Martins mom -> RE: Свекрви и снаи (13.10.2010 10:34:07)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica Можно е!Јас сум пример за тоа дека свекрвата може да биде како мајка!Уште кога одевме со мм,кога доаѓав кај него на гости(сега моја дома),неговите беа навистина прекрасни кон мене а и девер ми и золва ми,што е најважно,не глумеа,беа тоа што се сега а дури и сега се многу подобри!А за да има мир и слога во куќата,значи треба сите членови да се хармонични и да гледаат добро за таа куќа,а таква сум и јас.Да сум била некоја расипана што прави само кавги дали сега ќе го пишувам ова и дали ке се фалам од свекрва ми?Сигурно дека не,туку за да се почитуваат свекрва и снаа,треба меѓу двете да има слога и разбирање.Верувајте дека не прават разлика,меѓу мене и мм,дури можам да кажам дека ме сакаат повеќе од него,исто како ќерка!Затоа снаи,што не си ги сакате свекрвите,размислете малку и за своето однесување,да не вие самите сте придонеле да се подлабочува јазолот меѓу вас и свекрвата(секако има и исклучоци,има и мнооооооогу расипани свекрви).Секоја свекрва сака нејзината снаа да е домаќинка,грижлива мајка и сопруга,што е многу разборливо и што и вие истото тоа ќе го посакувате кога ке бидете свекрвици.Запомнете дека таа е мајка на вашиот сопруг и би било навистина бесмислено Вие да застанете меѓу мајка и син.Како би се чувствувале вашиот маж да застане меѓу вас и мајка ви? Сум размислувала ехееееј и дење и ноќе за моето однесување, сум се консултирала со мм дали е во ред и сфативме дека не е до мене проблемот. За она со домаќинството, што да ти коментирам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Секоја нормална жена се грижи за својот дом и своите деца најдобро што знае и умее. Учам многу од грешките на свеки и знам дека кога ќе бидам свекрва, ќе ја оставам снаа ми (а со тоа и син ми) да си го живеат животот по нивно, а јас сум тука ако можам некако да помогнам. Не ветувам дека ќе ја сакам како ќерка, ама ќе ја почитувам сигурно (зошто таа е избор на син ми).
|
|
|
|