Манџи (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


nina -> Манџи (12.3.2009 18:32:35)

Не сум многу вешта во готвењето па решив да ви пишам може ке сакате да ми помогнете да ми кажете некои рецепти па ке ви кажам како испаднале.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




nina -> RE: Манџи (20.3.2009 12:10:55)

Еве да ви се пофалам сум правела вчера спанак со месо и ептен убав испадна и многу се израдував.Еве како го приготвив:
Запржив кромид потоа го додадов месото мелено и тоа се запржи после му ставив томатело па попржив така и го додадов спанакот исчистен и издрбобен.Тоа сето се подинста малку и на крај му додадов вода и ориз и се се вареше 30тина минути и толку.После тоа со јогурт е преубаво.Многу вкусна беше манџата и многу пофалби слушнав  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]




kati -> RE: да готвиме заедно (1.4.2009 11:56:09)

Ќофтиња од тиквички

Ги рендаш тиквичките, малку ги посолуваш и ги оставаш да се исцедат...сечкаш кромид, додаваш месо, јајце, маслиново масло, црн бибер, сол, малку оригано, може и босилек, сечкан лук, презла или трошки од интегрален сув леб, ги додаваш исцедените тиквички, правиш ќофтенца, ги ставаш во тава со маслиново масло (на почеток позагреано за да не се залепат), па откако ќе се потпржат, додаваш малку вода или сос од домати, ги покриваш и ги оставаш да се динстаат на тивко..






profesorica -> RE: да готвиме заедно (12.11.2009 13:33:10)


варени шкембиња

1 кгр. телешки или дебели
говедски шкембиња,
зелен за чорба,
2 главици кромид,
2 лажици брашно,
1 лажица црвен пипер,
струган кашкавал,
масло и сол.

Исчистете ги добро шкембињата, измијте ги и ставете ги во сад да се варат во солена вода, заедно со зеленот за чорба. Кога ќе се сварат и ќе омекнат оставете ги да остинат а потоа исечете ги на танки резанки. Во сад на врело масло испржете го ситно исецканиот кромид, потоа с,тавете ги шкембињата и продолжете го пржењето. Кога ќе се пропржат посипете ги со црвен пипер. Посебно пригответе запршка од брашно и масло. На брашното налејте од водата во која се вареше шкембето. Ставете ја запршката врз шкембињата и оставете ги да се варат половина час. При служењето посипете ги шкембињата со струган кашкавал.




Anushka -> RE: да готвиме заедно (20.11.2009 1:11:01)

пилешко кари е многу успешна и оригинална варијанта за салата:
- пилешки гради 5оо гр.
- кромид 1 кгр.
- магдонос китка
- лукче три ливчиња
- масло, сол, вегета, бибер по желба
- мелено морско оревче по желба
- лажичка кари 
- лажичка црвен пипер
се приготвува како класичен гулаш, но е вкусно и изладено, како салата со кисели краставички или рижото 




penelopa -> RE: да готвиме заедно (30.11.2009 13:49:22)

Денес за ручек ке правам Гувеч со свинско месо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] .
Еве до рецептот:
Потребни состојки:
  • малку   Сол
  • 500 грама Свинско
  • 100 милилитри Масло
  • 4   Кромид/а
  • 500 грама Компир
  • 400 милилитри Доматен сок
  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку   Црн пипер  

  • Подготвување: Месото исчукајте го, потоа посолете со црн и црвен пипер и оставете малку да отстои.
    Компирот исечен на парчиња измешајте го со ситно исечкан кромид и се заедно измешајте.
    Половина од оваа смеса наредете во подмачкан плех. Месото ставете го врз компирот и оризот, па покријте со другата половина од компирот.
    Прелијте со пола литар млака вода во која претходно  сте раствориле сол и црн пипер по вкус. Ставете во загреана рерна да се пече.
    Кога компирот ќе омекне прелијте го со 500 гр. сос од домат и вратете го во рерна да се испече.
    Служете топло.




  • Еца -> RE: да готвиме заедно (3.12.2009 13:24:40)

    Жени ајде напишете го вашиот рецепт за Гулаш, како го правите? Сакам денес да правам.




    Bibi_S -> RE: да готвиме заедно (3.12.2009 13:42:53)

    Јас вака го правам

    2 -3 главици кромид
    500 кг  телешко месо на парченца исечкано
    1 литар доматно пире (најубаво ми е од Рискоса или Дивела) или домашна или со свежи домати
    зачини (сол, црн пипер)

    Го пропржуваш исецканиот кромид, го додаваш месото да се пропржи малку, па се става доматата, и зачините.

