija oti im go kradam fb a kolku im pomagav isega mi zvonat pred nekojden i ne im se javiv im rekov prethodno da ne gi vidam poveke vo mojot zivot i oni ima a problem zadeca dolgi godini se borea no posle otkako odimaa go zaboravija toa kolku e teska borbata za deca

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 329
   RE: Неплодност и туѓа бременост
15.3.2015 14:51:19   
scared RR
Јас веќе стварно не можам да го издржам ова, зашто уште толку ни се отежнува и така тешкиот пат user posted image Денес дознав за бременост за второ дете на моја роднина подалечна братучедка која живее во истата населба со мене и најтрагично е што мора да ја гледам секој ден user posted image Не знам како ќе го издржам ова, цел ден ми помина во плачење user posted image Колку и да си давам сила, надеж, да си ја барам утехата во мали нешта кои ме развеселуваат вакви вести ме рушат буквално, не можам да си дојдам на себе user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 330
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 10:11:34   
bibi ribi
Devojki, sakam da vi kazam deka mnogu mi e milo sto stanav clen na forumov, ima mnogu sto da se nauci od nasite zaednicki iskustva, a najvazno od se poddrskata sto si ja davame edna na druga user posted image

Scared, probaj da gledas pozitivno na toa, da mislis deka kolku poveke trudnici ima tolku na site ni se pogolemi sansite deka ke dojde denot koga ke se izraduvame.
Jas taka si mislam - stom se poveke trudnici gledam okolu mene znaci ne e tolku strasna statistikata za neplodni parovi, toa mi dava mnogu nadez deka porano ili podocna site ke si docekame bebce.
Ajde samo so pozitivna misla i nadezta i verbata da ne ne napustat user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 331
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 10:56:32   
scared RR
bibi ribi јас го гледам тоа па од друг аспект . Како е можно сите без проблем да остануваат бремени а ние не можеме, значи стварно си имаме некој голем проблем и сме невидени баксузи што проблемите се нижат еден по друг user posted image

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 332
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 11:51:03   
Kvisko
ScaredRR и јас понекогаш се чувстувам исто баш како црна овца. Сите одма оп остануваат бремени а јас само одам по повојници родендени и слично без дете. Некогаш ми е екстремно тешко некогаш ми е сеедно. Не знам во кој момент како ќе ми се преклопи расположението. Веројатно е нормално. Особено кога ќе се тргне на патот по доктори, болници и слично. Ама ајде се за убаво и за добра цел.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 333
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 12:15:13   
bibi ribi
Ajde neka ne poddrzat i ohrabrat Ringerajkite sto uspeale vo ovaa borba user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 334
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 13:15:51   
nataly86
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ве гушкам и секој ден отварам за да се израдувам за секоја нова трудница..тука сме и за тешките моменти на тага и разочарување..патот е тежок има успони и падови има моменти кога и ти е сеедно но кај мене имало моменти кога некој непознат ке видам со дете да ме изнервира и тоа до бесвест....но сето поминува..но не се заборава....

Бидете истрајни верувајте во себе и во докторите каде одите и еден ден ке се насмевни среката
( знам дека пола ке речите ех да родам и јас така ке зборувам )


(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 335
   RE: Неплодност и туѓа бременост
17.4.2015 19:21:00   
lilika9
ух мене ни на свадби не ми се оди веќе а камоли некои поинтимни фамилијарни веселби каде што сите ме гледат со сожалување... никој не знае колкав е овој пат и дали воопшто има крај, кој знае како ни е пишано, ама едно знам кога ќе дојде крајот ќе бидам најсреќна, е тоа ме тера да продолжам секој месец....

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 336
   RE: Неплодност и туѓа бременост
19.4.2015 18:04:09   
Hopeful RR
Девојки, не знам како да ве охрабрам и да ви го пренесам чувствово дека штом мене ми се случи, ќе ви се случи на сите. Не дека сум најголема патологија или не знам каков случај, но мислам дека баш напротив - со дијагноза на идиопатски стерилитет, кај што нема проблем и не знаеш ни кај да се свртиш, ни на што да се насочиш, многу беше тешко да се задржи позитивен став и оптимизам.

