sandriana RR -> RE: Стојалката,опасност за децата? (4.2.2016 12:59:42)
|
Практично е она што му одговара на детето. Ортопеди сега по најново препорачуваат природен циклус - седење, лазење, стоење, одење, меѓутоа не сите деца ја следат таа линија. Некоја штета од умерено користење на стојалка/дубак нема, тоа сигурно. Има дубаци со двете функции- се прави и статичен, да биде само стојалка, а по потреба се симнуваат тркалцата и станува класичен дубак. Од мое лично искуство - првата ќерка воопшто не го сакаше дубакот, во ниту една форма, а за малата неколку месеци ми вршеше работа, да речеме по 20тина минути, 2-3 пати дневно (толку и беше интересен).
|
|
|
|