    Мене најубав ми е со тестенини или со пире мммммм







    vezilka RR -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 14:55:08)

    луѓе помагајте..се испофалив дека утре ќе правам подварок,,а поима немам како се прави..




    caci20 -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 14:59:49)

    so kakva zelka i ne znam sto podrazbiras pod podvarok. nie po doma podvarok vikame za rasturena sarma




    zami -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 15:01:07)

    aj da pomognam, ama neznam vo gramaza, posto jas gotvam ,,po tamina,,

    pomala glavicka kisela zelka, isecena na positni parcinja, edna do dve saki oriz,, zacin, sol, biber, zejtin
    se se stava vo tava, se naliva voda (za da se svari orizot) i se tece vo rerna.
    ubavo e koga e zelkata sitno iseckana i odozgora da se podzapece, malku da pocrveni.
    moze da stavis i meso iseceno na parcinj, ama podvarokot si e ubav i bez meso.




    vezilka RR -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 15:09:11)

    епа и јас не знам што е тоа подварок :)) ние тоа дома не сме правеле, арно ама пред некој ден на гости јадевме и јас се затрчав да кажам дека ќе правам :))) по се изгледа дека е тоа што го пиша zami, нешто така ми личеше и мислам дека имаше парчина пушено мисиркино месо..Фала zami..ќе пробам




    mami -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 15:15:44)

    еее да да моите ставаат пушено месо во подварокот, јас не го јадам, ама знам дека има и месо само не премногу




    zami -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 15:19:34)

    rasturena sarma e bas sarma ama rasturena, znaci site isti sostojki kako sarma, a podvarok e samo so oriz i so parcinja meso a ne meleno.
    i podvarok isklucivo so kisela zelka. a dali ke ima meso ili ne e stvar na vkus.




    Еца -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 16:31:22)

    И дома моите и еве тука, кога правиме подварок го правиме со кисела зелка, и пушеници, најчесто ребра. Во тенџерето во кое планираш да готвиш ставаш сејтин, па сецкан кромид и праз, ред зелка цецкана покрупоно од кога правиш зелка салата, ред ребра пак кромид и праз, пак зелка,додаваш сол по потреба еден ловоров лист, ставаш вода колку да ја облие зелката и ја вариш, нема потреба од мешање, но да ја вариш едно 3 часа на пониска температура. Повкусно здравје.

    А растурена сарма ја викаме зелка со мелено месо и ориз, подпржено се убаво со кромид и праз на рингла во тава и потоа ја печам во рерна. Исто така и тоа многу ми се допаѓа.






    vezilka RR -> RE: да готвиме заедно (11.12.2009 16:40:09)

    едно глупаво прашање, ама што да правам, поима немам од готвење..се вари на рингла или во рерна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]




    Тања РР -> RE: да готвиме заедно (7.5.2010 15:35:59)

    Ajде драги мамички помагајте. Имам околу 2 кг телешко месо. Го ставив да се вари. Планирам пола да го зготвам денес другата половина нека остане за утре. Е сега, дајте ми идеја (и рецепт по можност) со што да го направам денешното јадење. Уште се мислам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




    matushka -> RE: да готвиме заедно (7.5.2010 15:39:42)

    So boranija, morkov i kompir. Epten e vkusno.




    Палешка РР -> RE: да готвиме заедно (7.5.2010 15:56:07)

    Би направила тава вака:

    Пропржи го месото со една главица кромид, стави црвена пипер, еден рендан домат, една сецкана пиперка и остави да се пропржи. Смесата стави ја во тава и додај компири, ако имаш грашак и боранија, ако не - не [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
    Многу е вкусно.




    Палешка РР -> RE: да готвиме заедно (7.5.2010 15:58:15)

    И нормално печи во рерна еден час[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




    Тања РР -> RE: да готвиме заедно (7.5.2010 16:35:53)

    Офффф глупава јас. Не било телешко туку свинско[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Некој ми ги помешал штипките. Кога се свари го пробав- свинско. Ставив компири да се варат, пире ќе биде а месото малку ќе го запржам да зарумени.
    Фала палешка на рецептот, ова може за недела да го спремам.




    brineta88 -> RE: да готвиме заедно (14.6.2010 11:46:20)

    Треба да направам тава ориз со пилешко. Месото ми е готово само уште оризот. Некој нека ми каже како да го подготвам бидејќи првпат правам ориз. Помооооооооооош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




    beki RR -> RE: да готвиме заедно (14.6.2010 11:55:18)

      Оризот вака го правам, пржам малку кромид и рендам внатре морков , вегета,после го ставам оризот да се пропржи малку и после ја турам водаат од месото да го покрие оризот и можи уште малку.Оти ако има многу вода многу ќе се рашкашај а ако е малку нема да се свари доволно.И го ставаш во рерна .Тоа е тоа.




    brineta88 -> RE: да готвиме заедно (14.6.2010 11:57:11)

    Фала беки. ајде да се фрлам на работа па после ќе пишам како се погоди




    Maca25 -> RE: да готвиме заедно (14.6.2010 12:27:46)

    бринета ако ставиш една шоља ориз (од кафе или од млеко)треба да ставиш 3 вода ( или од водата во која се варело местот) . Значи размер 1 спрема 3. Барем јас така правам. Јас обично додавам во оризот и замрзнат зеленчук (она златни мешанац).




    Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>