Често пати со мм си викавме - барем да имавме некаков проблем, па да знаеме што да лечиме, вака се супер, сите овци на број, а не фаќа. И кај мене беше исто - колку повеќе трудници гледав околу мене, посебно од оние пукни-залепи, толку повеќе ми се запечатуваше фактот дека сум дел од оној мал процент на патолошки случаи, за кои ни медицината нема одговор. За нас ова стана тешко искушение дури и за врската, па почнавме да се преиспитуваме дали воопшто сме добри еден за друг, да не треба да бидеме со други луѓе, да не сака универзумот да ни каже нешто, да не сме дел од дарвиновата еволуција па не треба да се размножуваме... свашта.

Освен медицинскиот аспект на ивф, мислам дека кај мене одигра улога моментот на предавање контрола. Отсекогаш сум била скептик, рационален човек кој сака да има објаснување за се, не сум верник, но исто како што најголемите научници стануваат религиозни, така и јас се сметам за спиритуално битие. И лично, и професионално, ме интересираат светските религиски комплекси, кои ги проучувам теоретски, критички, но и инутитивно. Баш во таа смисла, во периодот помеѓу инсеминациите имаше некој момент во кој осетив потреба од некоја повисока инстанца, потреба да префрлам доверба во нешто поголемо од мене. Не знам, како да прифатив дека не е се до мене. Јас треба да направам се што можам, никако да дигнам раце и да верувам на кого било, но откога ќе преземам се што можам, дека треба да оставам и мал простор за нешто плус, нешто на страна, за што можам само да замолам да помогне. Не знам како ќе ме сфатите, но тоа мене многу ми помогна.

Тој момент го имам се уште, затоа што точно е тоа дека стерилитетот се лечи, но не се заборава. Често пати со мм си викаме, ееееј колку имаме среќа, и колку изедовме додека дојдеме до овде. Нервозите и стресот не престануваат, само се заменуваат со друг тип нервози, и тоа што се уште ми помага во новите ситуции е вербата дека ете, иако не можам да влијаам на се, сепак ќе биде ок.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lilika9)
Непосредна врска до пораките: 337
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 9:45:09   
LoveableMe RR
Инаку, имам пар што познавам, со две кутии цигари и кафиња цел ден, ништо нејадење ни витамини ни доктор ни бутур, природно бремена над 35 години за прво и пак си пуши, кафиња пие, на доктор дали била неколку пати...но тоа е не сме сите исти....

Веројатно мора да се бориме да го изодиме тој пат, затоа што некои полесно, а некои потешко доаѓаат до целта, но сепак доаѓаатuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 338
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 10:39:03   
Bea
Мислам дека нема пар, а пред се жена, што се бори со неплодност, а да не се соочува секој ден со вакви слабости.
Во многу нешта се пронајдов во постот на Hopeful... После 5 годни борба, која сеуште трае, средување на некои благи пречки (септум, покачен пролактин), тапкање по рамо дека сме идеални кандидати за инсеминација, па дури и докторот непосредно пред почетокот на процедурата за IVF не советуваше да не се пазиме иако почнувам со Suprefact - човек едноставно не може да се запраша - зошто???

За мене е многу важна, ако не и најважната емотивната и психолошката стабилност и зрелост, на која многу работев и на која сум особено горда. Многу се променив, станав поинаква личност. Мислам дека станав подобра личност. Многу, многу работа на самата себе, анализи, литература, книги, афирмативно и позитивно размислување и радост за нештата што се случуваат во мојот живот и животот на моите најблиски. Туѓите бремености не ги доживувам тешко... Напротив, се радувам на таквите вести и прва сум на мекици за секое бепче со најкреативните поклони  Неплодноста си зима fair share од моето секојдневие, но не дозволувам да ми ја зима радоста од другите делови.

Еве сега сме во процедура за IVF. Нови битки, нови прашања, нови предизвици пред самата себе. Дали сум доволно информирана, дали правам се како што треба, дали ќе биде вака, што ако биде онака? Па од сега се грижам, дај боже да дојде до трансфер и како ќе се контролирам ноќе да не се свртам на стомак, бидејќи тоа ми е омилена поза?
Но доjдов до моментот кој Hopeful добро го опиша: се’ сме на направиле што е во наша моќ. Толку е. И не читам веќе. И не мислам дека ако лежам на десна, наместо на лева страна – е баш тоа ќе биде причината за успех или неуспех.
Останува вербата, позитивната мисла и секојдневно создавање на извори од каде што ќе црпиме сила зa да се исправиме после секој животен knock out.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 339
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 11:41:21   
Hopeful RR
Bea, можеш слободно да спиеш на стомак после ЕТ, еве лично искуство user posted image и мене ми е омилена позиција, и до 3-4 месец од бременост, се спие така без проблем. После се контролира потсвесно, или не се спие - како јас сега, што си дежурам по цели ноќи, но тоа се веќе слатки маки, не се жалам.

