kikitina -> RE: Clexane-инекции за време на бременост (21.2.2012 13:22:59)
|
Јас да си кажам за мојот случај може ќе му послужи на некој. Во 33 недела ми рекоа да испитам Д димери и фактори заради лакуни на постелката. Испитав ми беа 3800, ми препишаа на трансфузиологија Клексан сабајле и вечер. Цел месец ги ставав, ама не успеав да ги симнам под 2400. Во 39 недела ми се одлепи постелката, и завршив на породување со итен царски рез. Е сега, никој не ми одговори на прашањето, дали и ако не ги примав инекциите воопшто сепак ќе дојдеше до тоа? Сите сомнително вртеа со главите и ми рекоа, фала богу што на време дојде и ти го спасивме детето. Така да мислам дека нема правило,еве јас се по протокол правев, сите испитувања, прегледи, и на крај пак се случи тоа што се случи.
|
|
|
|