vezilka RR -> RE: Clexane-инекции за време на бременост (12.3.2014 9:31:14)
|
Ооо,па поима нема како иде сега, јас мислев тура по тура да ги поднесувам, првите десет дена, па вторите десет и така. Ај деновиве планирам во фондот да одам па ќе видам како ќе ми кажат. Инаку јас сум крајно револтирана по однос на темата. Некни бев на контрола после втората тура од десет дена. И се погоди друга докторка, кога ги виде резултатите од минатиот пат почна да офка и да вика боже, боже. И ми рече ајде да се боцнеме сега, па утре со резултатите ќе видиме што ќе праиме. Јас бидејќи бев избезумена од и изморена од чекање, немав сила да реагирам веднаш на муабетот. И другиот ден со резултатите ми ги налали на еднаш на ден клексаниве. И јас фино ја прашувам зошто предходниот ден и беше таква реакцијата, бидејќи јас од тоа сватив дека нешто не било во ред со терапијата. И плус и реков дека мојот матичен гинеколог не се сложува со оваа терапија, имајќи ја во предвид мојата состојба. И таа ми вика, ако не се сложува нека не ти препишува клексани. И ми кажа дека гинеколозите пред 2 години се жалеле дека трансфузиолозите препишувале клексани од ракав, и овие си попиле казна. И затоа сега рецептите не ги пишуваат тие, туку гинеколозите. А јас и велам ама фино тоа, туку вие пишувате мислење дека треба, сепак ова е ваша област, гинекологот оди на свој ризик ако не го земе предвид вашето мислење, и на крај што се случува, сите сте чисти со документи, а пациентките се оставени сами да решат чие мислење ќе го уважат. И таа ми вика, што да ти кажам девојче, тоа е тоа, како сакаш така прави. Мислам стварно господ да чува е работава. КАКО САКАМ ТАКА ДА ПРАВАМ БЕ! Докторкава ми вика, па што сум јас, доктор?! Да знаев, немаше воопшто да одам на доктор, сама ќе си пишев дијагноза и лекови. Еееееј до каде стигнавме!
|
|
|
|