Orchidea -> RE: Лапараскопија (19.10.2012 16:46:26)
|
Ве молам девојки за одговор.. Имам циста (ендометриоза) во лев јајник, околу 5 цм голема.. Бев кај д-р Димитров во Ремедика, ми ја погледна на ехо, и рече дека сеуште не била за вадење. Рече да пробам да забременам во следниве 6 месеци, па ако не успеам, тогаш да правам лапараскопија. Од друга страна, матичниот гинеколог, Кузмановска од Промедика, ми рече дека многу тешко ке забременам со таква циста, и дека дури и да забременам, имало голем ризик по плодот од спонтан абортус, или проширување на ендометриозата и на други органи и слично. Јас трганв ентузијастички да правам бебе, 4 месеци неуспешно, ама сега откако ми го кажа ова Кузмановска, за ризикот од спонтан и што уште не, мене ми е навистина безврска.. Што ако забременам, и направам поголема компликација? Има ли некоја од вас сознание дали навистина може да има ризик за бебето? Јас до сега што сум читала, секаде се препорачува бременост во случај на ендометриоза.. И зарем стручњак како Глигор Димитров би ми препорачал да останам бремена, ако постои таков ризик? Ве молам за ваше мислење, навистина не знам што да правам...
|
|
|
|