SkCura77 -> RE: Свекрви и снаи (12.2.2012 18:39:55)
|
Не, не ми смета ако е приврзан за мамата му, нивни проблем и нивни однос додека не е тоа нешто против мене. Повторно ќе кажам - ми пречи непочитувањето на мојата приватност. Жената имаше многу лош брак и сега кога конечно е вдовица, смета дека таа ги држи уздите на куќата. Не сфаќа дека јас и ММ некогаш со очи се разбираме, ако нешто не чула и не била присутна на некој муабет (а не смее и не може се да знае) веднаш потпрашува, се чуди па и коментира (што и е гајле другарка наша зашто се развела, наш муабет, а нејзини коментари непотребни еден куп). Не сфаќа дека ние мораме малку да бидеме на само, мораме да викаме други парови со деца за да се дружиме и ние и синот и мора и ние некаде да излеземе. Цело време се поткарувам со неа дека нашиот живот си е наш и давам пример прво од мајка ми колку го оставила брат ми на раат со се снаата со се деца за ништо не се замешала, зашто мајка ми има среќен брак и си го гледа татко ми. Дотичната мисли дека све знае и дека за све има приказна и веќе е здодевна со едни те исти искуства, муабети, совети. Се молам за чудо некако од овде да се отселиме, само си го барам мирот и приватноста. Глава ме боли веќе од одење пред мене, зад мене, гледање што правам и коментирање, потпрашување и сл. Не, не ми е тешко да и правам муабет, тешко ми е да гледам дека со ефтини провокации го врти синот против мене и веднаш сечам такви глупости. Пак ќе речам, среќа имам што ММ е одличен психолог па сфаќа дека жената е стара и осамена, дека и треба внимание, дека се плаши од се и сл. И јас го сфаќам истото, ама си имам и маж и дете и родители за гледање, а тој слободно нека се посвети на мајка му кога ќе треба. Затоа викам дека ништо не сакам од неа, за да не ми го качи на глава ( а почнува, зашто она плаќа сметки, а јас сум невработена) и да нема уцени утре дека јас морам ова или она. Татко ми е тешко болен и никогаш не ми рече дека морам да му помагам, напротив постојано повторува дека што било да се случи, мене паметот мора да ми е во детето и во мажот.
|
|
|
|