Инаку, заборавив да спомнам уште еден аспект на мојата психа - ај што пред да останам бремена ме нервираа сите трудници, и сите ги гледав наопаку, како да ми се фалат со стомаците, сега па, кога сум од другата страна, се чувствувам како да јас сум причина за такви чувства кај другите. Кај и да се прошетам, имам чувство дека сите ме гледаат и дека ги провоцирам со стомакот, па пробувам да не бидам нападна (што и да е тоа), и да не создадам кај некого нервоза. Кога одам на лекар, одам на одделение за АРТ и знам дека сите се со мака таму, па уште повеќе ми е незгодно. Докторот ми вика - не се секирај, сигурно им делуваш како зрак надеж, и сакам да верувам дека е така, ама ете, си го покривам стомакот во чекална пошто ги осеќам погледите со болка... Не знам кој од кого е полуд user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 340
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 12:03:42   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

.....Инаку, заборавив да спомнам уште еден аспект на мојата психа - ај што пред да останам бремена ме нервираа сите трудници, и сите ги гледав наопаку, како да ми се фалат со стомаците, сега па, кога сум од другата страна, се чувствувам како да јас сум причина за такви чувства кај другите..... Кога одам на лекар, одам на одделение за АРТ и знам дека сите се со мака таму, па уште повеќе ми е незгодно.......


Хопефул, не зошто би ти завидувале, бидејќи на тоа одделение штом чекаш знаат дека со мака си ги добила, таман работа да завидувам на некои кои се мачеле како мене по доктори и ходници...

Беа убаво рече се радувам на туѓи бгремености нормално, но ме нервира некако и си поставувам безброј прашања на кои немам одговор како некои кои ништо не внимаваат ни исхрана, ни пушење ни пиење, ни бутур, па остануваат бремени без проблем, а ваму докториве ни пропагираат здрава исхрана, вежбање непушење дрн-дрн.....а овие првиве како останале бремени? Е тоа ме нервира понекогаш


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 341
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 12:22:37   
Bea
Hopeful, ти малце за ќотек си :) Го криела стомакот :)
Ма не зрак, СОНЦЕ ЦЕЛО сте ми ти и Lolla (морав да ја спомнам иако ич ја нема) и сите други на форумов што успеваат.

На тоа баш мислев, кога пишував за емотивната снага - на почетокот, да, се нервирав, се растажував на нови бремености, стомаци и слично. Ама со тек на време, научив да се радувам. Си имам моменти на слабост, паѓање, се по ред, ама станав свесна дека тоа не треба да е така! Што ми се мене криви тие што без проблем зачнале? Исто како што јас не сум никому крива за тоа што да речеме јас сум професионално успешна, а имам другарки кои со години немаат работа.

Јас викам, само нека биде! Кај сите! Едвај чекам едно (или две) клопчиња да донесам на свет. Едвај чекам да им ја дадам оваа љубов што кај и да е ќе експлодира во мене, да ги израдувам сите околу мене! Такви мисли имам, такви мисли сакам, а се друго низ што поминуваме е само еден чекор плус до целта.


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 342
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 12:42:27   
Kvisko
Hopeful нема зошто сега да го криеш стомакот, ама браво за тебе што имаш огромно срце па се грижиш како другите се чувстуваам околу тебе.
Јас лично исот некако од сега си знам дека нема да се фалам на сите со бременоста зашто знам колку боли и колку ми било „простачки“ кога ме викале на кфае да ме частат што ете одма без мака останале бремени.
Инаку професионален успех и добивање дете мене барем не ми се воопшто исто. За дете добивање без мака никој за ништо не морал да се потруди. Јас за мојот професионален успех и те како сум се потрудила и помачила. Не ми паднало од небо. И неможе да кажам ете па они немаат работа јас немам бебе па они за тоа се неривараат а јас за друго. Немањето работа некогаш е и личен избор, а некогаш и невложување во себе (извинете ако некого се најде навреден од ова). Немањето дете кога го посакуваш не е личен избор и не е непто на кое може да се влијае (како на пример да се учи јазик, да се биде супер со раобта на компјутер, да се има магистратура или докторат или слично што ќе те направи поконкурентен на пазар на труд).

