Defne90 RR -> RE: да готвиме заедно (27.2.2014 14:42:12)
|
Еве јас најдов еден рецепт со компири, со пилешко и спанаќ. Потребно е: 2 парчиња пилешки гради (100 гр. секое) 6 лажички маслиново масло Сол и црн бибер 2 лажички свежа мајчина душичка 700 гр. компири, се сечат на парчиња-коцки 2 кромида, средни 2 лука каранфилче, мелено 300 гр. спанаќ, измиен, и грубо исецкани Свеж сок од лимон ЧЕКОР 1 Загрејте ја рерната на 450 степени. Пилешкото месо спремете го за печење. Прелијте го со 2 лажички маслиново масло сол, црн бибер и мајчина душичка. Печете околу 35 минути. Кога ќе се излади доволно, се чисти од кожата и коските, и се сецка пилешкото на парчиња во големина на залак. ЧЕКОР 2 Во меѓувреме, во средно тенџере, компирите се варат во солена вода додека не омекнат, околу 15 минути. ЧЕКОР 3 Во големо тавче, на средна-висока температура се додаваат останатите 4 лажички маслиново масло. Се додава кромидот, кој се готви, со мешање, додека омекне, околу 3 минути. Се додава и лукот и се готви околу 30 секунди. Потоа се додаваат компирите и се готват, мешајќи, околу 7 минути. Се додава 2 лажици вода и се меша со дрвена лажица. Се готви, се додека компирите се со светло кафена боја, 5 минути. На крајот се додаваат пилешкото и спанаќот и гответе, мешајќи околу 2 минути. Се зачинува по вкус со сол, бибер и сок од лимон.
|
|
|
|