blue_blue -> RE: мама на две, три , четири одеднаш (4.11.2011 11:49:57)
|
Јас се породив со спинална . Бев на породување на закажан царски рез. За царски рез не може епидурална анестезија, или спинална, или целосна. Спинална значи дека од пола надолу не го осеќаш телото, однсонсо не осеќаш болка. Се става директ во кичма, треба да се свиткаш како кифла, како ембрион легната на кук и ти ја ставаат анестезијата. Почнуваш да не ги осеќаш нозете, како да си парализирана...За време на царскиот осечав допири и осетив кога ги вадеа децата, ама нормално болка не осеќам...Ќе те пуштат да станеш следниот ден. На интензивна бев некои 2-3 саати по операцијата. Јас би ти препорачала спинална ако одиш на царски. Нема никаква потреба од целосна анестезија. Од целосна ти се повраќа повеќе по операцијата, потешко е да се вратиш во нормала, и што беше за мене најважно нема да бидеш свесна кога ќе се родат децата. Инаку за инфо, ако ти дадат спинална и заради некоја причина одлучиш во теокот на операцијата дека не можеш да издржиш будна тогаш не е никаков проблем веднаш да ти дадат целосна. Јас да треба пак да одам на царски пак ќе одам со спинална, полесно за организмот и будна си за цело време на операцијата што е многу подобро и за лекарите. Анестизиологот седи до тебе ти праи муабет, имаш огромно платно пред себе за да негледаш што праат,а двајца доктори позади платното си работат. Имаш куп сестри во сала, педијатар, итд...Малку е ладно внатре, ама тоа ти е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|