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 343
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 13:06:02   
Hopeful RR
Фала ви девојки на разбирањето, ви викам ова лудило не завршува ни од оваа страна user posted image

И моето животно искуство е такво - богами, бааги се имам потрудено за мојот професионален успех, и како што не им го набивам тоа на нос на другите кои го немаат тоа, исто така не сакам ни нивните успеси (конкретно - правење бебе од прва) да ми ги зборат и да се фалат со нив. Секој си има своја мака, и свој пат во животот, тоа е тоа.

Не ми падна на памет да частам некого затоа што сум останала трудна, напротив - со мм живеевме и се уште живееме со измешани чувства на радост, возбуда и страв, затоа што не сакаме да сфатиме ништо здраво за готово. Јасно ни е дека за се треба работа и посветеност, па и за одржување бременост. Оди јади глупости или прави работи што знаеш дека се штетни, после ивф, иако има многу околу мене што немаат гајле и пушат, пијат и што се не.

Но ете, печатот останува, и се уште ми е незгодно кога мислам дека сите ми го гледаат стомакот.
Ве гушкам сите user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 20.4.2015 13:38:28 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 344
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 13:35:30   
nina.darko
Здраво девојки... Потполно исто се осеќав и кога се борев со неплодноста како сите вас но и како Хоупфул кога останав трудна со третото ивф. Многу пазев да не се перчам со стомакот пред ординација кај докторот а посебно да не бидам ептен насмеана и раскезена когаќе излезам после контролата иако летав од радост .. Ама само тој што го поминал нашиот трнлив пат знае какви се чувствата.. Мене не ми сметале туѓите бремености и секогаш искрено сум се радувала за секоја убава вест ама после сум паѓала во тешка депресија која траеше со денови само затоа што ми било криво зашто не можам да си се израдувам лично за мене... Малку конфузно ама така се осеќав...

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 345
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 13:56:23   
Bea
Далеку од тоа дека е исто немање работа и немање дете. Споредбата ја направив без навлегување дали и колку некој се трудел за нешто, туку од аспект на тоа како пристапуваме кон својата мака и туѓата среќа или обратно. И мене успехот не ми паднал од небо, но тоа е друга тема и не би офтопикувала овде.

Во контекст на темата, поентата ми беше дека да, НЕМАМ ИЗБОР кога е во прашање дете, но ИЗБРАВ позитивно да ги прифаќам тие вести, бидејќи ништо не сум добила од ситуациите кога сум се прашувала - зошто морам јас за се' да мачам или како на сите им успева веднаш или за кратко време, а на нас не? Освен горчина и уште поголема болка, ништо друго не се сменило...

Можеби имам среќа што никој во мојата околина (барем оние кои ги сметам за вистински пријатели) никогаш не ме ставил во незгодна ситуација, ниту сум имала чувство дека не изолираат затоа што немаме дете, па оттаму ми се формираше и овој начин на размилсување. Можеби грешам...

(Одговор на членот nina.darko)
Непосредна врска до пораките: 346
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 14:39:01   
Gari68
Мислам дека завидувањето кон оние кои успеале да добијат дете по нормален пат е беспотребно.Ниту ќе ви помогне а само моќе да одмогне венсувајќи си негативна енергија во телото.Само позитивни мисли,примање и давање позитивни вибрации може да доведе до успех.
Можеби изгледа грубо што ќе го кажам ама вашето размислување по малку ми делува себично,од причина што има премногу начини некој да биде несреќен,да има проблеми за да речиме дека тој проблем е најголем и дека другите треба да внимаваат што зборуваат,како да се однесуваат во ваше присуство како не би ве навредиле или онерасположиле............место да завидувате бидете позитивни,секогаш во мислите нека ви биде позитивен резултат,радувајте се на сечија бременост оти туѓата несреќа во никој случај нема да ја намали вашата несреќа.

Не знам како реагираат вашите мажи,дали и тие тешко го преживуваат секое забременување на некој од вашата околина?И ние минувавме низ сличен период,ама на крај мојата упорност да се размислува само позитивно и ја наметнав и на мојата сопруга во текот на бременоста и после раѓањето на Теодора кога уште повеќе и требаше таа позитивна енергија.И мислам дека голем удел во нашиот успех покрај останатото имаше и тоа позитивно размислување.
Со среќа на сите во борбата за добивање бебе.



