kati -> RE: да готвиме заедно (1.4.2009 11:56:09)
|
Ќофтиња од тиквички Ги рендаш тиквичките, малку ги посолуваш и ги оставаш да се исцедат...сечкаш кромид, додаваш месо, јајце, маслиново масло, црн бибер, сол, малку оригано, може и босилек, сечкан лук, презла или трошки од интегрален сув леб, ги додаваш исцедените тиквички, правиш ќофтенца, ги ставаш во тава со маслиново масло (на почеток позагреано за да не се залепат), па откако ќе се потпржат, додаваш малку вода или сос од домати, ги покриваш и ги оставаш да се динстаат на тивко..
|
|
|
|