AneLav RR -> RE: Да готвиме заедно (22.3.2015 9:26:03)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR Кај нас се јаде посна боранија без запршка, и тоа мм како голем месар, ептен ја сака, така што ќе споделам со надеж дека ќе му се допадне и на мт [sm=smiley36.gif] Количината на сите состојки ми е одоколу - за нас двајца ставам едно и пол пакување смрзната жолта боранија, и понекогаш останува, понекогаш не стига. Ја одмрзнувам и ја мијам под врела вода, ама и да немаш време да се одмрзне, доволно е да се помине во цедалка под врела вода и ок е, само се вари маалце подолго. Прво ставам ситно сецкан кромид да се запржи на маслиново, додека не стане стаклест. Понекогаш додавам и праз, ако имам дома. На тоа додавам и сецкан морков, количина исто по желба, обично околу 2 големи или 3 мали моркови. На тоа ја додавам и боранијата, измиена и исцедена, да се пропржи малку колку да се намрси од зејтинот. На тоа додавам свеж патлиџан, или томатело, или пире од домати, што имам дома, количина исто од око, не многу. Се промешува и се додава врела вода, количина - да ја покрие целата боранија. Го оставам на најјако плинот (или струјата), да проврие кратко време, и потоа ја намалувам ринглата на минимум. Со покриен капак и повремено мешање, се вари така околу 30-40 мин. Ако ја испие водата, се додава нова, исто врела, зависи дали сакаш погуста или потечна, како манџа. На крај, додавам една коцка за супа, уште малце маслиното, црвен пипер (не ги пржам како запршка, ми смета на желудникот) и други зачини по желба - босилек или оригано. Ќе пробаш дали е сварена, нема друг начин, бидејќи зависи од самата боранија. Ако е млада, се вари одма. Откако е сварена, го појачувам оганот да проврие пак уште сосема кратко, 2-3 мин, и ја исклучувам скроз. Добро е да отстои така уште отприлика саат време, повкусна е. Како опција плус, може во фазата на варењето да се додаде пола филџанче просо или хељда и излегува уште поубава, а се зголемува апсорпцијата на железо и протеини. Ако имате други рецепти за посна боранија, давајте [sm=smiley1.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR И јас нешто слично како Hopeful. Прво пропржувам кромид, домат, и пиперче. Потоа ја додавам боранијата да се пропржи заедно, па ставам вода и си се вари некое време ќе видиш кога ќе е сварена и при крај за да биде густа место запршка ставам супа од печурки. Во една чашка малку вода и пола супа од печурки мешам и потоа додавам во боранијата и да се провари уште некои 10-тина минути. Ако ти е за утеха ниту мм не ги сака ваквиве манџи, ете погоре пишав вика што ми даваш трева да јадам [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|