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 14:05:07 >

(Одговор на членот nina.darko)
Непосредна врска до пораките: 347
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 14:46:58   
Kvisko
Далеку од тоа дека завидувам некому или дека се ситам на оние што имаат проблеми.
Не Дај Боже никој да се мачи по болници и да се малтретира со тоа. Не сме ниту бездушни ниту крвници ниту со нешто сме заслужиле да се најдеме во оваа ситуација исто како што никој не заслужил да биде болен. Тоа и ми бепе поентата има нешто што сам бираш во животот како работа, образование и слично, а има нешто што ќе те задеси без да очекуваш и врз кое ќе немаш некоја контрола (болестите обично спаѓаат во оваа група).

Оваа тешкотија која ја чувствувам барем јас не е звидување. Јас се радувам на децата на моите блиски, играм со нив, им честитам на бременостите. одам по родендени, мекици, купувам поклони со мерак. Мене ми е само тешко кога ќе си дојдам дома што и јас не сум во таа ситуација. не е ни тоа секогаш туку има моменти кога паѓам и моменти кога сум ОК. Не е завист туку е повеќе тага што јас толку многу се трудам и не можам да стигнам до целта. Немам пријатели што намерно се потрудиле да ме повредат или да ме исклучат од нешто. Моите чувства се мој проблем, не се тие криви што јас вака се чувствувам од време на време. Тука доаѓами пишувам за да ми излезе тагата од душа и да слушнам охрабрувачки пораки.
Секој со своја мака и своја болка тоа е точно, ама тука сме за да се поддржуваме и бодриме едни со други и полесно да ги пребродиме сите тешкотии без осудување едни со други.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 20.4.2015 14:48:17 >

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 348
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 15:02:40   
Hopeful RR
Нешто не сме се разбрале. Завист е сосема несоодветен и неточен збор за чувствата што сите ние сме ги имале или ги имаме во различен период од борбата со стерилитетот. Не сум идиот да завидувам, нормално дека ми е мило на сечиј успех и сечие постигнување, но кога за мене тоа е тешко, недостижно или далечно, нормално е да се создаде фрустрација, отпор, или едноставно повлекување во себе. Не сакам дете по секоја цена, и не би сакала да им се најдам во кожа на родители со болно дете или дете со проблеми, најискрено. Никогаш не би завидувала на вакви случаи, скраја било. Себичноста што се спомна, воопшто не ја разбирам и не можам ни да ја коментирам. Како тоа некој што не може да добие дете е себичен?!!

Но, кога гледав дека сите околу мене добиваат деца од плукни залепи, а баш јас и мм сме тој мал процент на патологија и отстапка што мора да проплука крв, не ми беше баш лесно, најблаго кажано. Нормално е да се создаде дистанца, па дури и негативни чувства, зборувам искрено и сметам дека тоа е нормално. Да, супер би било да сме сите мајка Тереза, но ете не сме. Сум си играла со други деца, сме иделе на роденден и гости, ама секој пат сум си одела дома со грутка во срцето, не затоа што ми е криво за нив, туку затоа што ми е криво за мене - зошто и јас да не можам да го добијам тоа што за други е по дифолт.

И на тема емоциите на сопругот, апсолутно ги делиме - кај нас нема женска страна и машка страна, и двајцата кризиравме, и двајцата не болеше и и на двајцата ни беше преку глава уште едно купување подароци за дете што не е наше. Дури мм и потешко реагираше на секоја нова бременост за која слушавме. Тоа е, секој од нас кризирал на свој начин, губел волја, паѓал во депресија, и другиот, со истите чувства само може малку послаби во моментот, наоѓал сили да го оправи партнерот.

И баш како што пиша Kvisko, предноста на нашата комуникација овде е токму тоа - разбирањето и поддршката без осудување, за што и да се работи, а ова со себичноста и негативноста го доживувам преофанзивно. Не знам дали има попозитивни луѓе од оние што се борат со стерилитет - после секое паѓање, после секој лош резултат и после секој неуспех да најдеш сила да продолжиш, и плус овде на РР да помогнеш и да дадеш надеж на другите. Не сме ние негативни, само измачени и си го сакаме своето.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 20.4.2015 15:06:27 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 349
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 15:05:51   
Bea
Се разбираме сите и понекогаш претешко е да опише човек што чувствува, кога и самите чувства се измешани.
Убаво напиша Kvisko, да се поддржуваме, да си даваме надеж и да радуваме на секој успех и на секое ново бепче.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 350
Страница:   <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

aj daj da vidime koe ime ke pobedi
MOJA MAMUS

m

marin (24%)

ivan (25%)

marko (39%)

ognen (13%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!