Bogdancanka -> RE: Вештачко оплодување - II дел (1.2.2011 23:12:36)
|
eve nesto interesno sto procitav: Смеењето води до успешно ин витро оплодување? Смеењето е добро за успешност на ин витро оплодувањето, тврди професорот Шевах Фридлер од медицинскиот центар Assaf Harofeh во Израел, кој го водел истражувањето чии резултати покажаа дека смеата го неутрализира делувањето на стресот. Своите сознанија професорот ги темели на студијата во која учествувале 200 жени кои во моментот биле подложени на ин витро тртман или пак тој третман го поминале, пренесуваат магазините American Society for Reproductive Medicine и Fertility and Sterility). Сите жени ја поминале класичната постапка на ин витро оплодување, но по имплементирање на ембрион, половина од жените биле подложени на одреден 15-минутен третман со т.н. медицински кловн. Кловновите со своите точки ги насмејувале жените што покасно се покажало како многу корисно – имено 36,4 отсто жени од оваа група останале трудни во споредба со 20,2 отсто од жените од другата група која не го посетувала третманот, стои во соопштението во извештајот на центарот Assaf Harofeh.
|
|
|
|