lusy -> RE: Лапараскопија (19.2.2014 0:13:00)
|
јас никогаш не сум забременила, веднаш почнав со сите испитувања и сите резултати се во ред (хормони, овулации, фоликули имам колку сакаш, маж ми супер му се резултатите од спермограмот), но ете непроодност.Како дошло до тоа не знам, ниту сум имала некогаш инфекција, ниту операција, апче во живот не сум се напила, ниту сум се разболела. Во отпусното писмо како препорака е да продолжам овој месец со контрацепција и за 1-3 месеци да се јавам на контрола, па ваљда тогаш др. Трајковски ќе ми каже што, како. Као се надева на чудо, вика може ќе забремениш природно, имав вика јас 3 случаи што после лапароскопијата забремениле иако тубите им биле непроодни. Е сега како е возможно јас не знам, чудно ми е, и нелогично. Ќе почекам до март-април, а во меѓувреме ќе ги средуваме документите за ин витро. Па здравје Боже ќе почнеме со терапија.
|
|
|
|